Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
29 март 2021
Мислења
206
Поени од реакции
494
Најголемата промена која му се случува на човекот како поминуваат годините се соновите. Не сон на јаве, сфатен како надеж за иднината, туку онаа збрка на слики и настани кои неповикани ни доаѓаат секоја ноќ на спиење. Се сеќавам кога пред многу години требаше да заминам Англија на факултет, често сонував еден ист град. Ги знаев улиците, луѓето во него. Беше некоја чудна комбинација на Белград и некој англиски приморски град. Кога ќе се разбудев од тој сон се чуствував како да сум на кокаин, полн со енергија.

Сега треба да заминам Америка. Најчесто сонувам ќенефи, напуштени згради, дистописки градби. Барем еднаш неделно сонувам апокалиптичен сон каде што земјата е или уништена или на праг на тотално уништување, пратено со чувство на поптполна безнадежност. Кога сонувам дека сум Америка, постојано каснам некаде, ми фалат пари или документи, и Америка во моите соништа изгледа полошо отколку на јаве. Ноќеска на сон ме исфрлија од автобус затоа што немав пари да си платам карта. Најчесто се будам како претепан, без грам енергија.

I could kill for a good night sleep.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
8.217
ДК
времево надвор во комбинација со мојата психофизичка состојба се на завидно ниво...
Во моментов идеална комбинација ми се: неплатен одмор + Star Trek реприза од прва сезона...
 
Член од
28 септември 2012
Мислења
8.201
Поени од реакции
20.261
Ако веќе ти е пишано животот да ти го сјебе жена, барем потруди се да биде перверзно убава.

Едно чиче 50 години ја испука оваа мудрост сношти после работа, сите се замисливме. Колку само е во право, ако е разведен 3 пати.:cool:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
9.605
Поени од реакции
11.858
Kajгано,
добри беа тоа маскирните панталони шо им ги даваа на резервистите у 2001.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
2.666
Поени од реакции
4.743
ДК,

јас мислам дека денешнава бројка од 51 починат е лага за да не натера владата што побрзо масовно да се вакцинираме со 200000 дози Фајзер и 800000 дози Кинеска.

Во држава каде не постои Курона и каде во викенд има под 1000 новозаразени без никаков простор за паника и се е под контрола, ова мора да е лага.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.156
Поени од реакции
14.332
Не ми смета толку ограничување за шетање и полициски час, не ми смета дури и да морам да седам во карантин колку што ми сметаат две работи: глупи идиоти кои не се способни во тиквата да се воздржат од непотребно шпартање наоколу (кафеани, дружби, забави) и придонесуваат во ширење на ѓубрево, и носење на маска на отворено (да му ибам спечало на тој генијалец што го предложил ова, на сила како асматичар да се гушам дури пешачам сам на факин булевар).
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
10.271
Поени од реакции
3.806
ДК

Ех животе еххххх..на кое дереџе дојдовме:facepalm:

Човек да се плаши повеќе од човек без маска, отколку од куче без маска:eek:....се отепа кутра жена, сакајќи да заобиколи околу кола, да не се размине со мене бидејќи не носев маска, ја приметив у очите коа ги исчатали коа ме виде, но вртејќи се набрзински, убо си се препна самата себе и се најде на колена...:toe:
е јебига сега, што да и правам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom