ДК,
"Во текот на целиот свој живот си создавав извесна претстава за Франција. Чувството ме инспирираше исто толку добро колку и разумот. Чувственото во мене, природно, ја замислуваше Франција како принцеза од бајките или како Богородица од фреските, што била заветувана за возвишена и исклучителна судбина." Шарл де Гол зборува за својата Франција. Таа е ударната реченица во неговата автобиографија.
Скоро сите претседатели на Америка имаат напишано некое парче говор каде се величи нивната држава. Бритите и Германците исто, дури и лидерите на фашистичките и нацистичките движења имаат свои говори каде ја гледаат и како ја гледаат својата држава. Од лево кон десно. Помалку или повеќе плагијат, ама таа идеја се пренесува кон народот.
Што напишале нашиве модерни политичари за Македонија? Само ЕУ и нато, немаат никоја друга визија за иднината. Меѓусебни помилувања, глумат визионери и партиоти, а притоа власта на користат за тренирање на своите магариња и влечење за уши на својот народ. Војводата, неколку години пред да стане премиер, пишуваше за пи*ки во неговата легендарна поезија. 30тина стр и 100 печатни грешки. Заев не признаваше избори, каде сеуште не беше пребројан ниту еден единствен глас. Никола 11 години не одговори на новинарско прашање и не одржа еден говор без читање. Тоа се нашите лидери. Не знам на која платформа ќе ги пласираат своите идеали! "Еб*м ти народ таков". Тоа е крај на сечија политичка кариера, камен да се фрли на народот или на државата. Сакам да прочитам една единствена реченица, од нашите политички лидери, каде ќе ја вратат довербата во нашиот систем и во нашата држава. Една, која ќе се читира години откако ќе ја напушти власта. Една визионерка уникатна изјава, ништо повеќе не барам.
Се надевам дека сте ми добри.