Напукал 45. години и најголемо достигнување во животот му е што бил "центарско" дете. Уште го потенцира тоа во секој муабет, кога и да сме седнале.
Но, ќе загребеш под површината и ќе наидеш на она, "кад се сељак поципели" . Одел со некоја девојка од Гостивар, 6 години, ама некако нејасно го кажува тоа, валда оделе само за секс, барем мене така ми изгледа. Е сеа, мачово сака да се прикаже за голем фраер, па оди во меѓувреме со една друга, тука од Скопје, која му била бивша колешка. Е пази сеа мушко его, односно мушка мизерија, го шутнала таа од Гостивар, и ќе одел кај нејзините, патем кои не ги ни знае, бидејќи типката не го запознала, и ќе барал некои 7000 евра, кои и ги дал на типката, во моменти кога и шкрипел бизнисот, со долен веш за жени имала дуќан. Со цел памет ми го кажува тоа. Викам бате, ај подобро не, нека ти биде скапа лекција во животот, си мислам такви лекции се учат на многу помлади години од твоите, крај краева кажи и дека има добра пичка, и дека не жалиш парите што си ги дал за неа, за нејзината златна. Ама не, фраерот по роџење, скршен напола, како најголема сељандура, ќе одел за Гостивар и се ќе кажел, и ќе си ги барал парите за кои земал кредит. Си мислам, ќе си ги добиеш, сигурно. Греота да го зборам, едно кафе не почасти овие година дена колку што се знаеме, но нејсе, небитно, јасно е за каков мангуп станува збор.
А не е прв случај што го слушам каде мажите си бараат материјална отштета откако раскинале. И тоа мажи, кои се претставувале како мажишта.
На никој маж не сум му се правел, напротив, секогаш за себе сум имал слика дека сум детинест, и уште несозреан - и уште верувам дека сум и дека никогаш нема да пораснам, дека сум друга генерација на мажи, кои не служеле војска енд shit, пред мене цел живот го спакуваа во кофери и го однесоа, и младост и минато и иднина ми "земаа", и можеби уште се опоравувам, но збор не кажав, и на нозе претрпев се, збор не кажав и со прст не мрднав. Било што било, животот оди напред, зар материјалното е единственото нешто што го даваме на личноста со која сме заедно, па само тоа ли е вредно за да го бараме назад? А љубовта, а времето, а се друго?
И факт, колку што има блесави жени, исто толку се наоѓаат и малодушни мажи, се е во една рамнотежа поставено. И убавите круши свињите ги јадат.