Драга,
Има некои случки кои живеат во мојот мозок и се јавуваат некогаш, не знам од која причина.
Сега ми текна на случка од пред можеби 12-3 години, уште бев средно. Бев со другарка да и праам друштво да бира сандали. Мене ултра досадно, таа пробува 10 пара, а мене страшно ме нервираат неодлучни луѓе кога се работи за облека и слично. Често знам да не влезам во продавница, гледам на излог набрзинка, а пак за да пробам треба да сум сигурна дека го сакам нештото. И оваа се влече, се туфка, јас едно време само ахм почнав да викам и се исклучив од таа комуникација.
На другото столче, седеше друга девојка која пробуваше да натегне еден црн пар сандали, со висока штикла и некои си циркончиња кои беа актуелни тоа време. И другарка и на оваа и вика, ами тесни ти се, а поголемиот број ти е голем, јбг. Оваа и враќа, да бе, тесни ми се, ама кога ќе ослабам сега, ќе ми станат таман. Мртва сериозна.
Девојката имаше некои си 15-20 кг вишок, но стапалата не и тонеа во сало и дури и цел вишок да го тргнеше, немаше реално што да избега од стапалата.
Има ли луѓе што вака си се тешат за некои банални глупости во животот? Или се само малце глупи?
Сигурно има, сега може и повеќе со новиве времиња.
Не знам зашто ми текна на ова сега, можеби дека се вратив од пешачење.