Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.441
Поени од реакции
7.725
Кризава ќе помине само кога наместо со Корона на стариве ќе почнат да им викаат седете дома надвор има промаја, и да ги лажат дека има тестови за промаја и на вести да кажуваат 'денес има 44 нови лица заразени и 2 починати од промаја'.

Ќе заборават и на пензии и на внуци и на храна, нема да мрднат од дома додека не дојде месец во кој нема Р во името.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.797
На човек малку му треба за да биде среќен, затоа и викаат среќата е во малите нешта.
Го видов овој твит(неам твитер на тајм.мк ми испадна) и дечково извадил ок слика од цутањето на праските во Росоман.
rosoman.png

Малце ја зголемив за да ја видите убаво. Супер изгледа, не е лошо.
Меѓутоа, овој период кога е пролет, најубава глетка ми е кога возам со кола по патот накај Росоман, има една мала височинка, ја искачуваш и после од високо се гледа цело поле со расцутани праски, цело поле е оваа розева боја. Сонцето и пролетта, свежиот воздух си го прават своето.
Од тука право продолжуваш надоле до Кавадарци, можеш да се напиеш едно кафе во центар, утринско и после продолжуваш или на тиквешко езеро на еден пикник или до попова кула во Демир Капија на вино и на ручек, и двете им се убави.
Од тука се враќаш назад правец на велешко езеро, кафе под ладот на јаворот на Романтик или кафе на сплавот на Бела Вода тука обавезно на бела вода бараш трилече(мене ми е топ).
Од тука одиш позади езеро на Шато сопот, терасата им е свртена на запад, така што може и тука со некое винце да се напиеш и зајдисонце да гледаш. Таман до 21.00 си дома на време пред полициски час.

јооооој коронооооо......
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Она кога одиш да играш фифа неколки партии, а остануеш 4 и пол саати и притоа пиеш 8 пива.

Кој кур ме тераше да отидам кај колегата, прво шо живее на друфата страна на градот, па измрзанв како куче 45 минути пешки одење, второ утре џел ден треба да работам сам у кујна а не знам ни како ќе станам сабајле.

А инаку идам сега у зградата и одам после некое време со лифт оти ми се моча и пази графит.

20200331_225220.jpg

Шверцери стигнале у комшии :D
Најверојатно лифтов го ишкртале оние копиљаците од Полска ама мене ми беше доволно да почнам да пеам
синооооо белитеееее денес ниеее ќе ги ебемеееее.
Срњќа шо у зградава живеат само шофери со фамилии од Полска и Романија, па викањето им е секојдневие инаку ќе наебев
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Денеска било ден на будалите......во таа насока, не е лошто да се знае што се крие позади овој поим.....секако дека ме мрзи да пишувам, затоа еве ви линк :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.169
Кајгана 2020

preview.jpg

Немаше место иначе требаше и тие со рептилските теории да бидат на сликава. Вака покрив само теории ко КоРоНаТа Не ПоСтОи и КоРоНаТа Е аМеРиