Пролетва кај мене на кат, се уселија неколку лепотани од Косово и си рокаа тоа нивниот рнб, и разно разни шоте-шоте срања.
На некое евтино сараундче, одвртено до даска, пустото крчеше ама гласно беше, ме реметеше.
Јас одма возвраќам. Ама одвртување зверска опрема, да се слушне јасно и гласно.
Најмногу уживав кога им ја пуштав "Христе Боже". Им пуштав и слични такви моќни работи, мислам дека им бев омилен DJ.
Работеа косоварите тука, се муваа разно разни сомнителни ликови по катов и изгледа завршија тоа што имаа и ги снема.
Сега вечерва, имам северџанско "славје" испод мене. Позната северњачка фамилија слави некаква си "победа".
Не можев да издржам, а да не ги реметам малце.
Два ипол саати на repeat им рокав "Дојде време дојде час, да се чуе твојот глас" и јаки комитски/патриотски песни.
Далеку погласно беше од кај мене и покрај тоа што и они одвртуваа солидно.
Еве сега пред малку престанаа, па уште една песна гасам и јас.