Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Тие што предизвикуваат немир во државава и убиваат невини полицајци, да се сотрат еднаш за секогаш!
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.290
Поени од реакции
8.483
Оние што споредуваат протест каде што некој искочил мирно да протестира и вооружени ваљда терористи кои не е јасно како стигнале во Македонија. Е тие да ми ги објасниш. Протестот е граѓанско загарантирано право а терористички напад не. Да ми ги поздравиш бациш тие фаци и да им објасниш елементарни разлики.

ПС. Ако некој стварно се обидел да го исценира истово се надевам дека ќе искочи тоа на виделина и ќе му се пресуди болно и пополека.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Драга ма зш те избаговаја вчера да не мојме да влегвиме овде на форумов, абе да би на буниште ве затрупале. Тук остај то, овај комшијава ептен будала е бе. Ко пусто гојдо ренде бараше, ренде му дадов и то пази најомиленото шо ми е од Солинген. И тек сега пак ми викат "Абе не ти го вратив?" демек наудрен се прајт. Е не бе кај женати ќе одам другиот пат да го побарам, ебати сортата твоја ботунска, кукајца една.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кеј,

Тони ака Шанац тој човек остана без ум како старее така и будалее, човекот дефинитивно се отсели од реалноста... Или пак не сака да ја прифати.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Вчера ми беше обиена канцеларијата од фирмата, веројатно охрабрени поради зафатеноста на полицијата. Канцеларијата се наоѓа во Кисела Вода. Имало обиди да се обијат и околните кафичи. Just a heads up за сите кои имате слични простории во кои чувате пари.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.155
Поени од реакции
8.133
Кога веќе зборуваме за човечност владеачката партија вчера цел ден го имаше мобилизирано членството кое беше на готовс да замини за Скопје да протестира против некој, кој знае кој.

Не можам да сум мирен кога и другар ми Македонец и другар ми Албанец ме прашуваат да дискутираме што се случува. Не можам со мирна глава да седнам да учам. Згора на се вечер па и на свадба сум, што се тие луѓе криви што цела прослава им се наруши.
Што сите заедно сме криви и споменатите и не споменатите да трпиме за некој да си игра. Не можи човек никако да остани рамнодушен на ова.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Crazy in Love пред некој ден пиша на темава за британските политичари како застанале рамо до рамо на денот на победа на фашизмот и ја покажа големината на тој народ. Моментално нас ни треба тоа, без разлика на бојата да покажеме дека сепак сме сплотени и дека сме силни. Да искочат заедно Грујо и Заев па и албанските политичари (ако мислат добро на оваа држава) заедно да покажат сочуство и заедно да ја решат состојбава во која се најде македонскиот народ. Да ни покажат дека државата и овој народ и ме се поважни од нивните политички цели. Нека дадат чувство дека нема поделби во оваа држава, бидејќи тоа тие го сакаат ,,Раздели па владеј,,

Лесна ви земја херои, Македонија ќе ве памти.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Во контекст на муабетов, неможам а да не признаам дека постојано ми ѕвони во глава една реченица на БЦ од неодамна, вели "Они се спремни да одат до Крај, прашање е ние до кај сме спремни да одиме?". За жал, има поента човекот.
Инаку, страв не ми е, ама Ич. Смешки е ова. Патетики живи.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Соросоиди,Педери,Маратонци,Протестанти,Пленумци,Твитераши .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom