Нинџицу

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Нинџуцу-то е боречка вештина која се појавила во Јапонија 14-15 век. Ја развиле одредена група на луѓе чија главна цел им била борбата против самураите.
Во нинџуцу-то се користат секакви техники, како и многу оружја за напад, одвлекување на вниманието итн... Меѓутоа оваа вештина не ве учи само да се тепате. Нинџите се стремат да постигнат единство со природата, па така во нинџуцу-то спаѓаат повеќе дисциплини, како што се познавање на медицината и анатомија на човекот, географија, биологија, метеорологија и други (18 мислам се). Во минатото, нинџите живееле во природа, и поради околностите морале постојано да бидат на штрек. Затоа развиле многу техники на прикривање, камуфлажа, одвлекување на вниманието на противникот, шпионажа, и најважно од се - брза и безшумна елиминација на непријателот. Тука доаѓа на ред можеби и најпознатата вештина на нинџите- Shurikenjutsu.

Shuriken се мали, со големина на дланка, ѕвездички коишто можат екстремно брзо и безшумно да убијат (или разоружаат) човек на голема далечина. Други оружја кои се користат во нинџуцу се: катана, кендо стап, нун-чаки...

И за крај еве едно видео од македонските нинџи:http://youtube.com/watch?v=hRcellYVulY
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.693
Поени од реакции
883
Од оружјата заборави да ги спомниш бо-стап , танто и саи...плус тоа има повеќе видови на катани ( подолги и покуси )...според мене најинтересна нинџуцу вештина е копоџуцу ( вештина на кршење на коски )
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Точно има повеќе видови на оружја, ги набројав само попознатите. A копоџуцу е доста интересна техника.Најдобро е да се оди на малите коски, како што се зглобовите на рацете и нозете, стапалата итн.
 
rustyblades

Stiff Upper Lip
Член од
19 февруари 2007
Мислења
611
Поени од реакции
35
Od sekoas sum imal merak po ninjitsu, ama nemam sansa (seuste) da treniram... Ima vreme :)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Зборот нинџуцу е составен од 2 збора нин и џуцу. На јапонски џуцу значи техника, вештина, а додека џицу не занчи ништо. Затоа се вика правилно нинџуцу, а вие можете ако сакате и нинџицу да го викате :).
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Хмммм, не се вика Нинџицу? :pos: врска си неам бе. :)
Правилно се вика: Нинџутсу

Нинџутсу е стара јапонска боречка вештина која до денешен ден останала покриена со превезот на мистеријата, така што таа е малку позната дури и за јапонскиот народ. Првите пишани извори потекнуваат од 520 година. Во средновековна Јапонија, во време кога таа била поделена меѓу десетина воени заповедници, често доаѓало до судир меѓу нивните војски предводени од самурајските воини. За самураите било голема чест да се загине во време на војна, бидејќи така им налагал нивниот кодекс. Од друга страна, кодексот на буши (воините) не важел за нинџите. Тие употребувале посебен неконвенционален начин на борба. За нив единствено било важно како да се изврши задачата, да се заштити своето семејство и да се преживее. Тоа бил нивниот кодекс.

За нинџутсу најточно би било ако се каже дека е вештина за преживување и самоодбрана. Меѓутоа, не смееме да помислиме дека нинџутсу има примена само во воени услови. Напротив, неговата филозофија е универзална и функционира во секое време и на секој простор.

Нинџутсу не учи како да го разбереме универзумот и како да воспоставиме хармонија со природата. Ни помага да ги развиеме своите ментални и физички потенцијали, да ја развиеме сопствената креативност, да ја збогатиме својата индивидуалност, да ја зголемиме самодовербата и благородноста, да го оплемениме нашиот живот и да научиме повеќе да му се радуваме. Со еден збор, да станеме татсуџин (совршена личност која е способна да успее на секое поле во животот).

Луѓето кои немат искрено и чисто срце, кои немаат отворен и позитивен дух, кои не можат да ги согледаат своите грешки, да се покајаат за нив, како и тие што не можат да го отфрлат егото, не можат долго да опстанат во оваа вештина. Таквите луѓе најчесто тргнуваат по погрешен пат.

Тренингот во нинџутсу е суров, но истовремено и искрен кон нас-исто како што е искрен самиот живот. Преку тренингот учиме како да ги примиме ударите од противникот, на ист начин како што ги примаме и од судбината. Но учиме и да возвратиме. Вештината не учи да ја прифатиме болката и страдањето како дел од животот и реалноста, да не потклекнеме пред препреките, туку напротив, со секој нов проблем повеќе да ојачаме. Секоја невоља што ќе се појави во нашиот живот има своја причина. Решавајќи ги и прифаќајќи ги невољите ние стануваме се посилни и подобри. Само слабите се откажуваат и се препуштаат на самосожалување.

Вежбањето нинџутсу претставува чест. Преку тренингот ги разбираме животните радости и вистинските вредности.

За разлика од другите популарни јапонски вештини, како што се аикидо, џудо или карате, кои денес се претворени во рекреативни или спортски дисциплини и имаат за цел да постигнат спортски резултати или да релаксираат, нинџутсу ни помага да преживееме во секојдневните животни ситуации. Целта на оваа борбена вештина е да не научи како да го одбраниме својот живот, со најмали последици за нашето тело и дух, а со што поголеми последици за противникот.

Вежбајќи нинџутсу стануваме физички поспремни, посилни и повешти, но истовремено ги развиваме искреноста, чесноста, сочуството и достоинството. Меѓутоа, мора да признаеме дека тоа не се постигнува лесно и преку ноќ. Совладувањето на патот кој не води до таа цел е тежок и е посипан со боцки. Но сепак, тие кои ќе успеат да го поминат, добиваат чуство на внатрешен мир, самодоверба, совршена контрола над сопственото тело, позитивен став и радост кон животот. Најважна добивка е силата која не ни дозволува да се предадеме во тешките моменти кои не очекуваат во иднина.

Многумина мислат дека во денешно време не ни е потребна толку сложена вештина како што е нинџутсу. Меѓутоа, сите тие забораваат дека никој не може да ја предвиди иднината. Како што кажал големиот кинески мудрец Сун Цу: Во мир спремај се за војна, а во војна спремај се за мир. Не можеме да предвидиме дали некогаш ќе мораме да ги браниме животите на нашите деца и најблиски или себе си. Можеби некогаш ќе дојдеме во ситуација кога издржливоста и вештината ќе значат преживување.

Тренингот во нашето доџо (место за вежбање) е реален. Секоја капка пот и модрица не подготвуваат за борба со непредвидливите ситуации кои не очекуваат во иднина.

Нинџутсу е многу повеќе од примање и задавање удари. Оваа древна вештина има став спрема животот, има животна вредност. Поради тоа, ниту една друга вештина не е слична на неа. Во нинџутсу нема натпревар меѓу вежбачите, ниту борба за поени. Наместо тоа, вежбачите си помагаат еден со друг и соработуваат во пријателска атмосфера. Нинџутсу нема тајна цел, туку начин, како да се запознаете себе си и да ги зголемите своите можности и потенцијали до невозможни граници.

Нинџутсу е едноставно-начин на живот.
 
Така е, браво за постов! Нинџуцу-то е корисно во секој можен аспект на нашиот живот. А за тоа дека е реална борбата на тренинзите добро знам, еве уште ги осеќам ударите од вчерашниот тренинг, хаха:helou:
 
BlackZebra

надежен Архитект
Член од
6 септември 2007
Мислења
56
Поени од реакции
1
Боречка вештина е. Братучед ми тренираше Нинџицу и мене ме учеше некој финти. Кога имав 12 години тој беше дојден летото кај мене во Охрид и ми кажа како да напрам "Колут напред- Салто" ама во скок. Јас пробав, мислам дека напрајв 3 пати, а четвртиот беше веќе ФАТАЛЕН. Паднав на грб и сломив 3 пршлени........... Лежев в кревет 3 месеци............ Нај опасен спорт е Нинџицу.
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Многу занимлива вештина али не многу потребна во денешно време од аспект на улична борба кик бокс е 100 пати подобро, али пак ете се учат вештини од различни области, има медитација што значи дека се зацврнува и психички
 
Член од
27 април 2006
Мислења
176
Поени од реакции
2
Го гледав клипчето каде што вежбаат и ми изгледа многу интересно. Да не знаете каде има во Скопје некој клуб? И ако може телефон да ми кажете.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Боречка вештина е. Братучед ми тренираше Нинџицу и мене ме учеше некој финти. Кога имав 12 години тој беше дојден летото кај мене во Охрид и ми кажа како да напрам "Колут напред- Салто" ама во скок. Јас пробав, мислам дека напрајв 3 пати, а четвртиот беше веќе ФАТАЛЕН. Паднав на грб и сломив 3 пршлени........... Лежев в кревет 3 месеци............ Нај опасен спорт е Нинџицу.
не мамииии:baeh:
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Многу занимлива вештина али не многу потребна во денешно време од аспект на улична борба кик бокс е 100 пати подобро, али пак ете се учат вештини од различни области, има медитација што значи дека се зацврнува и психички
Нинџуцу-то е најпотребно од сите боречки вештини што се однесува до уличната борба. За разлика од другите боречки вештини (како на пример кик боксот) каде што има само една техника и таа се користи во било која ситуација, кај нинџуцу-то се учат многу техники (џудо, аикидо, кик бокс, карате....) не со цел да се научат тие вештини, туку со цел нинџата да знае како да се одбрани од било каква бранша на противници. Се учат многу зафати за елиминирање и онеспособување на противникот на наjбрз можен начин. Не е целта да се млатиш по улица, целта е да знаеш како да одбегнеш конфликт, а ако е неопходен, да го неутрализираш што побрзо и побезболно, како за тебе, така и за околината.
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Едно прашање до тебе: тренираш нинџутсу?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom