Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.626
- Поени од реакции
- 9.816
На работа се деси една случка, некој човек се онесвестил, кога се освестил кажал дека му фалат 6000 денари и во тоа време таму била една колешка и тројца луѓе што си чекале ред. Баш кај што се онесвестил човекот нема камера. Колешката му помогнала и се запнаа сите колеги дека таа ги украла парите. Онака за инает, колку само да се направи нешто лошо, да се намести некој. И полиција викнаа.
Собраа петиција да се казни со дисциплинска зошто срамота било за институцијата бла бла. И викнаа еден куп луѓе демек сведоци и комисија. И мене ме ставија во комисијата.
Прво сведоците што биле таму почнаа. Сведоци колеги.
- Јас лично ја видов гледаше лево десно да не гледа некој и си ги прибра парите.
- Јас видов ги зеде и одма замина да ги скрие.
- Јас не видов дали ги зела, ама видов како се качуваше нагоре испаничена.
- И јас ја видов бледа испаничена кога дојде полицијата.
И сега таа кажува.
Доаѓала на раб и на скали онесвестен човек, никој не се замарал, му донесла вода, викнала брза помош и чекала, човекот се освестил и кога го качиле во брзата помош тогаш кажал дека му фалат парите и тогаш дојде и полиција. Толку.
Комисија бевме 7 колеги, никој од сведоците во комисија. Гласавме анонимно, само едно имаше дека не е крива-моето. Значи 6 колеги од комисија, околу исто толку сведоци и плус двајца раководители, околу 15 луѓе од кои тројца не ни беа воопшто присутни тогаш гласаа да се додели дисциплинска на колешката.
Одма и ја напишаа, значи одма сместа.
По два дена дојде човекот и рече дека парите ги ставил во книшката не во новчаникот, заборавил тогаш не бил при себе....
Нека не ве чуди кога друг пат ќе видите онесвестен човек а околу сите се прават дека не го гледаат....
Лајна од луѓе!