На еден куртонски медиум одеше она кратко видео направено непосредно пред завршување на протестот. Ок, имало 19.000 граѓани! Еве јас сметам дека имаше повеќе од 70.000. Него бројките се помалку битни. Мене сега ми се гади од јавното жигосување на студентите и студентскиот пленум.- “Преку овој јавен настап студентскиот пленум си го покажа своето вистинско лице. Претходно тие се оградуваа од секоја политичка партија и од својата политичка позадина...“. Народот треба да се премногу глуп да го сфати тоа сериозно. Продолжен е притворот на 2-ца студенти од вкупно 42-те лица кои беа приведени од протестите пред владата. И сега ќе му забраниш на отворена трибина да збори против овој режим? Па тоа се деца на Македонија и ако нив ги оцрнувате тогаш не мора да го чекате чичко Протиѓер.
Снимката за Заев. Зошто не се пушти целата? Од една страна обвинуваат за сечење, лепење и прислушкување, а од друга страна истото тоа тие го прават. И јас не видов никаков пуч!? Има видео каде се уценува дик....пвемиевот!? Не, туку јасно му кажува дека материјалите се од странски служби, а потоа излезе со став дека не смеел да му каже од каде е изворот на тие снимки. Зошто? Па тато е во притвор, а синот се гони за силување. Тоа не е демократија, тоа не е патриотизам, тоа не е патрицизам.
Треба некако да се подигне граѓанската свест. Гледам се јавуваат и зборат за тоа како власта се добива на избори! Ок, и тука се согласувам, но ако нема легитимни избори, тогаш како може да се дојде до истата? Па и сигурно не може да се задржи со контра- протести утре. Една владеачка партија на протестира!?....на крај испадна veni vidi vici....?...или само аcta est fabula за опозицијата...? Јас мислам дека се случува divide et impera...и сите ќе останавме поразени. И јас најмногу ја практикувам....dum spiro spero....патем народот е секогаш во право, па дури и кога греши.....
