Кој тежок ден. После продолжен викенд, назад во канцеларија.....секогаш е тешко.
Прекрасно поминат викенд во Охрид, релаксирано, опуштено. Вчера стигнав касно во ноќта во Скопје, сакав да го искористам денот до крај. На враќање возев релација Охрид-Ресен-Битола-Скопје, подобар е патот за разлика од преку Кичево. Одлучив подобро ќе извозам 240км него ли во ноќта по никаков пат.
Си легнав накај 1 после полноќ, па се вртев во кревет уште еден саат и станав во 6. Дополнително денеска времето изреметено, сонце, облак, ветер....ми ја ступани уште толку главата. И како капак, на враќање од работа цел град блокиран, возев скоро еден ипол саат од Карпош до Аеродром. Тампон во центар. После кај Скопјанка еден фраер....шоферче нечиво, со Мајбах ми улетува во лента, му свирнав да не влезе во мене.....сељачина гадна уште два пати ми сецна со волан, демек ми можеш нешто.....ропак. Сите тие такви ликови би ги депортирал трајно од државава.
Така ми дојде преку глава од денов, не сум способен повеќе за ништо. Вести не читам, не гледам....ќе се изнервирам дополнително. Сега еден туш, вечера и денес рано во кревет. Утре нов ден.