ДК, запиши
Денес ќе биде еден од најцрните денови за град Прилеп.
Ќе ме прашаш зошто?
Епа во град Прилеп за разлика од други градови овој празник се прославува на малку поспецифичен начин. Односно се станува рано наутро, се облекува новата облека што си ја купил пред два дена односно за велики петок и се започнува со планирање на рутата.
Целта е да се посетат што е можно повеќе куќи, да се видеш со блиски и далечни роднини и пријатели што не си ги видел од претходниот Велигден и некаде приквечерината да се прибереш дома. Нормално мажите и децата шетаат од куќа во куќа, а жените седат дома и пречекуваат гости кои одвај поседуваат 10 мин затоа што веќе идат нова тура гости за кои што нема место каде да седат, па претходните мора да си одат.
Додека бев мал ова беше идеален празник. Те шетаат по цел ден, благо и газиран сок во неограничени количини во кои што грижливите тетки ти тураат шеќер за да не те заболи грло. Подарежливите покрај јајце даваат и по некоја пара на која неизмерно и се радуваш и за која има големи шанси дека ќе биде потрошена од родителите за твое добро. Како старееш ја прифаќаш традицијата и го тераш филмот колку да се дешава нешто.
Фактори за кои сметам дека денес ќе биде најцрниот ден.
- 1ви мај, вчера, ден кога блиски и далечни друштва се збираат во голем број да запалат скара и пијат алкохол до несвест и кои што да ги прашаш не знаат што слават.
- ковид идиоти, луѓе кои и после година и два месеци не веруваат дека постои опасен респираторен вирус со многу висока преносливост и со доста висок процент на смртност.
- религиски идиоти, луѓе кои за религија се спремни да го стават во ризик својот и животите на останатите луѓе и почитувајќи ја традицијата да се шетаат од куќа во куќа.
- пијаници, луѓе кои не ги интересира ни ковид ни религија и за кои вчерашниот ден пиење беше малку, па денес го користат да надополнат.
- неспособна власт, власт која нема храброст да воведи поригорозни мерки знаејќи го капацитетот на народот.
Предвидувам дека Прилеп како град кој до сега процентуално има најмногу заразени и починати, со денешниот бран ќе ги помини и оние кои некако останале незаразени, па ќе следува помирно лето.
Се читаме со резултати по седум денови.