Кога сум се родил, гарант некоја од нарачниците имала добиено и ми шибнала клетва:
„Во автобус, секогаш до тебе ќе седне ликот што е начукан и дише тешко.
Но тоа не е све! За да се зголеми патњата, секогаш дур имаш слушалки, ќе те прашува уште колку станици има до дотичната локација. Неговото зборење никогаш нема да запре и дур ти збори, тоа ќе го прави со тоа што ќе те потплукнува, а потоа дрско ќе почне да искашлува етанол.“