Драга Кајгана (виртуелен дневник)

H

HoT _iCe

Гостин
Срц,

Днска беше у велики град да гу возу сестру ми на интервју за работу и у пролаз викам ај ќе се паркирам туј куде 8ми септември болницу па ќе се размрдам пешки до Сити Мол пошто и онакој имаше да тепам некои добри сат време и случајно оду си ја такој лагано пошто сам алфа у свак поглед за овија скопски педеришта и проваѓа една женска, она маску, ја маску, све културно ама такво eye fuck у живот не сам доживеја, еј ти, ако ме читаш знаеш кој га пишуе овој и надам се ќе пишеш у ПП, никад не се знае, мала е Македонија хехе <3
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Пред отприлика пола година видов едно интересно видео на ФБ со едно кутре кое ги изгубило предните нозе. Малечково за да оди се крева на двете задни нозе. По неколку чекори ќе падне и пак ќе се крене и ќе направи некој чекор. Се така си тера, се качува и по скали. Ги изгубило двете нозе, но сепак се радува на животот најдобро што може. И потоа ти доаѓа некој човек што е и здрав и прав, ни нозе ни раце ни к** му фали. Ти плаче де топло било летоска, де ладно било зима, ептен било мокро на есен дека врнело, на пролет алергии имало. Е јбг де, ќе биде и топло и ладно и мокро и секакво. Не си единствен на кого природата му го плеска газот на тој начин.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
d... porano pred skopskoto zemjotresenie ova vreme odev na Vodno da sobiram kostani.Vodno ima najubavi kostani-najsklatki. Itamu pod kostanite ke vidime suska nekoe zivotince a i na grankite imase a cesto naogavme i otpadnati rogovi od elenite ili kukarki od zelki i polzavi, no toa ni bese poznato,nas drugo ne interesirase,togas burickajki so stapcinjata pod kostanite baravme i naogavme neekspolirani nekoj bombi i granati i kursumi i toa ni bilo golema radost iako imase togas vrlani letki od aeroplanite za da ne fakame takvi raboti ako najdeme. I posle se znae palevme ogan vo jazot i cekavme sokrieni i posle BUM.BUM.BUM.
Sega po 60 i kusur godini pak otidov na Vodno po kostani. Ranecot,termosot so nesto toplo i stapceto... i pocnav da burickam pod kostanite.
Ne vidov otpadnati rogovi od eleni i kukarki od zelki ne zakaciv ni nekoja bomba ili visek. Kaj da sutnes ,kaj da grebnes sto ke vidos pod lisjata,sade nekoj plasticni sisinja,more i nekoj stakleni i nekoj razni limenki vo razni boi a bogami nekoj i so crtezi na rogovi ama ne elnski tuku bivolski, a i najpoveke nekoj baloncinja i tie vo razni boi polni so mrsuli a na okolu sade salvetki sto ne gi pokrile lisjata,more imase nekoj zakaceni i na grankite.
I sega imalo korona 19...more ke ima kORONA 190.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.827
Прва недела во животот, каде што сум излегол само две вечери во текот на неделата, па макар и на обична прошетка. Не уби короната, ладното, загаденото, депрето кое владее меѓу сите. Едвај чекам да фатам по планиниве викендов. Уште колку време ќе останеме без навивање на трибини? Верувам ни навивањето нема да биде исто повеќе. Ставам слушалки и ја гледам и слушам прославата на Торцида. До даска, да ја осетам пиротехниката, огнометот како пуцкета, силината на стиховите од песната во позадина. Перверзија, капа до под.
Чепкав по фиокиве и налетав на писмо од една турчинка што ми го пратила во октомври 2006. Титкав на рандом број во Туеција, ми стигна порака која едвај ја дешифрирав. Се распишувавме, па ми прати писмо. Класика тинејцерско писмо, исшарано со метал групи од страна, ФЕНЕРБАХЧе и некои љубовни пораки. Дојде по некоја година во Скопје, имавме двонеделна љубовна приказна. Којзнае каде е и што прави во животот.
Под пликото едно лижавче, старо ококу 11 години. Можеби точно на овој ден е купено и подарено. Се прашувам дали се уште постои втората половина од него.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Среќен ден на fun at parties луѓе што им смета дека некој сака да се маскира и забавува денес у македонија, за малце да проба психички да избега од општествената криза у оваа мизерна држава, и да проба да се поврзе барем малку со нормалниот свет.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.213
Поени од реакции
22.844
Вчера го гледав Шон Конери во Entrapment сосема рандом на ТВ (јас ТВ еднаш у година гледам) за да сега дознам дека починал човекот. :(

Почивај во мир, отсекогаш имав добро мислење за тебе.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
ДК,
Пошо е мал светот и јас да ѝ пишам на смрдлата, може ќе прочита.
Еј ти, смрдло, што се „разминавме“ во близина на Рептил во Дебар Маало на Рузвелтова. Во животот си се научила да ти се тргаат од патот пошо си жена, дотерана, и ги задоволуваш некои од стандардните критериуми за физичка убавина. Но јас, како алфа мажјак со висока самодоверба, не ти се тргнав, и нашите раменици се судрија. Сигурно ти беше многу непријатно. Тоа ми беше и целта пошо егото ти е through the roof. Се надевам ќе го спуштиш и ќе научиш да се тргаш од патот кога пешачиш.
Поздрав
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.356
Поени од реакции
38.615
Сите знаевме дека Тамара е глупа, али не до толку ебемти... Штета, да знаевме ќе ја испровоциравме ликот на Грујо да го тетовира под десната цицка.
 
Ф

Флеш

Гостин
Дел Бој смирено бајо мој ....

Тијанчето го тинтраме за некоја минута ... Сепак постара е она, нели ?! :LOL:

Screenshot_20201031_173257_com.android.chrome.jpg
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Сакам да ја поседувам заинтерсираноста на далечен роднина кој ме гледа на свадба после 20 години,и ме испрашува за целиот мој живот притоа обидувајќи се да ги дознае сите мали слатки тајни во него.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
Кајг,
вртам сателитски програми за некој добар филм, а тоа све хорор, зомби, ѓаволи, духови, вампири, крвишта и смачкани глави -се мрднал светот?
сега се сетив дека секоја година на крај на октомври на последниот ден 31ви, еден глуп празник некаде се празнува -Helloween,
наместо да го испоштуваат Шон Конери, да дадат негови филмови ,,ин меморијам,, тие со тикви и вампири се занимаваат,

1604182970553.png 1604182638282.png 1604182740655.png 1604183371391.png

Sean Connery, почивај во мир!
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Со ова што го правеа денес улавите со лешот на Амфилохие (патем, еден од најголемите душмани на македонците) покажува која уназадена маса живее на балканиве.

Сепак и такви какви што се, не се ни приближно до примитивците заболени по педофилот од арабиската пустина кои во негово име сечат глави на нормален народ.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Има луѓе кои цел живот трпат мајтап од другите. Не зборам за некакво насилство туку за типичен мајтап. Не поради тоа што имаат некој физички или психички недостаток, туку што знам, обично самата појава им е комична, или не се многу бистри па често лупаат глупости, или па се избламирале во некоја ситуација па тоа останало да се прераскажува.

Контра ова, има луѓе што носат некаква етикета на градски фраери, јаки ликови, закон фаци. Обично пошто фураат некој таков имиџ, се вртат во популарни кругови или се од „елитна“ фамилија. Па на некои „обични смртници“ им доаѓа како привилегија да се фалат дека се знаат со „тој и тој“.

И што ми е сега поентата? Сум видел примери каде некој од оваа првата група трпат мајтап дури и кога прават нешто сосема нормално. Ми текнува на едно такво типче што го знам кој си трпи таков потсмев. Еднаш се сеќавам ставил нормална слика на ФБ каде се сликал во кошула и сако, ништо смешно или чудно, ама некои идиоти одма зеле да го зафркаваат во коментари.

Приметив па кај еден друг лик, припадник на втората група, објавил слики на Инстаграм облечен во некоја смешна блуза, а капак на тоа татко му во коментар му ставил срценца и лајкчиња. Тие си знаат, ама за мене е смешна и детска работа. И нормално никој не реагирал на тоа, напротив, пак еден куп коментари со „тоа брате, најјак си“.

И си мислам, замисли да беше обратна ситуација. На овој првиот татко му да му стави срце на слика има да го пукнат од зезање. Па дури ќе се прераскажува тоа со години и ќе се прават шеги на негова сметка. Кај вториот дури и да се нашалиш за ова во друштво реакцијата на повеќето ќе биде „нема врска, негова работа, не е толку смешно“. И вака било и пред 100 години, и пред 50, и пред 10, и сега. Навиката да се лепат етикети, да се понижуваат „послабите“ и да се издигнуваат „појаките“ пошто така вика толпата... Кој па да се замара да има свое мислење...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom