Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Драга,

можам само себе си да се заблагодарам што не сум ничив (ВМ)роб.
Неможеше повеќе некој да ме погоди на дискусија на фејсбук чет, кога ми кажа „твоите комуњари се затоа ти сеа таму ќе протестираш за комуњариве, од мал ти го испрале мозокот“.
Епа, драга, татко ми е ВМРО. Цел живот е, и цел живот бил и најверојатно и ќе биде.
Мајка ми, не е ни од државава и никогаш не била активна политички нит дискутирала по дома на таа тема.
Ама мене испран ми е мозокот. Фала другар. Твојата книшка од партија што ја имаше уште кога игравме баскет во дворот во основно не ти ја заборавам. Не ти ги заборавам ни зборовите „Абе брат ај дој шо, ќе лепиме плакати ќе ќариме 500 денари па ќе идеме ќе се здрвиме у парк“ .
Извини што те одбив тогаш. Извини што сеа морав да ти кажам дека од тогаш беше кретен.
Кретен си што дозволуваш за сендвич да ти ја газат честа. Дозволуваш да ме обележат, мене, со СОРОС или СДСМ иако знаеш дека никогаш во живот не сум бил за нив. Ме знаеш бе, другар. Знаеш дека секогаш сум се борел за права, не за партии.
Ама наеднаш се тоа успеа да го заборавиш. На чест нека ти е.
Со среќа утре шетање пред собрание. Се надевам еден ден ќе научиш што значи зборот карактер и став.
Не го зборам ова зошто си ВМРО, го зборам ова зошто ме нарече СДСМ.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.901
Монтираното видео со анонимусите и сечењето на семафори им е врвот. :ROFLMAO:
Само лица со негативен IQ го прават ова.

Домашна задача: Колку лица треба да има на местото кај исечените семафори, ако се тешки во просек 85кг и цела вечер стојат со скрстени раце? :icon_lol:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.706
Поени од реакции
88.727
Последниве 2-3 години не сум премногу во политикава, ама и да сакаш неможеш да избегаш од нејзе... постојано низ социјалниве мрежи те бомбардираат со бомби, протести, оставки, слики со политичари итн... Добро де, толку ли никој не свати од народов што протестираше денес и што ќе протестира утре дека кој и да дојде на власт ќе биде исто му се фаќа (освен на оние со партиска книшка)

1) Овие што се на власт, откривме дека си правеле малверзации до немајкаде, посојано правеле притисоци врз обичниот граѓанин. 9 години се на власт, ги запоседнаа скоро сите медиуми во земјава, се понашаат како некои си паши мислејќи дека ќе владеат вечно. Го тераат народот кој е вработен во администрација да мора да им иде на нивни "протести", кои пола од нив незнаат ни за што протестираат. Го поделија народов на патриоти и предавници, не направија живи да се изедиме заради туѓи интереси. Го натераа народов да црнчи наработа за 11000 плата, и потоа ќе ни кажува дека живееме подобро и од Швајцарија. Пари за сметки не стигнуваат, а не пак за нешто друго.

2) Овие пак другиве што денес протестираа се исто говно како и овие погоре што ги пишав. Нивниот лидер истотака е неколкупати фатен како си игра курот, во неговата партија сеуште фигурираат луѓе кои се од времето на транзицијата чекајќи шанса да дојдат на власт да го доукрадат и онака украдениот напатен народ во земјава. Башка досега ништо не понудија за тоа што планираат ако дојдат на власт, каква ќе им биде стратегијата, па така негледам зошто и овие би ги гласал

3) Каде е третата опција во државава? Едно време мислевме дека Љубе Бошковски е таа надеж, но се приклучи кон плавите... потоа дојде Јакимовски и неговиот ГРОМ, кои имаше претензии на сериозна партија која се издвојува од другиве две... но се приклучи кон овие од власта. Тука беа и студентите, иднината на државата, кои и тие нажалост си завземаа страна.
Добро де, има ли некоја партија што свесно и разумно ќе каже НЕ на овие говеда од двете страни кои постојано го јадат народов? Денес протестирале за пад на режимот, утре ќе протестираат за силна Македонија... кој ве лаже бре луѓе, исти курац ќе биде, бел ден не видовме ниту од двете партии. Вие сте за нив само бројка... обична бројка во нивното меѓусебно мерење на курови. Тие ќе возат мерцедеси, додека вие ќе го терате Југото старо 30 години кои вашите родители го купиле на младоста. Колку и да го сакам народов што живее во земјава, сепак морам да признаам дека ептен е наивен. Понекогаш им завидувам на Агда, Антигона, Леандра итн што го фатиле патот надвор од земјава, навистина од се срце го викам ова. Ние што останавме тука ќе продолжиме да се јадеме и понатаму, нажалост. Македонија е моментално во ќорсокак, нема излез, нема ниту грам надеж дека утре ќе биде подобро, останаа само партиските војници да им го лижат на големците што утре со прст нема да им помогнат.
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
Драјганче,

