Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.831
Поени од реакции
7.212
2021 година ќе дојде за 2-3 недели,кај уште се актуелни страници од типот:

-Сподели за среќа
-Напиши амин ако Исус е добредојден во твојот дом.
-Напиши "ДА" во коментар ако веруваш во Господ.
-Лајкни ја сликава доколку ја сакаш својата мајка.

Најверојатно луѓето што се активни по овие страници се истите оние што одат на сите можни митинзи и веруваат дека ќе им најдат работа и со тоа успеале во животот,бистрат по цел ден политика,мислат дека корона се шири преку 5г мрежа и на секоја објава за било што пишуваат:Ценаа?Ce na,Ќе можИ цената?

Лошто е што ваквите се мнозинство во државата.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Политичката пропаганда во сите сфери на животот забега до толку многу што не постои аспект што не е допрен од истата.

Навратете се во 2012, само 8 години уназад, што не е премногу.

Нормално беше да се спомене
"А бе, виде ова вакциниве за грип? Многу малце, човек не може да се вакцинира" и од друга страна да се добие одговор "Да, да, тoа е"

Нормално беше да се каже "а бе ова владава малце тапа а?" а притоа да добиеш "да, да, тоа е"

или пак "Гледаш фудбал бе?" и да добиеш "Да, да тоа е"

Платената социо-политичка пропаганда имаше за цел целосно да ги уништи човечките односи, па така било кој од овие навидум нормални муабети да мораат да имаат одговор поврзан со политика.

Па затоа, ако порано на "Еј шефе, нема да дојдам денеска, нешто настинат сум" се добиваше "Ако, добро, одмори се ден-два и пиј апчиња" сега може да се добие "Хаха, дај не зезај и ти веруваш у ова Коронава бе? хахаха нема везе измишљотина е тоа"

На "А бе виде ова вакциниве?" да се добие "А бе све тоа со чипови е бајо мој!'

На "Ќе се вакцинираш" да се добие "Да, ама од Американците/Русите, пошто вакцините на Американците/Русите се ептен лоши и ќе ти исперат мозок"

Пушташ НБА да гледаш и викаш "Еееј кој беше овој играчов со број 28, чекај да видам што пишува...Group Economics? Black Lives Matter? Шо?"

И така натаму, и така натаму.

Гејмерите од форумов ќе го потврдат истото.

Да не збориме за Евровизија, Оскари, Музички награди, Хумор, Уметност и што ти знам.

Нема поента постов, нек си ибе све матер и со среќа нека ни е.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.810
Станувам од сабајле, го носам другар ми да ја испее една народна песна у вц, ставам кафето, испаѓам на тераса, фаќам 2 длабоки здива од велешкиот воздух и тука почнуе се.
Првен го зимам кафето, го палам тутунот, праќам 2 клипа со голи невести на екипата и им пишувам во инбокс на типки ко Бијонс.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Кајги,
Баба ми си викаше: Свима атер, себи матер. Сеа јас убаво се заебав, си добив едно коронче као поклон за роденден. Од толку пазење цела година настрана од сите, да имаш контакт само со уште четворица и баш од нив да фатиш. Треба да си тежок баксуз.
Требаше дома да седам, ама не, Николина на сите како и секогаш, да им угоди, да не се налутат луѓето. Ова памет за друг пат, да си правам мене како ми одговара.
Веќе се случи и нема назад, но само сите добро да поминеме најважно е сега.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Винтаж, винтејџ, винтиџ, винтаге, вајнтејџ, vintage кајгана.

:);)

Предновогодишна т.е предсветиниколска епизода, можеби една од последните, ама можеби, зачестени во иднина најверојатно. Хорсшит од интро.

Сунгерот Боб, или на латиница Sungerot Bob.
Роден на 7 Август 2012.
Ова е датумот на почетокот на користењето на тој профил, дали од него или од брат му, не знаеме бидејќи двајцата го имаа користено акаунтот. Пошто нели ова е ко спејсшатл па не секој може да си дозволи сопствен профил на отворен форум, на интернет.

Кралот на играчница, најдобриот пријател на ,,,,,.....шутрак..,.,..., а воедно и најголемиот непријател во борбата за замокот, десна рака и комрад негов во заедничкото броење до 100.000.
Пионерот на неутралноста.
Кралот на спокојот.
Со едноставната парола "Живеј го животот" и иритантното копиле наречено смајли две точки затворена заграда, успеваше да гази по нервите на сите форумџии, со исклучок на некои петарди секако.
Кога сакаше да поентира едноставно ќе го искористеше и другото копиле од смајли наречено намигнато односно точка над запирка затворена заграда.
Никогаш со никого се немаше скарано.

Се што знаевме за него е дека живееше во Гостивар, по потекло од Скопје.
Еден од најмистериозните членови на форумов. Никогаш не дознавме, барем јас, дали ликов беше еден од најспецифичните тролови или едноставно таква беше неговата појава во човештвото. Мртва природа.
Кружеа многу теории на заговор за неговото постоење, па ќе забележам само една, а таа е дека Сунгерот е бот инсталиран од Ацид и Бидиков... не знам за која цел. Ваљда да ни метастазираат ракчиња коа ќе го начекаме во некоја жестока тема.

Од форумов тивко се повлекол на 22 јуни 2018, само 3 месеци после џонтровото гаснење. Последна трага од неговото постоење забележуваме каде ако не во неговото царство, играчница. Еве го последното Сунгер Бобово мислење, во темата Каладонт.
Многу досаден пост, знам.
Глуп пост, знам.
Повеќето нема ни да го дочитаат, знам.
Во негов стил е, таков, досаден и монотон.
Како и денов, тмурен и никаков а петок.
Но тој ќе најдеше убавина и во ваквите денови.
Тој гледаше сонце каде ние гледавме месечина.
Тој гледаше коцка каде ние гледавме Анон.
Тој гледаше Ио Соно Интериста каде ние гледавме Џони Вајсмилер/Трибиани.
Тој гледаше Џонтра каде ние гледавме Стефан-кобе.
Тој, заедно со Клипче гледаа риби во морето каде Комита Ултрас гледаше празен бунар.
Тој гледаше хумор каде ние гледавме драгонски.
Тој гледаше џимеј каде ние гледавме Сладоледџија.
Тој гледаше Ботко каде ние гледавме бијонс.
Тој гледаше Наќо Скопски каде ние гледавме поздрав еден топол.


Останете ми со добро драги мои. Ве поздравува вашиот Джџонтра.

 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.781
Поени од реакции
30.641
Кајги...
Помислив дека никогаш нема да се врати времето кога ги затворав сите локали по ред.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.799
Поени од реакции
17.340
Драга

Сопреа џандари некој човек и го натераа одма да излезе од авто. Кога излезе почна да прави осмици, а кога помина покрај мене, дури и под маска се осеќаше колку беше пијан. Цело време им викаше "Aбе ви се чини дека су пијан", "Испив две чашки". И така додека чекаше да му вратат документи, во обид да се потпре на автобуската постројка, ја промаши и се најде доле на земја. Мислам дека веднаш се отрезни после тој пад. :pos:
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги,

Дремам дур капе инфузијата на човеков мој, пијам чај и си мислам, она средно медицинско знаев дека кад тад ќе ми се најде. Е кога ќе ми текне дека бев надежна дека ќе ме примат во балетско и не ни помислував да се запишам во медицинско, каков шок ме стрефи... Баба ми беше најсреќна, измкна тефтерот, најде броеви од најстарата пријателка, некогашна професорка во пензија и си плукна во палецот и показалецот. Денес му ја раскажував таа приказна на љубениот, се трудеше да не се насмее на мојата имитација на професорката во балетско што ја имаше најзадоволната фаца додека ми објаснуваше зошто не сум примена. И јас сега се смеам, ама тогаш, животот ми беше готов. Баба само сврте еден број и успеав да влезам во некој вонреден рок или што и да беше, сосема случајно наводно едно девојче примено во лаборанти не донело документи. Којзнае какви дубари направи тогаш Дорка моја, ама обелев образ! Е факултетот не ми беше по ќеиф, ама го завршив, зошто знаев дека што и да направам нема да работам тоа, имав желба и целев кон тоа да си ја исполнам. Важно Дорка доживеа да го види индексот, па си замина кај ќерка си задоволна. Еееее Дорке, да знаеш дека дипломата од медицински дреме у фиока дур јас виткам букети... Никад не сум сакала да го работам тоа, а го завршив зошто немав идеа што би студирала. Ете ми се најде, после 7 години. Смејурии... Ееее Дорке моја!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Koga go vidov ova letovo si rekov ova mora da go pisam tuka. I koga se denes uveriv deka e bas taka konecno se resiv.
Se rabioti za (naselba-selo) Mralino-Marino,ovie dve so godini gi mesam i nikako da gi pogodam.
Znaci Marino ke bide ako ne se lazam,toa e ona posle Kadino ako odis kon istok.
Bev tamu ama kako da ne bev tamu,kako da bev vo nekoe selo vo Danska ili Holandija.
Sredeno milina. Ulici cisti,kuki za merak so ubavi ogradi,dvorovi da im pozavidat i vodnjanci.
Tolku cveke ne sum videl ni po parkovite vo metropolava.I toa napraveno holtikulturno na visoko nivo kako site da se diplomci na zemjodelski katedra Cveke.
Nikade po ulicite i do ulicite i malite kanali da vidis frlena kesa,limenka ili druga opakovka.
Na sred selo dve prodavnici i okolu niv ista pesna se stokmeno ne rsfrlano i ubavo za oci.
Tuka e i avtobuskata stanica,posledna od cisto pocisto...baram pikavec da vidam na zemja,NEMA.
(samo za sporedba na nasite avtobuski stanici gi ima i za izvos i da napolnis nekolku vreki.
Ova sega sto sleduva e uste pocudno,tuka preku ulica na avtobuskata ima edna kuka na kose vo koja dolgi godini ne ziveat sopstevnicite i verojatno se na pecalba dgenem.Taa nema ograda i sto.
Osven visoka treva-samonik drugo e se kako sto ostavile gazdite...i pak cisto,cisto i cisto.
Samiot se cudev kako moze ovoj napusten dvor da ne se pretvori vo buniste. Do lugeto e.
Vamu na primer sum videl vakvi desetina kuki sto ne zivee nikoj i za edna goodina dvorot ke se napolni so ostatok od piperot-zelkata i pcenkata po berenjeto ili stari kauci,gumi i solji.
(p.s. ne sum od Marino nitu pak dedomi ili babami e od Marino.a da ni zenami)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Драга,

Многу убав ден адреналин пука у мене.

Абе зошто сум толку осетлива? Се осеќам, а нејќам, сакам да сум фрида, ладна ко камен, ништо да не ме пали или ватева...

Хух.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.545
Кеј, иди најди нешто погадно од работна сабота. Па и од 12ипол саат.:(

Ја пуштив Сандра Африка девојка твог друга, тресењето на тоа газиште секојпат ме расположува.

Скролав по коментари и едно бате напишало "Vise ljudi bili u Sandri, nego u Africi" :pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom