@Fluffy_bunny
Зајко кокорајко
- Член од
- 24 декември 2020
- Мислења
- 1.808
- Поени од реакции
- 2.355
Едно нешто што научив на потежок начин е дека книги и алат на никого не се позајмуваат. Во врска со алатот најчесто никогаш не го враќа оној на кој си го позајмил или кога ќе го побараш назад се со изговор дека не знаат каде е или дека го позајмиле на некој друг. Така си останав без алат, дај на еден дај на друг и папала маца. Кога сме кај книгите мака си имам оти колегите најчесто не ги враќаат, единствено ако му спомнеш на некој па да му текне да ја врати. Еден па се правеше будала дека не сум му позајмил никаква книга. Додека од друга страна поради еден колега бев дури до Наколец за да ми ја врати книгата, па ајде да честел по некоја ракија за положените испити. Јадниот ќор пијан се направи едвај најдов каде му е куќата да го вратам дома, да не спие по маси и да не го мислат до изутрина неговите. Ама еден колега беше ептен уникатен, немал време да ми ја врати па ја оставил во еден кафе бар да одам да си ја земам. Влегувам јас внатре и прашувам: Дали некој оставил книга по Анатомија тука? Таа што работеше на шанк ми вели: Дечко ако сакаше да учиме анатомија во пракса, можеше да почестиш пијачка па можеби ќе стигневме до таа фаза. А не вака на глупав начин да ме споредуваш со книга. И од никаде излегува нејзиниот колега кој го слушнал муабетот и со книгата во рака прашува дали е таа. Девојката бледа крпа стана кога ја виде книгата. Си ја земав книгата и си заминав.