Пак јас, или другите сте презафатени штом ништо не споделувате или јас имам премногу слободно време. Второво stimmt пошто ми дадоја 4 дена слободни, ама овај ми е последен па од утре поретко ќе ве трујам.
Периодов без разлика што правам ме маваат флешбекој од детството, однадвор изгледам смирено, ама во суштина се чувствувам ко снешко што се топи од внатре. Ми фали мајка ми, беше толку посебна жена. Секоја една мисла која ми лета низ глава ме потсеќа на спомен со неа, на пример апсурдно, "се чуствувам како снешко што се топи од внатре" - со неа имавме правено снешко. Како вчера да беше ја гледам во дворот во Прилеп кај што ги истура жарчињата во снегот, истите чадат и од магма портокалови, поцрнуваат. Таа вели немаме морков, место морков ќе му ставиме сува црвена пиперка за нос. Капче и стар шал.
Се сеќавам на еднодневни тури на лето до Преспа, не е така убаво ко Охрид, но си го има шармот. Имав една кукла со црвена коса, ја ставав во вода сакав да гледам како косата полека и лебди. Ич не ја мачеја стереотипи, те гледа дека стоиш во Кинескиот пазар и ги гледаш убавиците, си вели ќе му купам една. Колку треба да го сакаш син ти за да направиш такво нешто? Пак пораснав во брадосан маж со долги црни косишта. Само тоа ја плашеше, немој да одиш на Уметничка Академија. Сакаше да бидам со костум и актовка, не за друго, тоа беше далечен свет за неа, мислеше дека во него ќе бидам безбеден и сигурен. Избричи ја брадата, изгледаш ко Хрватски Усташ. Па ќе се избричев вечерта > па ќе те види утрото одма и свети лицето > па иди бакнеж на образ и едно - ете таков те сакам.
Растажено смајли кајги, растажено. Нека дојди утрешниот ден, нови 7 дена работа едно по друго со ред, за да не мислам. Или со работа ќе ја угушам тагата или таа ќе ме угуши мене.