Драга,
Сакав да го подновам татко ми со нов мобилен телефон за роденден. 60-ка правеше.
Решив да побарам по огласиве втора рака, пошто толку буџетот, а и татко ми, не дека ќе го користи за нешто захтевно, ете да си читка политика на фејсбук.
Барав добар примерок, за добра цена и најдов солидно телефонче, зачувано, мислиш ново е. Ниту гребка на него, ниту некакви знаци на користење, човекот си го чувал домаќински, па уште го даваше по пристапна цена.
Земав да преговарам со него, и проработи тука тоа пазарџиското во мене, успеав да му спуштам уште од цената. Бевме од различни градови, па наместо по карго, ми рече ќе ми го прати по некој негов познаник, таксист, што возел меѓуградска. Добро викам, уште подобро, нема да го чекам 2-3 дена, дека викенд беше. Договорено? Договорено.
Следниот ден пак ми се прејави човеков кога го испраќаше да ми каже дека го пратил. И го чекам јас цел ден да се јави таксистов, да го подигнам... Го чекам, овој го нема, а се ближи полицискиот час. Ми се јавува човеков, ме прашува што сум направил, сум го купил ли телефонот? Му викам: " Го нема таксистов што го нема, дај ми ти негов број, јас ќе се договорам. "
Му ѕвонам на таксистов, ми се јавува човеков, и Драга, ми кажува, многу му се свиѓал телефонот, не сакал да ми го носи, за него ќе го задржел, имал ќерка 6-7 години, ептен и се допаднал, цената му била поволна, можел поскапо да го препродаде...
" Абе како така, нели имавме договор да ми го донесеш?"
Ете, така.
Не ми се расправаше, а и не дека ќе постигнев нешто... Му реков чим така, со здравје служи си го.
На татко ми му земав едно пивце, и му реков ако излезе нешто добро, ќе земеме.
Брееј. Гз продаден за пари. Ни лице, ни дигнитет.
Ја'зк да му е.