Денес запознав едно момче херој, го запознав Лазе од Брвеница и се чувствувам исполнет и горд што можев да запознаам толку вредно и скромно момче. Лазе е 19 годишно дете кое за да заработи за живот прави секакви тури со коли, комбиња, до сите места во Македонија каде што ќе му се рече. Лазе ни излезе во пресрет да не вози до село Бозовце, место каде што добар дел од патот не е асфалтиран и теренот е доста лош. Лазе се нафати да не вози откако 5-6 луѓе не одбија и ни рекоа дека не возат до таму бидејќи ќе го зезнеле комбето, Лазе се нафати да не вози за ултра поволна цена, Лазе кој е од Тетово се нафати да дојде од Тетово до Скопје, да не собере секој каде му одговара (не возеше успат накај запад, туку одевме и на север до Бутел), да не однесе до Бозовце (со цел да направиме екскурзија на Шара), да не врати сите до дома во Скопје и да се врати он самиот во Тетово. Бидејќи не го знаевме патот и го залутавме да влезе внатре во попатни села (следејќи Google Maps), тој мораше да се пика по тесни патчиња дур да се вратиме назад на правиот пат, да се враќа назад по угорница во рикверц со 12 патници во комбе, и се тоа да го направи без ништо да се пожали и со многу смиреност како да се е во ред, иако сите паничевме, дури и секој што ќе не застанеше од локалните мештани не прашуваа каде сме тргнале со комбе дека тука комбе не може да помине на толку тесен пат. Ние сакавме целодневна тура да направиме но сфативме дека Лазе треба да седи сам во комбе 10 часа паркиран, во албанско село, каде што нема ниту кафанче ниту нешто да може да руча, го викнавме Лазе со нас да не дружи, на што многу се израдува, но гумата му беше издишана па мораше да најде компресор, откако не успеа да најде од селото, се врати назад во околните села, ни рече да тргнеме дека поважно е комбето да е добро за да не врати безбедно дека ќе се снајде он. Откако ние стигнавме и си прошетавме се што сакаме и дојде време за долга седенка, Лазе ни се јави дека средил гумата и дека ќе не чека во комбе, ни беше страв да му објасниме на телефон каде се наоѓаме за да дојде (2 часа пешачење) бидејќи се плашевме дека ќе го изгубиме и нема да објасниме добро, па првично рековме океј, но после 1 минута се прејавивме да дојде па му објаснивме се како е, не можевме да бидеме мирни знаејќи дека сам не чека паркиран. Речиси 3 часа Лазе не го добивме бидејќи немаше мрежа по планините, кога дојде го видовме исцрпен целиот, срам му беше да побара било што, па радо му понудивме се што имавме од вода и храна останато. Беше видно прегладнет и дехидриран, па му дојде душата малку на место. Лазе е момче без многу физичка активност поради неговата професија со блага прекумерна тежина и ова му беше најдолго пешачење, за да не чека 10 часа во комбе сам, Лазе дојде да се дружи со нас и одеше сам по непознат терен без сигнал на мобилен, притоа пешачејќи и излегувајќи од комфорт зоната. Лазе е пример за скромност и за момче што чесно си го заработува лебот, тоа што го прави го става на разни искушенија и во непријатни позиции, на 19 години ретко кој работи во денешно време, а не па да работи професија како неговата и да го поминува тоа што го поминува тој. Ценете ги и почитувајте ги тие луѓе, тие се за мене вистински херои, а не луѓе што не доаѓаат на работа и се на платен список. Споделете го и вашиот херој, секој да се гордее од чесното работење, а да се срамат тие што без пот цицаат од државна цицка кеш.