Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.500
Поени од реакции
6.936
Еден клиент ми се пожали дека многу рачно работно време сум ставал, изгледа скапо му дојдоа фактурите.
Вика ај од сега автоматски нека мери.
Нема проблем синко, ела да видиш батко ти шо не е спиен како човек две недели дали од памет си ги пишуе саатите, очите ми истекоа на лаптопов, ми се игра кантер со екипата ми се плаче, ја едитирам ситни вектори до 3те ноќеска, ти ебам матер ја америчка....
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.785
Поени од реакции
2.340
Мачоров ако е нормален, јас глава ќе пресечам. Мајка ми изутринава зема да ја исфрли скиселената зелка и пиперките од туршијата. И додека го чистеше бурето, дојде мачоров и метла ги направи и зелката и пиперките. Не остана ништо од нив. Мене не ми е јасно како можеше да ги изеде, тоа корне на кисело од 1 километар. Ене го сега лежи под јаболницата и се пече на сонце. Драга, ако умре до вечер ќе ве известам. :P
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.895
Поени од реакции
6.170
Драга,

Кога се запознавме, на мсн ни ги смени имињата во никови, додавајќи емоџиња, ангелче кај мене, ѓаволче кај неа.
Тогаш се изнасмеав, и ѝ реков дека ги погрешила, требало обратно да ги стави.

Сега знам дека ништо не погрешила. :D
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.170
Поени од реакции
27.812
Драга,

дали треба да бидам загрижен доколку девојката која што ми се допаѓа во пријатели ја има Frosina Fro ?
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.480
Поени од реакции
3.292
Драга Кајгана,

Годината е 2007-ма. Нафурано тренирам нинџуцу а од мојот Сони Ериксон к510 ја рокам на repeat Pupe - Pesna za Tigrite. Мислев дека сме најопасната багра на свет. Еххх...

nLIJWT268694-02.jpg


Нека е честита годишнината :oeoeoe:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Dobro ne mi e jasno sto se diga tolku prasina za eden puter... i sto ima vrska rokot...
i na Marlon Brando ne mu bese biten rokot,samo da go ima pri raka inaku tesko ke zavrsese rabota so Marija Snajder...licno se uveriv po tretoto gledanje na filmot,posebno na taa scena.Samo da se mrcelo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom