Ќе го искористам постов како букмарк што ќе го читам бар еднаш месечно, чисто да се потсетам на изминативе 40 дена.
Заминав во Скопје на 40 дневен "одмор" со хоум офис демек колку-толку да одморам. Секако дека одморив. Повеќе замор не памтам некогаш да сум осетил. Само што стигнав, прво на што ми текна се оние работи што ми фалат, а ги нема веќе. Што поради заминувањето во странство, што поради коронава.
Ми фали онаа слобода што ја имав со колегите во Македонија, да можам да му опцујам мајки и шајки, па после заедно работиме и скоро сигурно после работа одиме на пиво. Да се договорам со другари на кафе, а да завршиме у некоја биртија на ракија. Да отидам у кино на некој добар филм, кај што ќе има некој сељак што ќе збори гласно или ќе меле од тоа пуканките цел филм. Па на крај да ти рече тој од Синеплекс, седи има уште сцени после кредитс.
Да отидеш на концерт, па оној адреналин дали ќе има карти, кај ќе одиме, кое време, па да пиеш пред концерт и некоја опасна журка да падне таму. После 3 дена со друштво коментираш дали било добро или не, како озвучењето било тапа, па да ги благословуваш Авалон пошо да не беа они к*р ќе видевме нешто асално кај нас. Па да му објаснуваш на некој зошто гол во гости у 93та у оваа мизерна Македонска лига е оргазам и 100 пати боље од Ел Класико, па да не те разбира зошто е тоа така.
Да отидам на некој настан да фотографирам, па рандом луѓе да ме прашуваат дали може слика па да ги лажам дека секако ќе им ја пратам (никад, никогаш). Рандом афтер ворк у сред недела и увек заглавуваш со 2-3ца колеги до затварање па утре на работа не ти се живее. Абе било каде да идеш, а да не ти е чудно што други луѓе не носат маски. Без да стравуваш дали ќе фатиш корона, па да ја пренесеш на некој друг. Толку сум очаен да отидам на некој настан што мислам дека и у Дион би одел на журка.
И се ова ме удира како носталгија уште првиот ден. Нејсе, реков ќе се опуштам колку што се можностите со ова коронава. Другари и познаници какви што ги имам логично никој не рече дојди на кафе, дојди на пиво, дојди на дружба сите ме побараа за услуга "еј брат, дај бе ламинатов да го качиме до горе ќе се искилавам сам", "абе да доеш со колата да товариме некои ствари да ги однесеме ваму". И ја као добар другар и човек што не знае да каже не, горе доле цело слободно време го искористив на вакви услуги. Тука неизбежни се и оние канцер луѓе од постарата генерација "абе ти бараташ со компјутери и тоа технологиите, да доеш да видиш зошто компјутеров на малиот му е спор". Нема гајле брз ќе биде, компјутер стар 5 години никогаш неисчистен, а он кај малиот тутун чади по 2 кутии цигари дневно. Секако со оние најблиските не успеав да се видам, и тој одмор што го земав добив едно 534095 повици од работа.
И не знам дали сум лош човек/другар, ама ова ме натера да преиспитам некои одлуки во животот за тоа какви луѓе чувам во близина. И најдобро вакво размислување е да се направи во сабота (вчера), кога сам си возев 1400 километри до дома. Веројатно многу лоша одлука пошто цел пат возев нервозен и разочаран.
И тргнав со мислите... една пријателка цел живот ми се жали како тоа само за секс ја гледале луѓето, да сум и дал совет. Абе секако дека ќе те гледаат за нешто посериозно, продолжи ти да ставаш слики со купачи у сред зима, разголена на секоја слика и напучени усти. Ама пустиот не ми дава срце да кажам нешто вакво па си преќутувам на вакви ствари. Друга една, рака на срце и јас сум тешка категорија ама она х2 од мене, и почнала пред некој месец у теретана да оди, одма хаштагови на инстаграм #fitnesscoach, #bewhatyoucan и слични ми се повраќа срања. У реду е бе ти фитнес гуру од нецели 3 месеци вежбање.
Еден другар, ако можам така да го наречам цел живот клошари по кладилници и оние електронски казина, го прелажал некој да инвестира у биткоин, фатил нешто ситно почнал да ми споделува сториња на инстаграм како он бил успешен, треба да се работело 24/7, never give up срања. Човек што до вчера од мајка му бараше пеевче за кафе за да има лажичка да бутне у уста, к*р да бутне све да му...
Друга будала, земала постира цитати од Неруда и Буковски, човек што последна книга прочитана му е Др. Офболи или Хајди, цел живот се шлепаше на други у основно. Од читање, омилени му беа билтените.
И така вртам на фејсбук и инстаграм и се фрустрирам. На инстаграм секој се труди да биде нешто што не е, многу е смешно кога лично ги познаваш тие личности. На фејсбук па еден глуми твитерџија и хумор цепа, а еднаш на собиранка уста не отвори. Ќути бе.
Фејсбукот да ти се одмили животот, отвараш и читаш само политика, кој што кажал. Па ќе те начека некој пост за смс донација пошо живееме у мртва држава. Па луѓе до вчера што скокаа на трибина сите џандари дека се копилиња и што цртаа графити "боље ќерка курва, отколку син џандар", сега да ставаат слики како поминале академијата и станале џандари. Други, бараат спас за некого. Трети се антиваксери, други уште веруваат 5Г дека е штетно. И секоја ебана дискусија е за короната. И на фејсбук, и во живо. Главна тема на дискусија е.
И ми текна да прашам, има ли бе некој социјален медиум, веб сајт било што каде што се споделуваат убави информации? Нешто да те насмее, да те расположи, да ти се врати едноставно довербата дека се дешава и нешто позитивно. Ете вчера скроз неинформиран гледам сите ставиле слика Во чест на Верица Белчовска. И другар го направил тоа, и му викам што е работата која е оваа? Ми вика "brat vrska neam, Ana (симпатијата негова) imase staeno pa da staam i jas hhh". И секако тука секоја надеж ти умира. Прочитав која е девојката, и ете у цела несреќа и трагедија сепак нешто добро имало на крајот, ама вакви дибеци се ќе ти расипат.
Нема везе, си реков негде после 1000км дај олабави смени мисли. И таков перфекционист сум, сакам се да ми е под конец. Долги години живеев без телевизор у соба, од причини наведени погоре, само политика и турски серии. Сфатив дека у Прага тоа е тоа што ми фали, пошто ко што би рекол Џои:
И така решив да се расположам и си порачав онлајн за денес да ми го достават. Ќе си го сефтосам сега со Формула од 3 саат. Ама мислите пак ми се навратија на претходната тема. И ми текна дека еден Драги серко со ЈНА тетоважа, 3 пати ме сретна и 3 пати ми искоментира дека лошо сум паркирал, сум му затварал патека за цревото, дури и до тоа дека грешка ми било што сум си отишол од Македонија. Тој што ме знае, знае дека сум најљубезен комшија со почит према сите. Ама ми се споија жичките и му реков "Ајде ајде у војска вака те воспитаа да се мешаш кај што не треба? Не ми кажувај за грешки со таа тетоважа на рука". Почна да се закашлува и гуши од што се изненади од реакцијата. Бем ти стопан, ја на секое глеање Здраво Драги, како си, а ти ќе ме праиш гомно. Башка кој ти дава за право да коментираш за туѓи одлуки бе? Не, почит не се дава на постари, ниту на помлади. Се дава на тие што заслужиле.
А, по некоја навика сеуште Скопје си го викам дома. 40 дена не можев да најдам еден џоинт. Вчера уште не влезен у Прага се јавив, дур да стигнам дома ме чекаа пред врата 3 тројки. Белодобрно крило заебав, ама бар се опуштив. Сфатив дека е време Прага да прејде у дома.
И ова нека ми служи како лекција, дека вакви луѓе се токсични и денес е таков ден. Ќе направам една генералка на социјалните медиуми. Први на листата за бришење се луѓето што ме убедуваат дека Coldplay се добар бенд. Беа срање пред 15 години, и пред 5 и сеуште се. Геј музика.