Драга,
вашата вечерна доза феминизам после денешните 100ци прочитани страници од страна на Византиецот.
Ве носам на трип во 90ти, hop on во временската машина.
Милано, Италија 1993та.
Една убавица со далечни сканднавски потекла, се спрема да чекори. Навидум едноставно. Навидум без скриено значење. Навидум површно. Но она што е неверојатно за Надја Ауерман не се нејзините ултра долги нозе или платинум руса коса.
Она што е вистински неверојатно кај неа - е нејзиниот ум.
Таа го разбира концептот позади Версаче.
Таа знае зошто Џани решева да го користи ликот на Медуза како лого за својот бренд. На анкета која тој и дада Донатела ја спровеле во Италија, 90% од жените одговориле дека Медуза им асоцира на женски гнев. Таа е најубавата жена во Грција. Според старата легенда таа е заколната девица во храм од Атина, божица на невиноста. Но Посеидон ја силува, токму во храм од Атина. Со тоа бил прекршен заветот/заклетвата за доживотна невиност кој Медуза и го дава на Атина. Наместо густи црни локни, таа добива змии на главата. Наместо убаво лице и кротки очи, таа добива очи од кои излегуваат пласја, свопови зелена светлина, со нив мажите ги претвора во камени статуи.
Многу грчки 'херои' одат во познатата клисура каде живеело чудовиштето Горгон, за да ја убијат. Но од сите 'херојства', остануваат само камени статуи. Стотици, илијадници, сиви, камени, статуи. И една сама жена. Која место коса, има змии на главата.
Видете го погледот на германката Ауерман - симбол за женси гнев. Не затоа што таа површно го мрази мажот - денес е среќно мажена во Дрезден. Не, ова е далеку поголемо од тоа, затоа што таа го мрази светот. Светот е онај кој пишува религии според кои таа треба да биде угнетена. А таа е онаа која дава живот.
Сега на Прилепски - ко че роди мажот, тогаш че биди помојчен од жената. Дотогаш, се е во вашата глава. Но не и во реалноста. Ајт созравје.