Јасен ми е феноменот на елитизам у музичките поткултури, но постои граница што ако се надмине, идеш у екстремна. Сите преферираат некои ствари, а не преферираат други ствари. Некои имаат „помеко“ непце, некои се поинклузивни и не им сметаат повеќето од работите. Но иам другар што буквално е индоктриниран од една банда на панк/постпанк идиоти што стигаат до степен на некој културолошки фашизам. Степен до кој сметаат дека да би биле на власт, би забраниле таква и таква музика (не е ни на заебанција ова) и степен до кој им мрчат на луѓе за тоа како се облечени и што слушаат. Кога ќе се соберете на афтери е комедија. Некој од нив пушта музика и со страв и екстремна анксиозност е во исчекуење дали останатиот дел од сектата ќе му ја прифати како добра или ќе му ја осуди глупата песна.
И ликов, а и таков табиет е, е склон кон екстремна анхедонија и аверзивни чувства кон музика. 99% од вокалите му се срање, 99% од музиката му се срање. Сме седеле у кафана (Куќа) у која пуштаат многу добра музика. Иде „Депеш Мод“: „Ау, Депеш, океј музика, ама не го поднесуем вокалот, лигав е.“ Идат Лед Цепелин: „Одвратен вокал, не ги можам“. Иде Стинг (ФАКИНГ СТИНГ)... Пред да почне да сере, му велам: „Да погодам, срање тешко“. „Па, да, секако дека е срање, не го поднесуем“. Ова е онаков ултраелитизам, серење и на ствари што повеќето елитисти би ги испоштуеле у најмала мера. Ниво на ебано: „Слушам минимал од село во Норвешка, ми се свиѓа.“
Едно време водев кафуле и еднаш пуштив песна од Елвис на заебанција, почна да добива тантруми и напади да го исклучам „гнасното срање“ иначе ќе си идел. Кога седиме у кафич, прво што праи е проценка за музиката што се пушта и ако не му лежи на уво (а скоро никад не му лежи), сака веднаш да станеме пошо не може да ја поднесе. Дури се плаши дека ако го заслуша, ќе му влијае лошо и ќе го конвертира у глуп шабан (некоја форма на страв од естетска контаминација). И у задњо време почна ептен да ме иритира све тоа.
Априорно да реагираш со аверзија кон све што е музика е, исто, имање лош вкус иако некој може да си еготрипа дека има „високи критериуми“. Некои луѓе субјективно реагираат со задоволство на повеќето работи што ги слушат, некои поради „стекнат вкус“ од некоја подкултура и лични предиспозиции имаат потесни критериуми за тоа што им лежи на уво. И океј е сето тоа, све у свои граници.
Но неможноста да приметиш нешто што е добро (ко Стинг, ебате) и да реагираш со аверзија, е исто така оштетен естетски апарат ко тој што смета дека Синан е најбољи нешто у Универзумот. Грото од елитистите не уживаат у уметност толку, туку секоја песна (у контекст на музика) ја слушаат со екстремно блокирање на емотивното препуштање, им се пали некој мод на хиперинтелектуализација и слушањето музика им е тортура и болка, а не уживање. Да си ги блокираш естетското доживување и емоциите за скоро све што постои, а и да ти предизвикуе аверзија, е доста лош начин да слушаш нешто што е толку убаво како музиката.
Колку е ружно да бидеш со таков мајндсет...