Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.841
Поени од реакции
6.452
Драга,
од денес почнувам неделна рубрика наречена - владетелите на Европа како деца. Дали биле spoiled brats или интелктуални cuteies? Дали читале книги или им ја трескале вратата на родителите пред нос?
Сето тоа - и повеќе. Ваша задача е да погодите за кого станува збор, инаку ќе биди премногу лесно и неинтересно.
Одиме со мојот апсолутен фаворит. Човекот е премиер на една од најумислените европски земји, до таму што вели дека островот не ни бил дел од континентална Европа. Влечи потекло од Саксонија и неговите предци заминале на островот дури во 5ти век, hence од корен му тера жолта коса.
Денес тера бушав секси фриз, срка граф за брекфаст, и страда од хроничен неебитис.

 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Неам појма за европските владетели, али мене овај ме потсеќа на @Bodhidharma :D
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.917
Поени од реакции
17.874
Драга

Недела ден за одмор. Како најавија дожд и сабајле видов дека ситно росеше го прогласив за досаден. Арно ама огреа сонце и асфалтот се осуши таман да си направам еден тренинг со велосипедот. И ко за пусто поминав крај фудбалското игралиште кај што играв за еден локален тим и ме мавнаа спомени и носталгија. Не така одамна ја прекинав кариерата, што поради експерти, што бидејќи ми се смачи да губам цел ден, а највеќе бидејќи во возењето велосипед се пронајдов.

Кога се сетив на фудбалот, морам да ви раскажам една приказна. Тогаш одевме рано пред натпревари со комбе, бидејќи немаше друго и со еден соиграч отидовме кај еден домаќин кој печеше ракија. Овој беше скоро достигнат до врвот на пијанството. Не понуди ракија, дечково што дојде со мене испи 3-4, ја една ја лигавев, јбг ми беше страв да се напијам, дете бев тогаш уште.

Завршивме со дружбата, домаќинот од што беше пијан едвај стоеше на нозе, а не да оди. Се пресоблековме, излеговме на загревање, а овој уште го нема. И кога конечно излезе одеше како секој нормален алкос после посета на кафана. И бидејќи тренерот го сметаше во прв тим, се премисли и отиде да му каже, арно ама овој не знам како го увери дека е се ок.

Почна натпреварот, после пет секунди се сепна и толку удри јако со лицето во земјата што мислев дека скршил нос и заби. Стана пополека и почна кон судијата да се дере зашто не судел фаул, па и да бара жолт картон за најблискиот играч, иако овој не го ни допре. Издржи уште едвај минута на нозе и почна да бара замена демек повреда имал.

После натрпеварот не чекаше пред коперација со пиво во рака. Ни кажуваше дека не бил денеска најдобар на теренот, туку воопшто и во лигата. Па какви голови дал денеска и дека требале посилни тимови да го бараат.

Ех какви дешавки имам со фудбалов, можеби некогаш ке ми биде жал што прекинав да играм, ама моментално не ми е бидејќи сум исполнет со моменталната страст кон возење велосипед.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
2ра недела го чекам берберот од карантин да излези.
Косава ми е златна мешавина од Пабло Бустаманте од млади бунтовници и Јашар Ахмедовски од с. Лажани, општина Долнени.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.869
Поени од реакции
20.430
Драга,

Каков ден вчера, дежурство 24 часа, од кои 18 саати активни операции, една операција на отворено срце, aortic aneurysm dissection 59 годишна пациенткадоаѓа во ЕМерџенси со презентација на силни болки во грбот, ја спаси кардиологов, операцијата траеше 6 часа, се помина во најдобар ред, после тоа имаме 40 минути heart watch, сево ред арно ама нема blood flow во десната нога, одма на линија доаѓа vascular surgeon, ја отвори, блод клот кога почна да прска крв сите бевме лом, арно ама среќа цела сала радости на глас, после 10 саати активна операција под анастезија, пациентката е стабилна и добра состојба.
Каков адреналин, уште сум под ефект, може ќе припаднам утре од умор.
Рацете да им се позлатат на хирурзите, каква трпеливост, без пауза на нога, само почит и наклон.
 
Последно уредено:
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Отворив играчница во темата ајде да изброиме до 100 000, разгледав последната страна. Зошто некој би го правел ова? На минување ај ќе придонесе некој со број. Наназад ги вртам страните некако почна да ме облева тага. Скокам по стотина страни наназад ова веќе е патерн. Шутрак од самиот почеток во 2011та се посветил на предизвикот.
Безразлика за колку банална работа се работи секогаш се восхитувам на таква посветеност, но зошто истовремено ме растажува :unsure:
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.962
Поени од реакции
9.593
ДК. Вчера беше еден дождлив ден прилично досаден се дури не налетав на овај ЛАЈВ значи не сум спиел од смеење до 5 сабајле иако петокот ми беше прилично стресен ден.На ова би му подзавиделе и Само Вистина и остали вакви дуели штета шо не се деси пред 11-12 години би била јака конкуренција на Малнар и Ноќна мора дури би ги примил како специјални гости.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Само што завршув тунир во Пот Лимит Омаха покер, го освоив, добивката беше 472.50 евра. ПЛО е за оние што не знаат, луда среќа. Скoро во ниту една рака, во ниту еден момент не си повеќе од 65-70% фаворит.

Муабетот ми е, среќата се заврти и сега се ми оди од рака. На другиот турнир што го играв, кој беше тексас холдем, завршив трет и освоив уште 768,51 евра заедно со баунти наградите. Од петокот наваму сум преку 1300 евра профит. Ништо не ме нервира повеќе, вистински зен сум. Дури и ја прочитав книгата Зен и Покер.

Ржам, не се држам. :roker:


plo.jpg holdem.jpg
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Флорентино Перез, колку само "Мила Царовска" тоа звучи
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Многу ми е жал кога ќе прочитам вакви мислења како она на Комита Ултрас, не за друго туку затоа што си заминуваат засекогаш најдобрите деца, не најдобар во смисла на некоја професија, туку луѓе во вистинска смисла на зборот, млади луѓе што можеби во некое друго време, некој друг универум би ја направиле Македонија подобро место за живеење, иако не го познавам, горе-доле дури и да глуми некој на форумот пак се препознава кој каков е по некои ситни детали. А уште повеќе ми е жал што остануваат баш такви типови како што ги спомна, кога ќе ти текне дека се повеќе преовладуваат такви луѓе навистина е за жалење нашата Македонија


Дојдов да напишам како во последно време слушам влашка музика од нашинците што заминале во Романија и како минуваат годините само таму ќе остане да се спомнува зборот Македонија и преку нив ќе има сеуште Македонци(така ги нарекуваат Романците Власите од Македонија кои заминале во Романија во минатиот век)

Нема утро да не помине со песнава

А и можеби до девојчето што пее ќе да е :D


ПС: Поздрав до сите "деца" што заминале и без разлика на разочарувањето, не заборавајте од каде сте и кој сте :oeoeoe:

Ај еве ви уште една бонус
 

Kajgana Shop

На врв Bottom