Не ти пишувам често ама да се надоврзам на темата носталгија...
Саботата беше баш таков ден. Маало, 7ми јуни 2002, се селам у нова населба. Ден денес ги памтам првите денови, од старата населба си имав 2-3ца другари и наеднаш ги снема. Не за друго, деца бевме тогаш немаше начин да останеш во контакт. Хард кор фан на Јунајтед, ама и страшен почитувач на ликот и делото на Едгар Давидс. Се појавувам у новото маало со дрес од истиот играч, на улица едно 20 деца фудбал играат. Доаѓа еден батка 5 глави повисок од мене, мислев 20 години има, а тој 3 години постар. Ми вика знаеш да играш? Да, епа ај у одбрана ни фали некој. У тоа време секако дека имаше одбрана рогаш топка и кој дае гол тоа е тоа.
19 години покасно, улицата ни остана празна. Кој отиде во Америка, некој во Германија, трет во Јапонија, 2ца отидовме у Прага, друг се ожени, со некој се скаравме за глупости па оладени односи и на улица нема кој да игра баскет, серва, фудбал, жмурка, граница... ништо, штама.
Како бидна пандемијава, лани у Март си направивме некој договор еднаш неделно да се собираме на видео да се гледаме, нормално не секогаш сите присутни јер обврски. Саботава за чудо точно 20 луѓе на видео повик, сите до еден присутни.
Ова се истите луѓе што сме пораснале заедно, од првите тепачки маало на маало, па фудбал по некои турнирчиња, дремење во играчници по 3-4 саата играјќи кантер страјк, кол оф дјути и слични игри, жмурки и што се не.
На муабетите и навраќање на некој спомени им немаше крај, сигурно добри 4-5 саата бевме на видео. Едно беше јасно, на сите им фалеше детството каде немаше толку грижи, сеа веќе возрасни фамилијарни луѓе па друго е. Дополнително, на сите од странство им е тешко што не можат да си дојдат ради пандемијава. А, сите до еден се со корона прележана. Дали 2-3ца останаа т.е. моментално ја прележуваат.
Паднаа некој планови дека прва прилика коа ќе помине се ова ќе се собереме и ќе направиме некоја собиранка. Јас ко за беља си дојдов пред 2 недели у Македонија со план да ги видам тие што се тука. Нормално не иде се по план, па 2ца фатија корона и еве од дома не сум излегол нема што да се прави. Битно се изнасмеавме, и дискутиравме една девојка што работеше во маалски кафич. У овој кафич сме имале ВИП статус на секое европско/светско или било кое спортско натпреварување. По цели денови бевме таму, не ради што беше добар кафичот туку келнерката беше пичка ипол.
Ние по 12-13 години она 5 години постара од нас. Нема кој не ја свиѓаше, дури неколку пробаа и на кафе да ја викнат али инстантно беа откачени. Висока, плава, со прејаки нозе и многу добри гради и газ
Не знам која будала беше пушти муабет дека некој од едно друго друштво имал секс со неа и тоа анален, ама коа го извадил имало семка од пиперка. Деца глупави прекинавме да одиме таму, кафичот после година две затвори. И по тоа го памтиме кафичот, по муабетот и дешавките. За на крај да дознаеме дека се верила со на другар братучед. Комедии.
Кога ме фаќа ваква носталгија, сфаќам колку животот е непредвидлив. Толку блиски бевме, а еве после некоја година со некои се немаме видено бог знае од кога. Клише ќе звучам ама треба да се ужива во секој момент и да се цени тоа што го имаш во моментот. Не знаеш утре животот што ти носи, па ќе ти фалат овие моменти. И да, фалат... еве овде направив еден куп другари, ама јебем ти странци ако не можам да му кажам да се носи у курац или да му опцујам мајка. Сум се тепал, очи сме си ваделе, со стапови по бункери сме се тепале, и пак другари.
пс. И да, прележав корона во Ноември, вчера качив температура 38.6 ама се тестирав сабајлево и сум негативен. Антитела имав во Ноември, сега ништо 0. Се надевам за 2-3 дена пак ќе бидам негативен.