Новото "нормално".....06.04.2021....полициски час од 20 часот.
Досегашниот полициски час од 22 часот практично....не го чуствував. Тоа време сум дома, се туширам и веќе за мене и онака денот завршил.....си легнувам.
По кафичи и ресторани.....и онака не одам откако започна пандемијата.....што лично мене, воопшто не ми значи дали истите работат или не.
Од друга страна....жал ми е за луѓето кои работат во овие објекти.....жал ми е за нив....бидејќи им се ниша столчето, тоест ризикот да изгубат работа..
Во однос на исхрана, гурман сум....но фала богу постои диливери, така функционирам цела година.....секако, кога сакам да јадам нешто купечко..
Се потсеќам на рестрикциите од ланската година.....кога отварав врата од тераса и ја слушав тишината.....бидејќи една половина од станот ми гледа на булевар, каде секогаш е галама од возила. Искрено.....не ми е пријатна таа необична тишина.
Сега е 19,10 часот......за неполн час.....повторно ќе започне онаа штама....мртва, необична тишина.
Ајде на тоа ќе се навикнеме....но постои друга работа.....што лично ме ограничува во слободата на движење.
Откако сме затворени за патување во странство.....батерии полнам обично шетнувајќи до Дојран или Охрид.....на еден ден. Претежно Дојран......сабајле одам, вечер сум во Скопје.
Сега и тука ми се пореметува планот.....наместо да истерам цел ден во Дојран.....ќе треба да палам кола уште во 18 часот.....и трк накај Скопје, за да стигнам "на време". Наместо да се шетам таму.....до 20-21 часот....па тогаш да си тргнам накај Скопје.
Да сме живи и здрави! За жал....сега за сега....ова е новото нормално, мораме да го прифатиме такво какво што е.