Трета смена. Се нацртав утрово дома. Вечерта си ги ставив двата Trainspotting на торент.
Хаос на работа... Македонска работа. Од HR добивме мејл за тоа дали сакаме да се вакцинираме. Ваљда голема фирма, ќе има нешто за нас. Искрено, ме боли патка дали ќе имам реакција. Ако цркнам, турнете ме настрана, и поклопете ме со земја.
А од вработениве имаше вакви коментари:
-Боби, а со која вакцина че не вакцинираат?
Ја: Неам појма, да видам дома в фрижидер шо има, па че ти кажам
-Боби, а кој ми гарантира дека нема да умрам од вакцината?
Ја: А кој ти гарантира дека нема да умреш од вакцината?
-Боби, јас нејчам
Ја: Биди здрава и жива
(по 5 минути)
-Боби, а ако не се вакцинирам?
Ја: Па шознам, можи нема да мојш на одмор да појш. Си читала за Втора светска војна?
-Не.
Ја: Забранет влез за кучиња и евреи.
-Добро, пиши ме и мене.
-Боби, а авионите шо не прскаат за корона?
Ја: Не знам, јави се во Грција, тие се задолжени за нашето небо.
-Ама...
Ја: Не знам, имам кактус дома со 5Г антена, да го полеам прво.
Искрено, ме нервира заостанатоста на народот. Не знам колку е глуп. Демек некој ќе ги чипира. Па прв знак дека се чипирани е матичен број, број на вработен, башка на фејсбук се тагнуваат насекое, на гугл гуглаат од полова болест, до шимејл ангели.
Јас сум за. Се помирив со смртта како неизбежен дел од животот. И онака сонував дека ќе умрам од насилна смрт - згмечување. ваљда таван или сообраќајка.
Нејсе, најдов пудинг в фрижидер... Му влегов ко смрт на стара баба.
Третава смена убива. Уствари од нешто мора да се умри. Дали од реакција на вакцина, или од девојка со кафени очи.
Ај да спијам.
Бонус: