Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
DSCN0625.JPG

Крваво небо. Каков и што ќе ми беше денов. Заради некоја македонска будала со бугарски таблички, ќе излетав в клисура, удрив во банкината. ја еб*в пластиката над тркала, и малку ја гребнав вратата од совозачко.
Се убив од карање. Добро бре племе да му е*ам јас, се претекнува на полна линија колона? Ако не беше то банкината ќе појдев в река бре, племе твое.

Утре прва смена, нови победи што би рекле.
Утре да ја стружнам и да не се познава то пластиката...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Дојде оној период од животот каде сакам да купам кола и сум способен да заштедам пари, и откако почна пандемијава посериозно се замислив за ова и ќе се тргаат пари на страна секој месец (научна фантастика). Се нафурав пред лето да ми е решен тој проблем за да можам покомотно да гравитирам Скопје-Охрид и да не се мачам со сузукито. Минатото лето тргавме за Охрид во 5-6 сабајле додека е свежо за да не му се слоши на Томас од топлината пошо крзното му е ко на паун и е малку здебелен таков пресладок па не сакам да се стресувам со истово пак.

Гледам коли на пазар3 реклама5, првпат во живот ги отворам, никогаш не сум бил таков тип да дремам на сајтови и да гледам коли. Видов еден голф во близина па му се јавив на еден другар дали е слободен да го гледаме. Другаров е од тие што навечер дремат на пазар 3 а немаат никаква потреба од кола пошо купиле пред скоро, ама си дреме така може нешто ќе испадне некогаш (што е тоа нешто и некогаш, не сум сигурен, се ми е некако апстрактно) ама се разбира повеќе од мене и ајде ќе го видиме голфот. Сабота е, му се јавувам на дечкото, извесен Марјан. Рече слободен сум не правам ништо (сабота попладне, малку веројатно али ајде) и се избаци за точно 30 минути по тренерки Каппа горе и долу, малку спуштен патентот за да му ја гледаме синдикалната и љубовниот тепих, се на се коска но жилав, типичен Сопрано лик кој извршува ситни но матни работи.

Ајде ја гледаме колава вртиме околу неа, Марјан е некако фин и сладок и фамилијарен човек па сликата за него не ми се совпаѓа со ова што го слушам. Другаров го прашува каросерија, прв сервис, фарба, турбина, јас одвај чекам да заврши ова, веќе сме тука 15 минути, кола е што може да биде друго, да си одиме дома за да размислам (не знам точно на која тема), и другаров ајде да свртиме еден круг. Океј влегувам да возам, свртивме по Гологанов напред назад и ајде доста е, другаров запна Абе ај да ја згазиме на обиколница, убо е да ја видиш на отворен пат, јас А ти немаш работа? Марјан тебе не те чекет децата дома? И едниот и другиот се ок со идејата да згазиме на обиколница, надгласан сум. Возиме на обиколница, возам како и секој нормален, 120-130, другаров (кој е многу нервозен по природа) ги прочепка сите копчиња внатре, климата ја пушти 5 пати, Марјан седи назад и си зборува рандом ствари, другаров гледа на вибер групата Stop police дали случајно има полиција, нема полиција, Стегај ја ми вика, ја стегам до кај 160, малку му е на другаров, не е задоволен, Стегај ја појќе, ми се дере, јас притискам туража и како да се насолзувам, си мислам Шо се деси со тој Џими од порано шо сакаше филмој социологија и книги, пораснав во радио кај татко ми и кај дедо во кино, сигурно не сакав да пораснам за да јачам голф на обиколница со извесен Марјан, најмногу адреналин шо сум осетил беше ко бегав на гта вајс сити, шо ќе ми е голф 6, доволно ми е сузукито од 99та, некој ни тоа го нема, и онака кола ми е за да одам од точка А до точка Б, не мора да имам кола за да патувам на одмор, еве го Ване Маркоски замина за Анталија со авион преку фибула травел, фибула травел плус покрива пцр тест, зошто да давам за бензин и за патарини, дали Марјан мисли дека е подобар човек од Ване Маркоски пошо има голф?

Четири дена потоа се будам со симптоми. Ден потоа правам тест, секако дека сум позитивен. Другаров е прележан не ми е од него. Поминува недела дена, ок сум ќе преживеам. Како за некој кој пола детство и тинејџерство го помина во болница, седење 20 дена дома ми е дизниленд. Мислам на Марјан, не знам како да го проверам дали е жив. После недела дена го реобјавува голфот.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
"Васил Гавранлиев ја откри својата сексуална определба и ги шокираше сите!"

Ги шокирал сите?
Што бе, да не кажал дека е стрејт?
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Govinda Hriste, Bozanski Pastiru letni si nazad vo nebesite i nemoj poveke da se vrakjash na ovoj dvolicen svet, Prerano e. Da ostaveme na planetata fino lepo da si go izreciklicra izmetot na svoj prirodsen nacin.
Posle podolgo vreme na shtama ako naslusnes nekoj blagl lelek, ignororaj go. Vakvitre krizi sekogas zapocnuvaat so mali kontrolirani leleci. NEEE. Se dodeka ne slusnes strasen lelek kako od tolpa sobrana na fubalska utakmica Atletico Madrid vs Barcelona tolpa od koa ke vristsat milion leleci pretoceni vo dusheven lelek....togas mozes detalno da razmislis kako skrisum da se prosunjas megu nas lelekacite i vides kouku e saaato?!!!!!!
So loooong till then. Centuries will pass.
Chist Conscienceness.gif
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.502

ДК,

дел од песна кој може да оди на рипит 500 години.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Кајганке :love:

Како совесен граѓанин, земаш телефон во рака за да пријавиш кражба и се јавуваш на 192.
И започнува агонијата.
- „Ало полиција?“- Сакам да пријавам кражба.
-„ А кој се јавува?“ - одговара штотуку разбуден глас (дејствово се случува после полноќ).
- „А бе остави кој се јавува, крадциве само што го скршија прозорецот на соседната куќа, моментално се внатре, доаѓајте брзо да за ги фатите на лице место“.
- „А бе јас морат да запишам кој ѕвонит, морат да знам кој пријавуват, ме разбираш?“ - Полицаецов некако почна да му се крева нервата. Ајде си велам недорасонет човек, му го скршив сонот, греота е.
- Види човече, јас во случајов ич не сум битна, во моментов е важно што побрзо да се нацртате на улица таа и таа, број тој и тој, после ќе ти се јавам или после тоа ти јави ми се, па ако сакаш и копија од извод на родени ќе ти пратам, заверена на нотар, не постара од 6 месеци.
- „А колку души се внатре“? - Ејјјјјј полицаецов конечно се расони:vozbud:и почна да пројавува волја за соработка.
- „Друже, ти да не сакаш да ти извршам увид на местото на настанот, место тебе? Ако треба кажи, место полиција да влезе, па ти седи онлајн на мобилен, па јас ќе ти пренесувам во живо преку камера. Не е проблем, може и едно интервју со арамииве ќе направам“.
- „Ти мислиш ова мајтап работа е, ти овде ми се јавуваш кражба да пријавиш, а не ми даваш клучни информации“ - Полицаецов веќе видно нервозен. Му го пореметив сонот, што убаво ќе си спиеше, што му текна сега на арамииве, после полноќ да крадат. Невоспитани. Дојди си во мирно време, таму до кај 21 часот. Ко господин човек земи што е за земање, а не после да ја реметиме работава на нашава неуморна полиција.
- „Друже јас како совесен граѓанин, ти пријавив кражба, на улицаа таа и таа, број тој и тој, ако ви се доаѓа, дојдете, ако не ви се доаѓа, ич не доаѓајте. Да не биде после, никој не пријавил. Ајде добра ноќ и лесен сон.

Полицијата се појави после 30 минути. Крадциве фино лепо, си кренаа, тоа што им дојде при рака. Уз пат сигурно се разминаа со нашава полиција. Па ајде сликање, па ајде со тоа метлето отисоци и сите процедури.

Заклучок: Не не бива, нити ќе не биде. Се јавуваш, за да помогнеш и уште виновна ќе испаднеш.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Драга,

на овај ден, никогаш да не се заборави дека бугарија (секогаш со мало б) го отпиша овај лик од нивната историја во 20ти век.
Да не се заборави дека државата која најмногу го презираше неговото македонско битосување, денес пак пробува да го присвои како нејзин, иако и самите го отпишаа во 20ти век.
Кога се чуло дека Турците го убиле во Баница (некој кој знаел каде ќе биди тој ден треба да го пријавил, па за да можат овие да го затекнат), неколку бугарски команданти искоментирале - конечно, и тоа куче умре. Ете толку бил бугарин, и толку го сакале. Денес имаат лице да се сликаат пред него.
бугарија ќе те залапа, исто како што и Јуда го залапа Исус, и ќе те испрати директ на кол.

Денес ниту претседателот ниту премиерот му положија цвеќе во Скопје.
Лани беше бетер. Црногорецот Ѓукановиќ дојде и му положи цвеќе, а Пендаровски не.
Не се бројат тие, не се брои бугарија и нејзините документи во кои го отпишува па пак го запишува.
Ние се броиме, ние ја знаеме вистината - тоа е повеќе од доволно.
Ние не сме Аспарух, Крум и Кан.
Ние сме Гоце Делчев.


Гоце Делчев.jpeg

"Онај кој сака да работи на присоединувањето на Македонија кон бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец."



Штом тие не сакаат, еве ние виртуелно ќе положиме цвеќе.
За разлика од бугарија, ние до сега не сме го отпишале. Јас на денешен ќе посакам оваа влада да падни што поскоро. За да не го дочекаме денот кога и ние сами сме го отпишале.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
ДК

Бил Гејтс се разведува. Инаку fun-fact ултра богатите се разведуваат за да го поделат богатството, а не дека им е гајле за бракот.

На пример Безос тежи 200 милијарди долари, а ако не се разведеше официјалната бројка ќе беше 270 милијарди долари што е бројката на неговото плус богатството на поранешната жена.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Се што треба да знаете за македонскиот народ се виде на овој 1ви Мај, народ што секој ден по десет пати кука како не е доволно платен, има лоши услови на работа, газдата се изживувал врз него и народ кој во гради се чука како е верен и верува во Бога, како оди во црква и на слика пишува по 3 илјади пати амин, на 1ви Мај ден во кој се спои еден од двата најтешки дена во религијата кога мора да се пости ако барем грам веруваш во религијата и денот кога треба гласно да кажеш дека сакаш поголеми плати и права, народот се излезе на излети , си правеше скара, слушаше шабанарија и локаше ко да нема друг ден.

Тоа е се што треба да знаете за народот кој само личните задоволства и ќејфови му се на прво место, нити му е до борба за тоа што го следува, а уште помалку во Бога верува.

Секогаш кога седам у кафани порачувам патриотски и исклучиво македонски песни, ама се погоди ли песна некоја како македонскиот народ е хрбар и верен, нема да му дадам на пеачот да ја доврши песната до крај па што сака нека се последиците.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Вчера одев Битола, и кај надвозникот за Беранци сообраќајка. Денес читам, опел корса, загинат прилепчанец 31 година.
Башка и мене вчера ми се случи да удрам во банкината, зашо некој будала со бг таблици претекнуваше колона. Арно што имаше банкина, ќе ме вадеа капен без шампон од река. Ќе беше бизарно, две прилепски опел корси, двајцата возачи на 30 г...

Нема бре, не се почитуваат правилата. Истиот пат на мапите покажан како магистрален. Која магистрала бре, оние дупкине на Плетвар магистрала? Експресен пат со три ленти, на места ограничување 30, 50... То е експресен?
Кој ги е*е. Цртам мапи 10 години, и зедов го избришав тоа експресен пат А1, и го претворив во регионален пат Р1101. Не е магистрален, не можеш да возиш стотка по него бре.
Денес бев Битола. Се плеснаа битолска вектра и грчка кола... Гркинкава му го пресече патот... На раскрсницава...

Никој не гледа знаци. Не значи дека ако одиш право другите треба да ти застанат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom