Стандард во еден кафич одиме. Скоро секој ден. И секој пат доаѓа една млада ромка со бебе и пита по масите. Некој и дава пари некој не. Некој од сожалување, некој само да му се тргне од маса зошто не си оди додека не дадеш пари. Јас и давам ситно нешто по 10 денари секогаш. Бебето валкано, со мрсули, таа бетер и ќе ти падне жал. Ја знам уште откако беше трудна и питаше, значи времиња си пита.
Карши мојата зграда, тука во близина има една куќарка, 40 квадрати, со полско веце, пропадната, со шупливи прозори, најлони место прозори, промаја од сите страни, се се распаѓа и внатре живеат мајка, татко, 3 ќерки со зетовите и едни се само без деца, другите две имаат 2 и 3 деца и + 2 синови.
Тука блиску е Веро и на смени си питаат цела фамилија. Јас и пред Веро им давам пари и дома им давам и алишта и пари и јадење. Нив повеќе им давам, ваљда дека тука ми се поблиску.
Некогаш и во казино пиеме кафе. Ретко, ама се случува. Вчера ајде видовме низ град јак џекпот се паѓал, ај демек со ситно нешто ќе пробаме. Внатре на една машина ромката од кафичот, на друга една од ќерките со зетот од кај мене и на трета таткото со жена му.
По некое време свирна џекпот, на таткото на овие од кај мене 35 000 му се паднаа. И ми се сврти ми вика ај те молам лична карта дај ми социјалното ќе ми го скинат. Немам викам не носам, нервоза ме фати, се напнав. Му даде таму некој, 1000 денари му дадоа. Требаше може јас да им земам иљадарче, да си вратам нешто.
Прееска до Веро одам за дездоранс и жена му со едно од децата пита.
Ме виде мене и се крие со шамијата. И викам здраво Разије како си? И не се појави од под шамија.
Се нервирам во Веро, се напнувам, шетав пола саат, стискам пари да не потрошам многу и излегувам, втора смена дојде, најмалата ќерка.
Лична дај некој денар за децата леб да јадат.
И фрлив 10 денари.
..............