Кога бев помал, основно негде, поточно кога бев девојче, еден ден татко ми ја имаше подотворено вратата од рерната за да се изладел оризот кој го имаше зготвено мајка ми. Арно ама се заматкал нешто и ја заборавил така отворена и нормално големите свети суштества наречени муви влегле внатре и сместа умреле у сред ориз, пошо грешните копилиња се створени да бидат штеници, осеќаат мирис на храна и гомна, ама затоа 200 степени не осеќаат. Не бе не, никад нема да разберам која е целта на постоењето на мувата и комарецот, апсолутно 0 допринос за живиот свет и околината, чисто за болести и штети се создадени. Нормално од тогаш до ден денес кога и да имам ориз за јадење прво детален преглед добива тавата па после јадам. И денес имав ориз. Прегледав детално. Јадев. Пардон, се упропастив од јадење.
Мора да признаам интересна приказна раскажав од мојот тажен живот, еквивалентна на смислата на постоењето на мувата.