Сега откако копукот падна, крмакот се ќе препородел. Шо вели Калиопи - се она што извенало ќе расцвета, по штабови. И одам на фб на ѕид на таа што ни беше првенец на генерација, чисто колку да видам таа до каде е. Дури бевме на факултет, често беше по партиите, после толку години, дали нешто се сменило. Во густото се скараја со најдобрата другарка која беше строго за СДСМ, родители товени во 90ти, фрлаше балони со боја на општинската во Прилеп. Оваа и велеше Грујо можел и зато ќе возел Мерцедес и ќе се сончал со очила од 250.00 евра во Израел, плус, се изградил. Се скараја уште еднаш не си прозборија. Двете со цела фамилија исповработени, кој во општина, кој инспектор во полиција, кој со хотели, кој во Витаминка, кој во Мермерен Комбинат кај Грко. Не бе будали се ќе се куросуваат по државите.
Кога бев да бранам дипломска, Деканката ми рече дека 4 години ме гледала и 4 години знаела дека во суштина јас сум најдобриот во генерација, која горчлива иронија. Просекот беше 10 и кај неа, ама кхм, дипломската и беше купена (каков дудук треба да бидиш да се решиш на такво нешто? кога друг пат во животот ќе правиш дипломска?) а и сите 4 години семинарските и беа копии - стани пред цел Амфитеатар исчитај се од ППТ и седни. Никаков жар, никаква пасија и енергија за нашата професија. Јас од друга страна - Њујоршка Берза, цел одбор на директори и брокери. Преведувај од анг со деној, институции за кои ни денес нема зборче на Македонски ни по книги ни на Вики. Светскиот Финансиски Центар, па шлакај слики од стаклени облакодери. Професорката по Берзанско Работење ми рече дека никогаш не сретнала некој кој покажал толкав интерес и енергија за нашата професија, во сите години. Ми понуди да правам дипломска кај нејзе, јас веќе бев решен.
Тоа што деканката ми кажа дека јас сум бил најдобар, не ми значеше ама баш ништо.
Зборови ≤ Сат од Сваровски и понуда за работа?