Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Последно време пијам толку многу пиво шо без проблеми можам да станам воџа на подгрупата "ПИВО" шо навива за Ф.К Вардар :icon_mrgr:

Претходно пишав тука кога пиев со луѓето од Полска шо живеат у зграда и лошо поминав, затоа од сега само со колегите од Виетнам, у тој случај за нив јас сум Полска :icon_mrgr:

Замисли стварно дојде ред да станам виетнамско-кинески зет, како тргнало секоја вечер со пиење пиво, богами ништо не се знае :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Драга,

Сабајлево ми излегува статија на фејсбук од Црнобело (Стварно не знам зошто уште го имам лајкнато сајтов). Насловот беше: Експлицитни фотки од скопјанка на твитер.

Немам Твитер, ама знаеш дека и без акаунт може да пребараш и да читнеш нешто и оп цуп ги најдов твитовите на "безгрешната" твитер заедница. Кој од кој поморален и побезгрешен. Делење дијагнози за Бардовци, за тоа како била неморална типката, немала памет, немала ова, немала она.

Многу ми се свиѓа оној дел од Библијата што вика нека го фрли првиот камен оној што е безгрешен. Уште пофасцинантен ми е фактот дека Македонија е земја на безгрешници и светци/светици.

Пола од типките што плукаат по девојкава ги имаат изневерено најдобрите другарки и другари, ги оговарале, им копале јама зад грб, ги изневериле мажите и дечковците кои им се најголемата љубов во животот, типовите се вртат по малолетни девојчиња и дркале на сликите од Телеграм, ама некако ги заболе што рандом девојка си делела свои голи слики за одредена цел.

Па преку кур од лажен морал.
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Фотографија на Milka Kirovska.



D..... ne, ne e ova za vo humor, ovaa vistina i nas ne pogadja,mislam na Romcinjata sto sedat na konjskine speditri i sto sobiraat kartoni i plastika.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Здраво на сите ако сакате и вие да добиете лажица за супа се што треба да направите е да го лајкнете ова мислење,да ме заследите на инстаграм,и да ги заследите профилот на прибори за домаќинство од порцелан-Скопје,добитникот ќе биде извлечен на 15 мај.
Станавте бетер и од цигани на бувљак семката да ви ја ебам ќорава.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.818
Поени од реакции
30.704
Кајги...
Ја сакав, премногу ја сакав господ ми е сведок. Кога заминав она поради одредени причини остана не можеше да дојде.
Ми фалеше премногу, ми фалеше секој ден, секоја ноќ...ми фалеше да ја држам во прегратки, нејзиното тело и облини, да ја галам по вратот и слушам како се смее.
Абстинирав долго време, мислев ќе издржам но паднав во искушение и не знам дали ќе ми прости некогаш.
Едно утро одејќи на работа ја видов, стоеше таму преубава иста како неа но малку помлада. Поминуваа денови, недели, месеци а она секое утро таму на исто место и никој да и пријде, сите само ја гледаат.
Ме излудуваше до степен да неможев да спијам.
Денес собрав храброст и решив да и се обратам, од блиску беше уште поубава.
После некое време флертување, убедување и натегање се согласи да излезе со мене.
Вечерва го имаме првиот дејт :)

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.406
Поени од реакции
85.355
Единствен човек од државава што живеел живот како на филм е уствари Игор Џамбазов.
Од пороци, лихвари, ТВ слава, пропаднат брак и се тоа.... тотален холивудски филм може да се направи

Еве пази, може и добар каст да се направи:

Главна улога: Бредли Купер
Пошто е продуцент и купува права за се, има глумено сличен лик, добро му стои долгата коса и башка во Холивуд секад вакви згодни фаци глумат real life луѓе



1589240447962.png

Бонус: Слика од Купер со алкохол за да се долови дека фан-кастингов е генијален
1589240483853.png



Тони Михајловски: Ралф Фајнс
1589240693707.png

Пошто знае како да глуми ќелав лик што се смее ептен:

Искра: Џенифер Анистон

Пошто ја има харизмата и позитивната енергија на Искра:

1589240853489.png


Наталија Грубовиќ: Тејлор Сфивт

Пошто ти треба не-актер за да привлече публика, а секако ќе има кратка улога во филмот само да се мрда од точка до точка

1589240933429.png

Весна Петрушевска: Џилијан Андерсон
Како пријателка на главниот лик со мал број на сцени ти треба некоја што има искуство во глумење, ама и треба да е ТВ актерка пошто ипак имаш буџет нели..

1589241075568.png


Главен негативец: Бен Менделсон
Пошто мора да има некој главен на лихварите што цел филм ќе го брка Игор, а кој подобаар од тоа него ли човекот што во секој филм глуми негативец?

1589241203689.png


Рандом човек припадник на малцинство (албанец) што ќе ја врши физичката работа на негативецот: Noel Gugliemi

1589241257629.png

Рандом дедо од Слепче што ќе му помогне на Игор да се скрие од негативците: Раде Шербеџија

Пошто...come on. мора да го има у филмов

1589241292975.png

Јор уелкам Холивуд
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Одвај чекам да се вратиме во нормала,и се да си функционира перфектно,утрово возам низ центар,слабо гужва,одма се стасува,никој не свири,искачаш од карпош 4 во 16Часот веќе во 16-09минути си во Пинтија,никој не претицува,никој не поминува на жолто,дефинитивно ова што ни се случува не води на добро,абе сакам да си бидам дома 17-38 да си се возикам од работа до дома 1час и 30 минути по можност,особено ги обожавам владините претставници,и нивното поминување низ скопските улици,за мене тоа е чест,задоволство луѓето кој неуморно работат за да ни овозможат храна,безбедност,ваков луксузен живот како што имаме,потоа ситните сообраќајки кој го прават градот уште позабавен и тн.
Ајде што побрзо да си ја дочекаме сликава подолу,па да живнеме малку.



10645249_10152673399119730_6111294641837939308_n.jpg
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Драга,
Вчера беше голема вечер за мене, а денес уште поголемо утро. Еве наоѓам малку време да пишам додека правам појадок за @Crazy.M.Girl дур спие уште , љубовта вчера ми кажа ДА! :ojeaa:
Вечерта бев возбуден и исплашен од исходот, ама сабајлево опуштен сум, денес се буди со прстен на рака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom