Драга разочарана сум.
Долги години имам симпатија од форумов. Во овие долги и тешки години сум го поддржувала во се. Лајкови на сите постови, секогаш индиректно ја покажував мојата љубов, никогаш не бев нападна да замарам или да пишувам пораки, секој негов пост за мене беше како заповед, слепо верував во се што ќе каже, да не бројам се, да кажам најсвеж пример, ете го поддржав и за паштетите и виршлите иако мразам паштета искрено. И виршли. Јадев само за тој да ми обрне внимание, да види дека има истомисленици и да се заинтересира за мене. Му понудив превоз кога велеше дека нема кола а сака да оди да се слика за на инстаграм, пари немаше да му земам, ќе го сликав со мојот мобилен со јака камера, пишав, постот го пишував пола ден, размислував за секој збор, да не го повредам некако, да не се осети помалку вреден ако му понудам превоз, ако му побарам пари за така да не се осеќа да не помисли дека сум само за корист, кога на крај го споделив постот и се тресев од помислата дека ова сигурно после толку време ќе биде нашата прва средба тој не ми стави ни лајк. И после се ова што се случи за два дена а замислете како ме третирал сите овие години јас сега читам пост од него кој почна со "возам денес накај град"... Возиш? Имаш кола? Зар сите овие години љубов од моја страна не беа доволни барем да ме почитуваш малку за да не ме правиш будала тука пред сите?
Нема веќе поддршка и лајкови.
А пораката што ми ја пиша кога ми побара предлог филм а јас три дена составував листа и ти ја анализирав личноста подобро за да знам што сакаш и што да ти понудам, и ти пратив 20 филмови што сметав дека ќе ги гледаш или пак очекував барем фала, јас будалата не само фала што не добив, те следев на леттер, ни еден филм не си изгледал, а јас пораката ја урамив над креветот. Ќе оди во корпа сега и ќе ја избришам од пораките.
Од денес ќе видиш каков е животот без мене на кајгана. Знаеш, нештото се цени само откако ќе го изгубиш. А ти мене ме изгуби засекогаш! Игнор и блок.