Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.527
Поени од реакции
7.004
Кога последен пат сум купил нешто за себе е барем прашање со лесен одговор.

Прееска си купив цигари.

Полесно прашање здравје, праќај драга кајгано вакви. Не такви со точак возење, сме ги пак испаѓаат по патиштата, досадни се како муви.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.846
Поени од реакции
6.461
Мини Шенген? Oh hell nooo! :popce:
Федерација од Грција Македонија и Србија - now we talkin'. :love:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.466
Поени од реакции
18.472
Драга добро е, имаш меморија значи.

Оти имаше еден форум порано, па тоа газдата молеше да не пишуваат многу членовите оти немал меморија на серверот :pos:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.889
Поени од реакции
67.520
ДК,

Системот во кој живееме е креиран да те натера да играш по правилата на другите, иако, со сето битие сакаш да го избегаш истото, зошто нели, веруваш во подобро утре, и сметаш дека промената треба да тргне од самата индивидуа.

Секој обид да завршиш документација кај нас се сведува на сепак повикај пријател и на права голгота. Не сум човек кој сака преку ред да заврши работа, ниту пак да должи услуги на некој.

Во петокот се обидов да предадам документи за регистрација на ново возило, ми викаат, ти треба преведена странската сообраќајна на Македонски, со заверка кај нотар. Во ред, бркаш преведувачи да ти ги вратат документите преведени, идеш назад во 15:30, и иако работат до 16h, веќе си заминале за тој ден.

Ок, се враќаш во понеделник, ти вика, ама дечко, ти треба и преведена одјава на таблици со заверка кај нотар. Викам, зошто не ми кажавте во петокот, кога ви ги дадов сите документи на преглед, дека треба и одјавата да се преведе и завери? Крева раменици госпоѓата и ми се смешка, не знам дали од куртоазија или од курташак. Ок, ајде пак назад, пак моли преведувачи да ти завршат работа во ист ден.

Се враќаш назад во полиција, им ги даваш сите документи ко што ги бараа, овој пат не им работи апаратчето за наплата на 110 денари, на некоја такса. Гледаш онака, и си викаш, не е можно, некој ме дупи. Викам, ке чекам дур да ви се оправи системот. После саат време, платив, и ми викаат, ок, за 2-3 дена, дојди, ке ти се готови документите, и ке можеш да си земеш таблици.

Патем и реков на госпоѓата дека би било паметно да истакнат листа на документи кои се потребни за да се заврши процедурата, зашто моментално само на шалтер може да ти кажат половично што ти фали. За овие 3-4 дена, се навозев со такси колку за последни 2-3 години, плус и денови изгубив за ништо. Ме гледа госпоѓата ко теле, ко да и бркнав со прст во кафето.

Идам утрово, и глеј, моментално никаде нема таблици, ке мора да почекаш 10 дена за да им дојде тура. 2 недели останав без кола, со мало дете. И нормално, вртиш на неколку места, сепак има таблици, ама само за блиски луѓе и со врски. Да се мочам на системот. Сакаш нејкеш, мора по нивно да играш. Повикај пријател не е веќе опција, туку е must.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.116
Поени од реакции
1.575
Draga kajgana se si ima svoj prag na tolerancija. Sekoj treba da znae do kade smee. Znaci na glava kacuvanje ne. Ne dozvoluvam. I ne mi e jasno od kade pravoto na lugjeto za toa. Pa ima da vr gazam pod noze da mi padnete. Da vidite drug pat kako se zbori I kako se zbori. lesno e da si losh covek ajde bidi dobar da te vidam.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тера се тера бизнис, обично мажите и дечковците ги купуваат за нивните сопруги и девојки. А ме заебаваа кој ќе купувал курина, абе како алва одат праќам по карго :icon_lol:.
Автоматски споено мислење:

IMG_20210202_181447.jpg

Дали си купивте нешто за себе :icon_lol:.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Кара Миа кајга. Вечер игра ливерпул со реал. Не оти ги сакам ливерпул ама уживам да гледам коа реал губе, тако да за ливерпул ќе навивам како шо навивам за Партизан уште од мали нози.
Док партизан битке бије....
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
Обично ко работам сакам тишина, али вчера нешто ми текна ај викам ќе пуштам музика на телевизоров нек врти нешто. Пуштив VH1 пошто си го сакам каналов, на времето стандард будење и док се спремам за школо слушам најнови хитови на VH1. Пуштаа саглам музиче тогаш, некои нови групи и пејачи што имаа добри песници, а сега нигде ги нема и вчера оп пуштија нова пејачка такоѓе. Били Ајлиш. Изгубив желба за живот инстант.

Далечинското и врти каналите. ЕмТиВи одувек ми бил кака канал, што знам и оп наоѓам ЕмТиВи Ејтис. Музиче само од 80-тите. Мерак. И додека ја пишувам објавава си рокаат Greatеst 80s Rock. :love:

Ако ради нешто би сакал да сум се родил во друга декада, тоа би билa музиката што се стварала во осумдесетите, а Југословениве шетале за ич пари од Гевгелија до Триглав. :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.065
Поени од реакции
74.715
Уште еден викенд збогатен со приказни од општинските фудбалски лиги.
Општинска лига е „шитот“ годинава. Се активираа сите маалски играчи, јако за гледање.
Имаше на времето една тема со приказни од ниските лиги, хит беше на форумов. Епа постов е баш за таму.
Мојов маалски клуб играше од 11 часот. Се почнува лабаво, судијава уплашен суди пенал за нас. Гостиве му влегоа одма на шамарници. Нашиве глумење фер плеј, зема едниот го утнува намерно пеналот, демек лабаво ги тепаме.
Ама топкава никако не сака да влезе во гол и гостиве поведуваат со 0-1.
Почнува нервозата, мавање, притисок врз судиите. Одбраната касапана, топка поминува, човек не. Ама, нападот уште 15 утакмици немаше гол да даде. Утнуваат две шанси, се зголемува нервозата до максимум.
Ако им ги собереш годиниве на сите тројца судии, пак ќе бидат помали од еден наш дефанзивец. Просек на тимот 40 години :D Суди судијава фаул за гостите, овој дефанзивецов му вика, абе каков фаул и му ја дава топката на еден од нашиве, му вика оди изведи аут. Ако ти врзам една мрсул еден, ти фаул ќе ми судиш. И седат сите, му викаат и што е сега? Па, аут :ojeaa:
И додека напаѓавме, крадат овие топка, нафрлаат во шеснаесетник и еден од дефанзивциве си ја фати во рака :pos:
Свири пенал судијава за гостиве, нашиве веќе немаа како да го нападнат, фатија меѓуисебе се обвинуваа. И се степаа на крај :icon_mrgr: Гостиве викаат, судија не мора да го шутираме пеналов, суди крај, не може да стоиме веќе. И би крај :pos:
После утакмица сите на пиво, направија хаос во маалската продавница.
После нашава, почнува друго дерби од истата општинска лига. Еднава екипа, скоро сите се бивши Комити, од кои голманот една од најголемите петарди од трибина.
Си играат фудбал овие, се враќаат нашиве во меѓувреме. Закаменети од пивата, акнато на звучник Славија од Џеј, му мавтаат на голманов со пиво и суџук и му викаат доаѓај ајде, батали фудбалот :pos:
Претходно играа и трета лига. Доаѓа главниот судија, нашиов тренер му вика, абе ти памтиш кога те бркав со патика во рака кога ни даде црвен со Бардовци? :pos:
Помошник еден екс кајганџија, не знам дали е активен уште :icon_mrgr: Си поправивме муабет, досуди сомнителен офсајд, ама со ВАР се покажа дека оправдано кренал знаменце :icon_mrgr: Тоа главниот пак досуди сомнителен пенал за домаќините. Го изнуди еден играч што го памтам дека игра од кога бев основно. Класика пенал, се фрли со стомакот, викна на цел глас. Судијава вика, абе морав да свирнам... :icon_mrgr:

Waiting for the next weekend...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom