Драга Кајгана (виртуелен дневник)

C

CoolIris

Гостин
Драга Кајгана,

Си реков денес втора смена, еј супер ќе се изнаспијам ко човек, затоа што последните неколку денови сум хронично ненаспана. И пак станав утрово во 06 и 15, па бидејќи немав што да правам, го шетав бебчево низ населба. Бебче = куче, во мојот случај.

Инаку сакам да кажам, вчера на преглед дојде пациент со тетоважа "Никола Груевски" на левата страна од градниот кош. Значи, exactly кај срцето. Среќа носиме маски на лицево, па не ми се забележа "what the fuck" фацата што ја направив. Се е океј, секој со својот идол во животот.

Друго, читав погоре за различните типови на луѓе што ги среќаваме во животот. Се согласувам со напишаното, ама да не се лажеме, сите барем еднаш во животов сме биле "Само да прашам нешто" - човекот.

Ииииии за крај да кажам дека и мене многу ме нервира кога не се почитува правописот и начинот на кој што се изразуваат некои луѓе на форумов (посебно кога станува збор за долги реферати, на сериозна тематика). Знам дека некогаш и јас правам грешки, ама генерално пред да го постирам постот, се трудам да го прочитам барем еднаш. Тоа што ме нервира е пишување на латиница и пишување сваќам наместо сфаќам, ефтино наместо евтино, сватба наместо свадба, незнае и неможе наместо не знае, не може, децки и прецедател, наместо детски и претседател. Ме нервира многу кога некој во трето лице множина пишува работаат, учаат, праваат, мислаат. Значи, ако глаголот во трето лице еднина завршува на (тој учи), тогаш во трето лице множина, -и преминува во -а (тие уча), па потоа додавате само -т (тие учат).
Значи ќе биде: тие работат, тие мислат итн. Ако глаголот завршува на -а (тој гледа), тогаш додавате -ат (тие гледаат). Значи ќе биде: трчаат, цртаат, играат итн. Има уште многу нешта кои ме нервираат, но ќе продолжам во некој друг пост.

Убав ден!
 
Последно уредено од модератор:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Драга

Твоите членови го обожаваат мојот дијалект, па дали да се прешалтам да пишувам само кумановски или да правам дупли профил, како некои твои членови?! :icon_lol:
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.177
Драа

Обожаам бисери,наравно не оксридски.Обожаам некој кд ке тресне нешто,штисни сифт и слично,обожаам кд ке тресну и ја.

Мене омилен бисер ми е
"Лани летоска за нову годину"
Ноншаланто га кажа,згазисфа ми се, а ја не ни примети дека сам погрешија.

Омилени градски бисери су ми Скоприд(возимо се од Оксрид за Скопје и девојка му му врте сто пута, он више збунет,гладан и изноен,незнае куде смо што смо, вика еве више сме у Скоприд хахахах)
Друг омилен ми е Кратовиш, идесмо за накуде Радовиш, а зборемо за Кратово.

Едн од детстфо у Крани, едн скопјанац.... "жими бокс ке ти удрам мајка" :ROFLMAO:

Бисеро моме Бисеро.
Тфоето грло хубаво,мазно,празно
Да ти га напуну hh
 
Член од
30 август 2017
Мислења
997
Поени од реакции
1.433
Драга,

Не знам како младите генераци што реално не ни се знаат што е комунизам, губат здив и време зборувајќи со гордост за таквата идеологија. Не знам како да ги опишувам таквите типови, дали не знаат како пред другите да бидат интересни, па мислат дека ке бидат привлечени зборувајќи за марксизам-ленинизам (што реално не ни ја разбират). Постарите генераци не ги обвинувам (мислиле дека се е супер), но драга моја генерација да ви кажам нешто, нема сомневање дека после национализам и фашизам, комунизам е најдеструктивна иделогија за човештвото. Срамота е за твојот интелект да сметаш дека таквата идеологија треба уште ден-денеска да постои.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.986
"Статистиката покажала дека после декриминализацијата на марихуаната во Холандија, се намалил бројот на корисници на истата'

Хех, аматери, само со ситен криминал се замараат овие.

Ние во 2001 декриминализиравме терористи и стварно, бројот на терористи се намали во државата.
Е сега, рака на срце се зголеми бројот на политичари во државата...ама тоа е, не може да имаш се.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
997
Поени од реакции
1.433
Драга,

Не само што песната е врв, но ја гледам публиката значи колку биле напредни тие млади генераци на 60-те, 70-те, која шема човече. Се прашувам само што му се случи на Светот?

https://www.youtube.com/watch?v=Ef9QnZVpVd8&list=RDJwtyn-L-2gQ&index=8
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Да се надоврзам на темата со правописните грешки.
Ако нешто сум научил од форумов, тоа е колку-толку да пишувам политературно. Од nemozam, svakam, форца латиница, бележам голем напредок. Не дека сум се трудел, само ми дошло со годините поминати на интернет просторов, од кои завиден дел од времето поминал во спамање на кајганава.
Последно сФатив дека правилно е да земеш нешто предвид, а не во предвид. Тенкс то Ел Нињо :D

Да се надоврземе на грешките.
Ќе ги издвојам најчестите грешки кои ги имаат на статуси од навивачки групи.
- „Продажба на нови маЈци“. Членови на секоја можна навивачка група, без разлика на градот од кој потекнуваат.
Новата мода со оставање празно место пред интерпункциски знаци. Особено пред прашалник или извичник. Исто така, особено е во мода ова кај помлади генерации, до тој степен што мислам дека веќе и во училиштава така им го предаваат тој дел. Или па имаат некои коректори што автоматски им оставаат празно место. Невозможно.
Едно време бев дел од луѓето што пишуваа најави за натпревари на странава на Комити и извештаи од натпреварите. Никогаш нема да заборавам кога видов објава во која стоеше фејЗбуГ. What in the fucking fuck. Ајде З-то ќе се проголта, ама Г???

Од останатите вести, мора да признаам дека сум разочаран во која насока оди литературата од македонските писатели, поновите писатели. Од една страна имаш книги напишани со фрази кои верувам ни самите писатели не ги разбираат. Нафрлани реченици со копирање на познати писатели, но реченици кои немаат никаква смисла со остатокот од напишаното. Убавината на делото е оној кој чита, да го разбере, а не да се малтретира да го толкува секој збор. Преземени зборови од странски јазици, користени со цел да изгледаме попаметни. Тотално несодржајно, досадно за читање.
Од друга страна има книги за кои е чудо како минале рецензија. Па уште кога гледам дека добиваат некакви признанија, тешко срање ме фаќа.
Една девојка (за ова треба да се консултираме со форумските кадии, дали 20 годишна женска особа смееме да ја наречеме девојка или тоа е жена) напишала неколку книги во тинејџерските години. Ми подари една од книгите, но за жал, вредеше само посветата :D Предвидливи настани, очаен правопис. На една страна имаше во просек по 10-тина правописни грешки. Две години гледам како добива награди за своите дела. Реков ќе ја информирам како ми се допаднала книгата, ама си преќутев. Некои работи подобро е да останат неискажани.
Пред многу години и еден член на форумот ми подари книга. Да му се извинам што се' уште не сум стигнал да ја прочитам. Сум ја ставил на полицата и ми останала таму непрочитана. Работава на лаптоп по цели денови ми ги убива очиве, тешко е да ги „одморам“ со книга како порано...

То је то, организирам нешто што секогаш сум сакал да го организирам. Wish me luck :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
ДК,

Бев пред некоја недела во парк, знаеш да фрлам некој поглед. Не се сеќирај, добро бев маскиран (шал, маска, наочари за сонце), крајно несомнително. Си земав и книгиче демек ќе читам, ама ништо.

Прво вниманието ми го одвлече една баба. Не е тоа што мислиш. Седнала, со отворени очи и уста и сѐ што прави е гледа во едно дрво. Класично безделничење. Сигурно дошла со замисла "денес ќе буљам во едно дрво цел саат". Седнав на една клупа блиску неа, ама не можам да се сконцентрирам. Во еден момент се прашав дали е жива бабичката. Ајде читав што читав и со врвот на окото приметив движење. Стана бабичката, седна на другата клупа, во иста поза и продолжи да зјапа во другото дрво! И после јас сум имал досаден живот. :rolleyes:

Потоа помина едно така попуничко девојче. Ја знаеш онаа раса на кучиња што личи на лав? Имаше такво. Зела ко сивоња, со цела коњска сила, да го влече Лавот, а тој видел мака и кутрото сака само да чучне. Зорт и не се дава. Пушти го бе кутрето да се и*ере. Па зема да го тепа! Што ако го тепаш нема да има мака!? Таа го мава, а него qr го боли, си заврши работа. Замисли тебе некој да те лиши од тоа право? Јас би го дигнал на ниво на уставно начело, за човекот секако. Или може брзаше дома затоа што и ти имаше иста мака? Ако е така, дај Боже тенка столица да си имала па да не си стигнала до посакуваната локација. Зошто си го изнела Лавот надвор, ако не да се про*ере и про*оча?

пи.ес. Нема да ве давам со граматика, ама јас наводниците си ги пишувам горе затоа што така сакам. :backa:
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.408
Само што видов меморис на фб 2 години пријатели на фб, не дека памтам датуми. Ја нов во Хрватска уште некои зборови непознати, ми објаснува нешто и вика стражњи дио. Викам шо е ова, странично? Не, вика стражњи као стражњица. Ја поим немам, не знам што е тоа. Се прсна од смеење и се удри по гз :cautious: Некогаш треба да ми се нацрта :D

После таа лоша епизода со познавањето хрватски, упознав една французинка, се спремаше да бега за Нов Зеланд за недела две. Ми вика нешто лично да ми преведеш од англиски на хрватски. Викам нема проблем, само нема да биде скроз граматички точно :D Ми изваде едно писмо од 8 страни:icon_lol:
Нема шанси викам, ја мислев реченица, две, 5, а не...ова чудово шо е? љубовно писмо? :pos:
Не е љубовно, ама итно ми е ќе ти платам. Е супер, си викам од незнаење шо е стражњица преведувач станав и ќе заработам :D
Писмото беше до родителите на екс дечкото, до денес не знам дали го наместила да скапува у затвор/лудница или богзнае шо и дали ради тоа евакуацијата у Нов Зеланд. Само на французинки налетував, ниедна нормална :D
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги, пијам кафе и се спремам да месам пита. Мхм, се осеќам подобро па редно е да запрљам раце. Господин супруг е сумљив дека ќе излезе нешто, не ми се верува дека во 3г не сум му направила пита бе. Една тетка ме научи на оваа пита, едвај чекам да се испече. Ама атмосферава е само за пита, јогурт од Трница и шетња после низ планинава. Убав ден!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Сè од граматички грешки набројавте ама презимињата ги заборавивте. Кога ќе видам ПулишиЧ, МатиЧ, БогдановиЧ по форумов... :гомце:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
ај да ти пишам и јас „неколку реченици“, :D

знам дека кајганата е направена од секакви јајца, мали, големи, потазе, постари, од лево јајце, од десно јајце, а богами и од две женски јајца, ама све тоа во интерес на добра и вкусна кајгана за сите нас,
...искрено мене овде кај тебе, воопшто не ми пречи никакви пишани грешки, ниту пак некој дијалект што е богатство на некој народ, а најмалку ми пречат граматички грешки, не барем до толку за да се цитира некој пост тука на форум насочувајќи ги грешките, како да е закажана писмена работа по македонски јазик па сега ќе оценуваме, а порталите, новините, јавните медиуми каде се присутни професионални новинари без никаков критериум грешки какви и колку сакаш, мене ми пречи содржината за искажаниот збор кога се фрла со дрвја и камења,

Кајг,
знам дека знаеш, ама ај да ти кажам дека егејците „Кирил и Методиј“ се заслужни за се’ словенско описменување, но кога би се повикале на формирање на македонскиот литературен јазик поточно е да се повикаме на Јаоким Крчовски, Теодосиј Синаитски, Кирил Пејчиновиќ, Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, а посебно Круме Кепески и Блаже Конески со создавање на граматиката, речникот и правописот на македонскиот јазик,

Кајг,
ти самата знаеш дека на твојата платформа има неписмени, ама има и многу писмени што не ги познаваат доволно сите граматички правила и тоа е нормално, што дава до знаење дека самиот јазик - македонскиот јазик е богат и ние треба малку да сме попрофесионално аганжирани токму во спознавањето на некои нови измени токму во таа граматика во текот на нејзиниот развој ( К.Кепески граматика, Б.Коневски граматика) како и влијанието врз различни генерации кои учеле во различни периоди во равивање на македонскиот литературен јазик и нејзината граматика, почитување на туѓото мислење во врска со примена на правопис, начин на изразување значи само почитување на сопствени корени и гарантирана иднина,

Кајг,
одамна беше, ама ај потсети ме пак дека македонските глаголи се делат на три големи групи според последната самогласка во трето лице еднина од сегашното време: а-група, и-група и е-група, освен глаголот „сум” кој е единствениот глагол чија форма за трето лице еднина сегашно време не завршува на самогласка и затоа се смета како исклучок,

ice_screenshot_20201121-164213.jpeg ice_screenshot_20201121-164238.jpeg

кога се работи за свршениот глагол „работа“ во сегашно време или идно време во трето лице множина лично „крајот“ си го пишувам со две „аа“ сака му се допаднало некому или не,

ice_screenshot_20201121-164913.jpeg ice_screenshot_20201121-164929.jpeg

но искрено не ми пречи и да биде сегашно време несвршениот глаголот „работи“, па да да си има на крајот само едно „а“ во трето лице множина,
...така да Кајг за да впериш со прст кон некого дека греши, а не греши, а посочениот прст мисли дека не греши, треба истиот да биде идеален, а тоа го нема и не треба да има за да биде шаренолик светот!

ice_screenshot_20201121-170853.jpg

и нормално скоро сите членови пишуваАТ на Кајгана во секакви услови, скриени под ќебе, над веце шоља, додека се фенира, додека руча, додека мастурбира, додека гледа ТВ, додека се секса, после секс наместо цигара, од ајфон, од таблет, од ПЦ десктоп, од лаптоп, во нервозна состојба, во пијана состојба, во кама_сутра состојба, во депримирачка состојба, во заљубена состојба, во радосна состојба и сега треба да внимава во пауза после запирка, дали пишува со голема буква или „и“ наместо„ј“ во множина или пишување со латинично писмо? :facepalm:

П.С.
... моите три точки, на почеток на реченица, на средина, на крај или било каде значи дека мислата и смислата ми е во продолжеток или ми е во прекин па скокам на друга мисла ... ама тоа нели не е важно, затоа што никој не ми ги чита моите долги, досадни, небулозни, ненормани, квази, Алиекспрес постови, а камо да ги примети интерпукциските знаци, граматичките грешки и други граматички параметри во самиот пост!

П.С. на П.С.
Кајгано, ова само тебе ти пишувам знам дека знаеш и дека ме сакаш, иако искрено не си баш здрава за јадење! :jajce:
 
Последно уредено:

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Кај,
Денес имавме прв тест за практично мануално и автоматизирано тестирање на веб. 12 саати со една мала пауза. Веќе разбирам како и зошто издржуваат луѓето што го работат ова!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom