Кајганке
Како совесен граѓанин, земаш телефон во рака за да пријавиш кражба и се јавуваш на 192.
И започнува агонијата.
- „Ало полиција?“- Сакам да пријавам кражба.
-„ А кој се јавува?“ - одговара штотуку разбуден глас (дејствово се случува после полноќ).
- „А бе остави кој се јавува, крадциве само што го скршија прозорецот на соседната куќа, моментално се внатре, доаѓајте брзо да за ги фатите на лице место“.
- „А бе јас морат да запишам кој ѕвонит, морат да знам кој пријавуват, ме разбираш?“ - Полицаецов некако почна да му се крева нервата. Ајде си велам недорасонет човек, му го скршив сонот, греота е.
- Види човече, јас во случајов ич не сум битна, во моментов е важно што побрзо да се нацртате на улица таа и таа, број тој и тој, после ќе ти се јавам или после тоа ти јави ми се, па ако сакаш и копија од извод на родени ќе ти пратам, заверена на нотар, не постара од 6 месеци.
- „А колку души се внатре“? - Ејјјјјј полицаецов конечно се расони
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
и почна да пројавува волја за соработка.
- „Друже, ти да не сакаш да ти извршам увид на местото на настанот, место тебе? Ако треба кажи, место полиција да влезе, па ти седи онлајн на мобилен, па јас ќе ти пренесувам во живо преку камера. Не е проблем, може и едно интервју со арамииве ќе направам“.
- „Ти мислиш ова мајтап работа е, ти овде ми се јавуваш кражба да пријавиш, а не ми даваш клучни информации“ - Полицаецов веќе видно нервозен. Му го пореметив сонот, што убаво ќе си спиеше, што му текна сега на арамииве, после полноќ да крадат. Невоспитани. Дојди си во мирно време, таму до кај 21 часот. Ко господин човек земи што е за земање, а не после да ја реметиме работава на нашава неуморна полиција.
- „Друже јас како совесен граѓанин, ти пријавив кражба, на улицаа таа и таа, број тој и тој, ако ви се доаѓа, дојдете, ако не ви се доаѓа, ич не доаѓајте. Да не биде после, никој не пријавил. Ајде добра ноќ и лесен сон.
Полицијата се појави после 30 минути. Крадциве фино лепо, си кренаа, тоа што им дојде при рака. Уз пат сигурно се разминаа со нашава полиција. Па ајде сликање, па ајде со тоа метлето отисоци и сите процедури.
Заклучок: Не не бива, нити ќе не биде. Се јавуваш, за да помогнеш и уште виновна ќе испаднеш.