Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
28 август 2013
Мислења
4.317
Поени од реакции
13.112
DK,
Imav nikotinsko truenje, belki ke mi doe pametot da isfrlam nekoi losi naviki...
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.439
Поени од реакции
17.082
Господи, дај ми сила да го поднесам заморот на денешниов ден, како и се она што ќе се случи во текот на денот. Ти управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам да трпам да проштевам и да љубам.
:popce::)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.875
Жена ми ниту гледа фудбал, а ни пак знае имиња на играчи. Вчера и дадов да ми типува 8 натпревари и сите ги погоди.
А јас цела сезона следам статистики, табели, листи на повредени играчи. И после женските немале среќа. :D

Уште рано сабајле ме насмеа ова. Какво бламирање. :icon_lol:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.360
Поени од реакции
86.600
Ццц... да неможеш и на улица да излезеш да прошеташ, на летоци само газиш. И надвор не те оставаат на раат, како да не е доволно тоа што го гледам секојдневно по телевизија и интернет, па сега и на сред улица ќе треба да го трпам тоа? Башка се расфрлани насекаде.... ова да беше во некоја друга земја (надвор од Балканот) ќе лежеше во затвор заради загадување на околината.

ПУ, ДА ВИ ЕБАМ СОРТАТА ПРОДАДЕНА!!!
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Добро Утро Драга кајгана, мене не ме интересираат протести, знам оти се протестира против ВМРО или против ЕСДЕС, ама гајле ми е бе, нека си протестираат луѓето. Јас знам оти сеа ќе си пуштам новиот албум од Whitesnake, а потоа и новиот од Scorpions. Нема да биде лошо и ти тоа да го направиш


И јас #протестирам денеска, нема да пуштам МК музика.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Драга Кајгана,
Абе та бомби, та протести, та ова, та она........, главата ми ја потекоа. Ќе може ли еднаш државава нормално да функционира без да има шпански серии?:confused:

И додека луѓево потпаѓаат под политичките игри, сликава ќе важи.....:coffee:

1.jpg
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.872
Поени од реакции
25.100
Пак јас...
Да бидеме реални, скоро никој нема факти и цврсти докази за случувањата во Македонија, зборувам за позадината на нештата. Значи скоро секој муабет е базиран на претпоставки, поврзување на работите преку сопствена логика, која може, но не мора да биде точна... Секој со својата вистина.
Е сега мене не ми е јасно со кое право имате толкава ароганција и се тепате за вашите ставови како да се поткрепени со добри факти? Уште па и навреди летаат. :facepalm:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.901
Поени од реакции
7.430
Драга...
Знаеш што ти немам кажано?Дека кучево мое е најмутаво на свет ама пак си го сакам...
Значи не е можно,седнуваш да јадеш гладен,не ти се гледа ништо друго и типчево лабаво ти доаѓа те гризе на нога да ти ја повлече чорапата и да те замара бидејки сака да си игра.Кога му е досадно мора да замара некој за да му посветиш внимание и да си играте.Ај станав да му дадам една две воспитни,излезе од под маса отиде кај папучите(знае дека кога ќе земе папуча да гризе одма почнува вриштење по него и бркање па ваљда му е интересно да бега низ дома и да се крие под маса каде што 2 метра човек не може да се пикне) ги зема и почна да ми ги носи една по една до мене.Пробав да му објаснам дека ми се јаде,не сфати и еве сега јас си седам најаден на пц а папучите на мајка ми се распарани растурени низ дома:toe:
Сега кога ќе дојде ќе има :pistoldz::uzi:
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Во нашата држава колку е партизирана чудо е .Партиите на големо манипулираат со народот ,се богатат како никогаш до сега нешто слично како земјите од Источна Европа (Русија ,Украјна ,Белорусија ) државата зима од сиромашните а дава на богатите и кога ке бидиш во последните 20 тина години тиа што биле богати сега се пребогати а тиа што биле средна класа паднале чекор назад .
Бев сведок како еден мој пријател полицаец го казнил Свето Јаневски и овој не дека нема милиони туку а него е потценување ако плати казна оти нели тој е бог и се јавил во станица и полицаецот не е веке полицаец...тоа ти е ...друга работа која ја гледам во лугето е дека хуманоста е на завидно ниво но затоа пак први се во партиските борби ..........
1907627_1588343961443252_6851947575374923982_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom