Драга Кеј,
Од секојдневни клишеа денес издвјувам: јадење на чоколада и крем банани непосредно. Малку чоколада, малку крем банани и така до недоглед. Веќе имам над 200 грама шеќер во мене.
Друго нема потреба да јадам, штом сум внела нешто благо, у случајов малку повеќе, мозоков е задоволен. Де факто, и јас целата сум. Задоволена.
Ианку, еве, се трудам да се извлечкам од кревет. Во позадина на ново откриените Манескин. Во обид да го надминам оувруелмувачкиот бран од посетата на родител, промена на работно време и менаџери, ма цела пирамида на моќ, и обидот да излезам на крај со факултетот.
Ќе ми викаат такси од работа после, а јас сум од тие луѓе што мразат "услуги", па се препотувам уште пред да отидам како да одбијам.
По принцип, работите се многу просто подредени.
Во реланост, што можам да искомплицирам, ќе искомплицирам биг тајм.
Станеш. Вежбаш. Јадеш здрава храна(без благо). Учиш. Шеташ. Одиш на работа. Бараш друга.
Кога најдеш време спиеш. Не читаш книги.
Зошто егекуцијата ми е толку слаба, кога имам супер карактер на екзеќутив персона?
ПМС куца на врата...