Едно реторично прашање, дали стварно ВМРО се фатија за хомосексуалците? После сакале ЕУ.. На куров шо ќе влезат.. Читам и коментари од НА FACEBOOK од типот: геј парада, види го шо геј е, се собраа незнам си кој педери.. Алооо 21 век сме луѓе, шо ве боли кур кој со кого се ебе ?
(sorry за вулгарноста - морав!!)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.116
Поени од реакции
75.025
Енфилд денеска се збогуваше со легенда на Ливерпул како Џерард, додека Риазор се збогуваше со легендата на Депортиво, Мануел Пабло :place::place::place:
Во сино-белиот дрес на Депортиво помина 17 сезони :cuc:
На млади години беше сметан за еден од најдобрите десни бекови, а само тешката повреда го спречи да биде можеби и најдобар на таа позиција.
И на 39 години играше во можеби решавачкиот дуел на Депор за опстанок, а судбината сакаше да се повреди уште во првите минути и со солзи пред стоечки овации и скандирање од исполнетиот Риазор да го напушти стадионот.

:cuc::cuc::cuc:
Човекот што ги преживеа златните времиња на Депортиво, падот, испаѓањето во втора лига, двете враќања од Сегунда во Примера, а можеби и третото испаѓање во втората по квалитет лига.
Со испаѓање се помирив уште пред неколку недели, но се појави мала шанса да останеме.
Проблемот овојпат е што испаѓање во Сегунда, во голема мера ќе значи и пропаѓање на клубот :place:
Не ни останува ништо друго, освен да победиме на Камп Ноу во последното коло :boksix:

Како некогаш...
Виктор тогаш како играч ја почувствува победата, сега како тренер треба да го најде рецептот да дојдеме до трите бодови.

Пред некој ден седев на местото каде што ги поминав средношколските денови и после толку години сеуште стојат моите натписи :icon_mrgr:
ksjd.png

Па уште сум го корегирал откако некој ми пишал навредливи работи :P

Вамос Депор :cool:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Арно шо не се сечеа дрва за бината...wait а малку, тоа е вмровска работа.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.183
Поени од реакции
18.259
Едо Мајка станал поголем патриот од мене
EDOMAJKA.png

А на Тајзија скинале му ги субвенције (и пак ниво на блага ретардација)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Мајчице, кај сум се јас тоа родила :place:
sss.jpg


Јас не протестирам.
Ни денес, ни утре, ни никојпат.
Не можам бре со вакви неписмени ликови (од двата табори) рамо до рамо да стојам.

Првиов што е ретардиран, е, ама оваа што му коментира од пелени е БЦ, па сега човекови права, не била за партии....

Абе да не згазат како мравки, малку е, ако вакви ликови бранат страни, партии, човекови права, животински права, геј права..
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Мислам дека граѓаните треба лидерот на третата опција да си го бараат на Кајгана, ево, како најнеутрални.

Не сум лепел плакати.
Не сум делел летки.
Не барам работа преку партија, туку самиот не знам на колку места сум работел, пошо ако немаш врски или книшка од вемеро мислат дека можат да ти прават што сакаат.

Денеска се забрав од едниот крај на Мк да трчам Скопје да протестирам против криминалци, можев да седам на кафе и да си го ладам, ама нешто не ме остава мирен.

Не ми пуштаја пораки. -Сам се јавував да се информирам.
Не ми понуди никој превоз. - Сам си барав превоз.
Не ми се заканија за ништо. - Ништо немам.

Tаму отидов сам, сам шетав, ама не бев сам, околу мене сите беа млади, сите беа со желба за промена, сите беа со позитивна енергија, ни у од украинското сценарио:нинџ:

Колку што видов партиски обележја немаше, можев да застанам под македонското, албанското, турското, србското, југословенското:icon_mrgr: знаме, знамето на студентскиот пленум...

Утре ако повторно треба да се протестира, ако сум во можност ќе одам, ако имам пари или превоз до Скопје ќе одам, и ако не сум зафатен со работа на која ќе земам 12 илјадарки максимум, пошо ние не јајме и не пиеме, само за сметки пари ни требаат.

А вие може да ме обележите како сакате, СОРОС, СТРАНСКА СЛУЖБА, КОМУЊАР, ПРЕДАВНИК, ПЛАТЕНИК.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Драга, денеска на матурска кај една братучеда. Си седиме во пицерија, пиење, смеење, дружба, кога одеднаш ме облеа ладнина на грбот. Се вртам и гледам, келнерот минувајќи ме потурил со ракија. :tapp: Ништо му велам, уживај, не е проблем, само донеси ми крпа да се избришам малку. После минута доаѓа со крпа и бришејќи ме ми вели: " Ајде бе, не е страшно, ракија е." А јас во умот си велам: - " А шо треба за да биди страшно? Да ме потуриш со цименто?"
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.137
Мене најчудна ми е таа "неам друга работа, ќе го гласам другиов кога и тој е исти курац/бетер". Па добро бе другарче, не го гласај другиот, ама оти па да го гласаш првиот кога и него "не го сакаш"?

Иако не сум пишал до сеа ништо на тема политика, редовно ги пратам темите на кои се врти дискусија за моменталнава ситуација. Најлош филм од сите е - ако бирам од двете зла ќе го изберам помалото. Прво и прво немора да излезеш уопште или пак пушти неважечко ливче, заокружи некоја помала партија, уопште не е ни битно...кој вели дека мора да гласаш за ВМРО или СДСМ?
Друга работа, искрено не знам колку мало го рачунате ова зло кое е сега на власт. Гледавте Х фактор на сител денеска? Еден рекламен блок, место реклами имаше вести. Фино лепо си пуштија кадри од крајот на колоната, со муабет како луѓето стоеле пораздалечени намерно, за да покријат повеќе место. Што ние слепи сме, ваквото известување не е зло, не ви ја вреѓа интелигенцијата? Ви текнува на студентските протести нели? Ви текнува како сите владини медиуми известуваа дека преку сила излегле 2000 студенти? Муабетите од бомбите, за лебот и чоколадото, за Мерцедесот од 600.000 евра, а има луѓе во државава кои живеат во мизерни услови, има деца на кои им треба пари за итни операции...(да не редам сега 300 работи) И ова не е големо зло така? Мислам, да бидеме реални, колку повеќе и се дава поддршка на оваа влада, злото се повеќе и повеќе ќе расте. Тие до сега си влегоа во филм дека се недопирливи, па замислете тек ако добијат и после ова. Колку и го вртите филмот со двете зла, како не ги сакате овие што се на власт но мора да го избирате помалото - вие сакајќи или не сакајќи го поддржувате тоа зло. :)

Најискрено мене ми се гади од државата во која живееме, ми се гади од начинот на кој функционираме, ми се гади од тоа што за да добиеш работа (во провинција пред се) прв услов ти е партиската книшка, а не способноста. Ај тука во Скопје има огромен број на приватни фирми, па ако си стварно способен, верувам оти е многу полесно да дојдеш до работно место. Ми се гади од врските, ми се гади тоа што кој има пари може да купи буквално се. Исто, јасно ми е дека и со СДСМ најверојатно би било исти курац кога се овие работи во прашање. (да не испадне оти и јас сум платен од Сорос да јадам гомна) Меѓутоа во овој случај според мене далеку побитно е да се сруши режимов, кој и да дошол на власт. Ако тој не е во ред одма нека падне, на наредните предвремени/навремени/несакани/сакани/заебани/билокакви избори. Како и секоја наредна влада која (само) ќе помисли дека може да се подјебава со својот народ. Ама искрено, не верувам дека ќе се случи ова, а тек после тоа ќе дојде најтешкото.


Еве мислам дека дојде редов и јас да искажам мој став, искрено и објективно. Можеби на некој ќе сум му смешен, ама чисто во моја одбрана, прв пат во животов дискутирам на темава, па у случај да сум утнал некој поим, ќе ме извинете. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom