Драга,
штотуку прочитав дека до 80ти во Швајцарија имало само една џамија, таа била изградена за потребите на богати Арапи кои ја посетуваат Швајцарија воглавно за да си купат Ролекс.
Од 91ва почнува огромна Албанска миграција, до сега, бројката се искачила на вртоглави 260 џамии.
За Македонија дека ја испустија, тоа веќе го знаеме, ама зарем мора да метастазираат и во други држави? Дека цел Балкански полуостров долго време нема да куртули од нив како проблем - и тоа ни е повеќе од јасно. Но зарем мораат себе си, како огромниот проблем на кој се олицетворение со цело нивно битосување, да се однесат и во други земји?
Швајцарија беше една од ретко убавите Европски земји. Ендемска на многу начини. Неутрална со векови. Додека нејзините соседи продолжија со вековни војни, таа кажа не, ми беше доволно. Да одржиш неутралност е тешко и воопшто не значи дека ти нема да имаш Армија. Напротив значи дека ќе треба да вложуваш дупло повеќе за да ја одржиш таа неутралност, воениот рок е задолжителен за сите Швајцарци, инаку си лесен плен за околните агресори. Дали Швајцарци се исселија во Албанија за да градат цркви? Не обратно беше, 250.000 Албанци се исселија во земја која е дијаметрално попросперитетна од нивната, а од друга страна не ги прифајќаат нејзините вредности.
Во меѓувреме читам дека премиерот на Словенија, Јанша испратил нон-пејпер до Брисел со барања за ново прекројување на Балканските граници, пред да започнел процесот на ЕУ интеграција за западен Балкан. Имено човеков (ако може да се нарече човек) предвидел западна Македонија да се припои кон Албанија заедно со Косово и делови од Црна Гора. А Босна комплетно да се распрачи меѓу Србија и Хрватска. ЕУ ниту потврдува, ниту негира дека докумнетот бил испратен. Со вакви сојузници, кому му требаат непријатели.
Ќе речев Господ да ни е напомош, ама јас знам дека одамна не заборавил. Тешки времиња се пред нас.
Доаѓа време во кое Грција ќе сфати, дека ние и нашето Северно име, никогаш не бевме проблем. Но ќе биде многу доцна. Веќе е доцна.