Драги Уставен суд
Правото на еднаквост е едно од основните човекови права, загарантирани со УСТАВ, во било која земја во светов.
Правото на еднаквост ми е загарантирано и со нашиот Устав, со членот 9 според кој граѓаните на Република Македонија се ЕДНАКВИ во слободите и правата, независно од полот, расата, бојата на кожа, националноста и социјалното потекло, политичко и верско уверување, имотната и ОПШТЕСТВЕНАТА ПОЛОЖБА.
Според ова, со кое право еден Османи, еден Димитров, еден Зајко и цела таа компанија функционери си носат некоја си уредба со која дотичните господа ќе имаат привилегирано право, да ги кршат уредбите и законите кои што самите ги донеле, а при тоа да се косат со УСТАВОТ кој е столб или би требало да биде столб на една држава.
Уставен суде, членот 11 од истиот тој ВАШ УСТАВ, мене ми ГАРАНТИРА дека СЕ ЗАБРАНУВА секој облик на нечовечко или понижувачко однесување и казнување.
Зарем има повеќе понижувачко и повеќе нечовечко од тоа, за функционери да не важи, а за обичната раја да важи. Зошто јас да морам да почитувам мерки, а некој си функционерче да не мора. Нели според уставов сме сите еднакви, нели требаше да биде едно општество за сите, нели законите важеа за сите.
Уставен суде, успавана лепотицо наша, знам дека се будите САМО и АКО САМО се засегнати вашите џебови и лични интереси. За се останато за кое што сте платени, а платени сте од мојот џеб и од џебот на сите граѓани, тогаш нити ве интересира, нити пак сте за нешто надлежни.
А надлежни сте да го спроведувате и почитувате УСТАВОТ на Република Македонија.
П.С. Во која држава во светов за обичниот народ важи едно, а за функционерите важи друго.
а. Во оваа земја
б. Во нашата земја
в. Во Северџанија