Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.130
Поени од реакции
10.144
Аххх кајгано, аххххх..абе што луѓе изрод станавме:facepalm:.....Уште не разболени креваме паника и викаме, сееме страв, мочаме у гаќи бе, просто кажано:toe:....а што да кажат оние душички кои веќе се болни, па и оние другите кои си дојдоа дома а ние сакаме да ги каменуваме:facepalm:

ахххххххххх..
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.346
Кајг,
да те информирам доколку сакаш да ме дружиш секој ден во подфорумот „Фитнес, бодибилдинг и рекреација“ секој ден во 18ч, во инпровизираната сала за вежбање во домашни услови за време на пандемија, влез слободен!

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Идеи за теми во следнава недела:


Коронавирусот и вонземјаните - дали мислите дека вонземјаните не' избегаваат и дали знаат за корона вирусот? Дали анално ќе не тестираат со прсти или ќе одржуваат социјално дистанцирање?

Коронавирусот и певаљките - дали смеете да им ставате пари во деколте после ова или само им ставате картица и пин?

Коронавирусот и Амди Бајрам - колку време ќе помине пред Амди Бајрам да влезе во коалиција со КОВИД-19?

Коронавирусот и 6Г - Дали коронавирусот ќе се врати за неколку години кога ќе постои 6Г, или пак 6Г ќе донесе свој сопствен вирус што ќе ги претвори луѓето во безмозочни суштества што се членови на ДОМ?

Коронавирусот, Бетмен Велит и Влатко Васиљ - Дали Коронавриусот ќе го врати и Васиљ на форумот откако го врати Бетмен?

Коронавирусот - Ако Борко Ристовски не може да фати огромна топка што се движи кон неговиот гол, какви се шансите да фати микроскопски вирус и дали тој ќе биде послендиот преживеан човек после зомби апокалипсата?

Коронавирусот и коронавирусот - како коронавирусот влијае врз корона вирусот?
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Има една тема која постојано сакам да ја избегнувам да ја коментирам по форумот бидејќи ја сметам за лично моја интима и не сакам да се наметнувам, но ова со короната и гледањето на глупостите кои се поврзуваат со неа ме извадија од такт, а тоа е верата или поточно религијата.

Верник сум, постам, се исповедам, се причестувам, одам колку можам на служби, значи сум активен верник, тоа е мое лично право и јас сум одбрал да биде така, секогаш кога ми било најтешко во животот двете нешта во кои сум ја наоѓал својата поткрепа биле токму верата и навивањето, тие се двете нешта кои ме исполнуваат најмногу духовно и ми го даваат тој духовен мир и спокој кој му е потребен на секој од нас.

Е сега зошто коментирам по ова за прв пат, причината е целата злоупотреба на верата пред се на "верниците" поточно нивната наивност која лесно се злоупотребува од оние од другата страна, добро бе со кој ментален капацитет треба да си да пишуваш амин, уништи, да споделуваш слики демек на тој начин ќе се справиш со вирусот,во кој од авион се гледа дека тие што ги споделуваат ваквите соддржини дел од нив и си играт мајтап со лековерноста на народот.

Терањето па на мајтап на "совршените атеисти" на нивна сметка ми е ептен уште потрагичен, демек они интелигентни, супериорни, луѓе на науката, а со половина од тие што ги знам и сум седел со нив, жалните не знаеле да сврзат две реченици, а не па асален муабет да направат како луѓе.

Други кои уште повеќе од такт ме вадат се свештените лица кои не се придржуват до препораките, многу лесно тој кој е дел од овој свет можеше да прочита статии , коментари за тоа колку е важно да се придржуваме кон правилата пропишани од државата, повикот за молитва на секој од својот дом во периодот од 22:00 до 22:15 , но ете некој свештеници инат ќе водат (не)свесно правејќи голема штета на религијата во погледот на секој нормален човек од страна, без разлика дали е верник, традиционалист или општо човек кој не му е до религијата на никој начин.

Совеста е многу значајна работа и секогаш треба да се придржуваш до неа, па кога одбираш било кој пат во животот треба да го следиш достојно до крај, ако си верник едуцирај се и практикуви го верскиот живот до крај како што треба да е според верските прописи а не како што ти сакаш да го тераш дека така ти рекле старите кои абер немале од верата, никогаш не се исмеви и не го потценувај оној кој е од другата страна на верските убедувања, бидејќи да тој е таков по природа бидејќи толку му е интелектот, но ти со неговото исмевање паѓаш на уште пониско ниво од него, бидејќи си таков по избор.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Синоќа си викам ај барем додека трае карантинот да ја расчистам малку собата. Па во една фиока најдов ќесе со стари слики што ги немав видено со години. Вртам така и ги најдов групните слики со одделението во основно, оние пред школото со класниот. Ми текна дека тогаш имавме обичај кога ќе ја земеш сликата сите школски да ти се потпишат на задната страна. Кога гледам потписи во стилот: „Аце Бекам“, „Јоле Савиола“ и „Ицко Дерек Фишер“. :pos: Налет и изолација и се’, ова ми дојде како инстант доза на позитивна енергија.
 

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
357
Поени од реакции
464
ДК, ноември месец имам термин во германска амбасада, план Ш ми е заминување од државава ама последниве случувања ги извадија сите јавни тајни и се кажаа јавно јасно и гласно во нашево посрано државиче и уствари гледам колку глуп народ живее тука. И после ке се прашуваат зошто си одиме од државава....не е за пари бе, не е за пари да ви го ебам мимечето глупо, не е.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Ее Кајгано, партиски ботови и комуњари шо 40 години лапаат пари од нашата напатена држава се најголеми патриоти во една твоја тема на форумот.Истите тие шо дозволија Талат да им се посере на глава, кој можеби има и 3 пасоша, сега се бунат зошто државата организирала чартери за луѓето со ЕУ пасоши.
Кога ќе ми текне некогаш да се вратам доле само ќе ја отворам темата и гарант ќе ја изгубам желбата.
Ама го разбирам гневот до некаде, после толку време сигурна плата, можеби ги очекуваат тешки денови па до некаде ми е јасна фрустрацијата, не дека ја немало од секогаш ама ајде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom