Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
28 септември 2012
Мислења
8.285
Поени од реакции
20.704
Цела недела следев вести се мислев ќе се извлечи, ти ебам животот суров. :( Овој лик колку имаше стресови низ животот, и кога му фрлаа милиони у фаца пак остана андерграунд.

Права хардкор фаца каква што денешните Дрејк и незнам кој за 10 животи немa да го достигнат тоа ниво.

Party up there bro :(

 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.920
Поени од реакции
14.961
D...zamolcav nesto,ne ti se javuvam ama aj da ti go kazam ova
Vo moe vreme policiski cas pocnuvase vo 19 casot... site doma i 101... ne sto kec tuku
sto i edna prikazna so Nikola Avtovski i Boris Majstorov.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
5.912
Поени од реакции
15.928
Драга,

Тука викаат за вакви вести bitter sweet, ја примија на Универзитет каде што сакаше, среќа радости до таван, и јас се радувам, а срцево ми се крши на милион мали парчиња, кога ми порасна детето, таа е сеуште моето прво малечко розово девојченце со перфектни очиња, ех само да е таа среќна, се друго ќе си дојде на место :place:
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
926
Поени од реакции
1.289
Ми текна на една случка со другар и за момент се вратив во детството. Се сеќавам дека возевме велосипеди и знаете дека сите детски надмудрувања започнуваа со реченицата: Ајде кој ќе стигне прв до целта. Епа другаров изгуби рамнотежа и наместо до целта се акна во еден столб. Кога дојдов до него, што да видам тече крв од неговата глава на сите страни. И јас дете како дете му викам: Седи тука веднаш се враќам. А тој јадниот кај ќе оди со рацепена глава, седнал на бетонот и си плаче. Мене ми текна дека од старите имав слушнато дека брашно помагало да се запре крварењето и нормално трчам дома да земам. Влегов дома и скришум го земав целото пакетче со брашно. Стигнав кај другаров и му го истурив на глава целото и му го дадов празното пакетче да го држи на глава. Отидов да го испратам до дома и да објаснам што се случило. Кога го виде мајка му дека е целиот бел ни вика : Аман деца што направивте пак сега. А другаров од страв дека ќе јаде ќотек уште си липаше јадниот, оти неговите беа ептен строги родители. Каков беше во тој момент целиот размрсулавен и со брашно на лицето , главата и во носот и ден денес смеа ме фаќа. Кога ќе ми текне на вакви моменти за тоа какви бевме како деца, на моменти од срам ми доаѓа со сајла да се обесам.
 

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
509
Поени од реакции
1.580
Драга,
еве што размислувам да печатам на блуза.
Малку инфо за фасцинантното и супер ретко парче уметност: Ангелот од Курбиново се наѓа во црква во пазувите на Баба планина во близина на селото Курбиново, Преспа. Од нејзиниот двор има величествен поглед кон планината и панорама на волшебното и речиси секогаш мирно Преспанско Езеро.
Црквата е изградена во 1191 година (12ти век), што се гледа од натписот над олтарот, за време на владеењето на Исак II Ангел - византиски цар од династијата Ангели.
Cегмент од фреската на Архангел Гаврил од црквата во Курбиново се наоѓа и на македонската банкнота од 50 денари.
Византиската уметност е една од ендемско ретките во Европа. Ја има најмногу во Македонија и Грција и делови од североисточна Италија. Во Турција истата е уништувана инаку таму ќе ја имаше најмногу.
Драга, ова е нашата култура, не ни треба фејк Барок. Имаме нешто многу повредно и поретко и подостоинствено.

 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.920
Поени од реакции
14.961
Sednat na terasa so albumot poln so stari sliki vo race i spomeni od vremeto koe si tece i ne sopira i brzo pominuva,za moment pogledot gi fati sneznite vrvovi na Dautica i Jakupica,koj ubavo se gledaat na soncevoto vreme. I pak vo mene mi navrea spomeni za vremeto so snegovi ili pripremata za koga ke dojdat tie.
Toa vreme posteno nekoj mladi tatkovcite gi (sibaa) teraa da ucat so himnata na sovesta UCI DA NE RABOTIS. No jas i mnogu drugi od posiromasnite sloevi gledavme sto pobrgu da dojdeme do rabota i nekoja para i pomogneme na cela familija pa zatoa vo tie familii bese himnata uci dete zanat - ili odi da rabotis.
Snegovite me potsetija deka mojata prva rabota bese amalska-niska-trudbenicka. Jas uste detiste sto se vika,a ziveveme tie godini vo ista zgrada so Ceven Krst i Socijalno. I uste pred da dojdat snegovite tuka pod nasite balkoni ke dojdea kamioni ke istovarea toni i toni kumur. Toagas tuka nemase centralno greenje tuku sekoja zgrada sopstveno parno. Taka jas simnat dole mi ponudiva da go vnesam-skladiram kumurot vnatre vo nivni podrum. I taka ja zarabotiv prvata skromna dnevnica,na vas ostavam da zamislite kakvo mi bilo liceto potoa.
No tuka ne se zavrsi taa rabota,potoa koga stvarno padnaa snegovi me viknaa i da go zapalam-lozam nivnoto parno koja pecka bese vo podrumot.Toa go rabotev dve sezoni i ne samo toa tuku i site drugi fizicki raboti a noke bev kako cuvar vo nekoj nivni hangari.
No sega oni snegovi me potsetiva na nesto drugo i mi se vrativa slikite od detstvoto koga obicno pred N.G i Bozik se kolea svinjite
-----------------------------------
prodolzuva vo GURMANSKO KATCE.... ( za onie od visokata klasa-voznemiruvaci tekst)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.034
Поени од реакции
194.611
Колку треба да си гној од човек да отидеш на Водно и ова да го направиш?

FB_IMG_1618162713217.jpg

Со коронава планиниве кај нас станаа Сити Мол. Не е само на Водно ова, сликај се за на Инстаграм на Лешница, остави го ѓубрето зад себе и после кукај на ФБ не сме биле народ :гомце: Дивине свињи што се накотени како зајци се однесуваат почовечки отколку викенд тепачите на време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom