Во потполност се согласувам со ватовото мислење за мувата. На ист принцип работам и јас со тие гадни и крајно закојкурпостојат суштества. Би рекол соработувам ама тоа не е соработка пошто единствен соработник сум јас со самиот себе кога се договарам дали да ја гонам со јастук или да ја чекам да дојде пред мене и да добие шамар.
Јас ја користам оваа прилика да спомнам едно слично искуство со едно слично копиле наречено комарец. Глеј, коа би бирал кого повеќе да сфатам и разберам у нивното постоење, тогаш тоа дефинитивно е комарецот, он постои се со цел да ти се напие крв пошто од тоа живее нели, не можеш на некој да му ја ускратиш целта на постоењето, не сум таков јас. Поштувам.
Мувата не знам зашто постои и не ми се влага во анализа на нејзиното постоење пошто ме фаќа нервоза.
Е сега комарецот, чека прилика да влезе у куќа, наоѓа прилика, влага и се крие негде во текот на денот. Вреба.
Како се спушта ноќта така во мојата соба се спушта ролетна и настанува еден пригушен мрак, каде единствени светла се мониторот и телевизорот. И тука немаме проблеми, го гледам си вртка лево десно, си летка, ок не те закачам, уживај, смееш да стоиш на телевизорот и да се грееш, смееш и на мониторот ама да не ми бодеш очи пошто ќе добиеш надворешен дел од дланка. Поштува и он, не викам не. Така и поминуваат голем дел од вечерите се додека неговото височество Џонтра или по ново Джонтра не одлучи да си легне. (тоа со желбите за неразбудување не ги спомнувам пошто не е за мене муабетов, да не бидам себичен нели)
И тука доаѓа еден момент на негледање на комарецот, си викам ок изгледа се успал негде хехехе какав данак неискуства. Гасам све и си легнувам и тогаш почнува сцената од
Апокалипса сега на Френцис Форд Копола. вррррррр прррррррррр такактактакткактака крррррррр ззззззззззззз ффффффииииииииииууууууу све и свашта се дешава врз мене. Па добро бе маме му ебам, 180цм сум висок и од цело тоа мое прекрасно тело ти најде крв да ми пиеш од лице, од око, од уво, од нос, од уста. Племето да ти го ебам. Ене ти нозе доле, испиј едно кило и не замарај до следна ситуација.
Станувам и го зимам најсмртоносното оружје наречено јастук или перница, и почнува ловот. Е тука се глупи маме им ебам. Застани бе куртону на некое црно место, никад нема да те најдам. Ама не, он сепак одлучил да се скрие на ѕид, на белиот плакар, и на слични видливи позиции каде добива јастук или перница, на видливото место остануваат трагове насиље а јас си легнувам до следното соочување со копилињата неразбрани.