Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
ДК,
Секоја година истата приказна. Почнуваме со тешки преговори, продолжуваме со кавги, завршуваат со солзи и на крај попуштам. На женски солзи одма паѓам, тоа е мојот криптонит. Еве, куферот ми е спремен и сабајле одам на одмор. Барем имав право да изберам: плажа или планина. Одбрав планина. Оваа година беа спремни за компломиси, а разумен компромис си е разумен компромис, еве зошто:
Нашите проблеми не запираат кај преговорите. Плажата за мене отсекогаш претставувала ноќна мора. Треба да лежам како морж и да се потам како свиња. Утринската плажа рано ја напуштам, а попладневната касно ја посетувам. Денот требал максимално да се искористи и џабе сме плаќале!
И да, патиките не биле за на плажа! Потоа им смета колку често се капам. Ретко влегувам во вода и кога пливам, пливам сам.
Потоа им сметаат моите купаќи. Ми зеле пар исти кои се проѕираат. Срам ме изеде кога излегов од вода. Сѐ што можеше да се види, се виде. Морав да купувам нови.
И на крај мора да ја напоменам циганштуријата која ја прават- собираат школки. Мислам на живи школки за во пица! Минатиот пат собираа 10тина кила, па ме тераа да ги чистам. Пуштете ги да си живеат на мира. Цели колонии истребија. Екосистемот е пореметен по нас.
Планината е рај. Прошетки, чист воздух, чаеви за собирање, нема интернет, нема телевизија, нема гужви, нема горештини и повеќе време за читање. Рај.![Љубов :love: :love:](/styles/default/xenforo/smilies/inlove.png)
Секоја година истата приказна. Почнуваме со тешки преговори, продолжуваме со кавги, завршуваат со солзи и на крај попуштам. На женски солзи одма паѓам, тоа е мојот криптонит. Еве, куферот ми е спремен и сабајле одам на одмор. Барем имав право да изберам: плажа или планина. Одбрав планина. Оваа година беа спремни за компломиси, а разумен компромис си е разумен компромис, еве зошто:
Нашите проблеми не запираат кај преговорите. Плажата за мене отсекогаш претставувала ноќна мора. Треба да лежам како морж и да се потам како свиња. Утринската плажа рано ја напуштам, а попладневната касно ја посетувам. Денот требал максимално да се искористи и џабе сме плаќале!
И да, патиките не биле за на плажа! Потоа им смета колку често се капам. Ретко влегувам во вода и кога пливам, пливам сам.
Потоа им сметаат моите купаќи. Ми зеле пар исти кои се проѕираат. Срам ме изеде кога излегов од вода. Сѐ што можеше да се види, се виде. Морав да купувам нови.
И на крај мора да ја напоменам циганштуријата која ја прават- собираат школки. Мислам на живи школки за во пица! Минатиот пат собираа 10тина кила, па ме тераа да ги чистам. Пуштете ги да си живеат на мира. Цели колонии истребија. Екосистемот е пореметен по нас.
Планината е рај. Прошетки, чист воздух, чаеви за собирање, нема интернет, нема телевизија, нема гужви, нема горештини и повеќе време за читање. Рај.
![Љубов :love: :love:](/styles/default/xenforo/smilies/inlove.png)
Последно уредено: