Кога сме веќе на навраќањата од детството.
Купив 70 пакетчиња од албумот за ЕП за три дена. Залепив 309 сликички. Возбудата доаѓа кога од нареднава недела ќе почнам да се менувам со дупликатите
Ми се јавува другар возбуден, вика абе знаеш што сфатив. Знам му викам, во една кутија од 25 кесички со сликички, нема дупликати меѓу сликичките.
Како не сме го знаеле ова? Пошто сме биле факинг шворц. Ко деца ми купуваа по едно пакетче дневно, после тоа трошењето на свои пари за сликички беше луксуз, а сега без размислување опнавме по 50-тина евра за три дена.
Можеби секогаш било вака, who knows
Кое разочарување беше кога ќе го чекав татко ми од работа и на крај заборавил да ми купи сликички. Па возбудата кога мајка ми ќе земеше плата со чекови и ќе го раситнеше еден чек за да ми купи 10-тина пакетчиња. Ќе ти падне 1 сликичка што ја немаш, се друго дупликати. Ене ја планината дупликати од СП 98, уште ми стои во фиока. Класика, заврзани со портокалово ластиче, подредени по броеви.
Другаров направил ексел документ на драјв за поолесно да сме ги бележеле дупликатите. Бро, земам лист и ќе ги прецртувам една по една ако треба, ми треебаше ова
Во петокот чекав едно пола час пред Вордпрес. Протест на шпоновиве од спротива, гужва, не мрда сообраќајот и ние еден куп будали, чекаме во колона после работа. Луѓево гледаат, не им е јасно што се случува. Се' магариња, 30-40+ во години. Доаѓа една жена, вика што е гужвава, аптека ли е ова? Викам, не, сликички за ЕП ќе купуваме
Па кога ги отворив дома. Познатиот мирис на хартијата. Лепи, лепи, три дена си лепам непрекинато. Кога се кине кесичето, екстаза, свршување. Ги вадиш, гледаш да не се залепила некоја од страна. На времето знаеше некогаш по грешка да стават 6 сликички во кесичка. Засега ја немав оваа среќа.
Најубавиот момент ми беше играњето на тапка. Добар бев на тапка, ама не колку братучед ми. Мав правеше, со цело туце се враќаше после часови. Најтапа беше ко ќе играте на тапка и противникот ти става некои ќори играчи. Некој од Саудиска Арабија што ни од дома не го знаат и се паѓа во секое второ пакетче. Ќе ќариш некоја сликичка, среќен дека ја немаш. Избледена, изгризана, не се познава играчот на сликата. Па во школо кога игравме, имаше некои педерчиња ќе си ја земеа сликата, иако си им ја ќарил. Па се натегате и на крај тепачка.
Едно време имавме правило да на секое десетто тапкање, можеш да си плукнеш на рацете
Сега кога гледам од призма на тоа што ќе ме чини поефтино, менувањето според јачината на играчите било чиста глупост. Онака даваш 10 сликички за Роналдо или за Зидан.
Ајде, кој сака, знакчето ФФМ го менувам за 10 други сликици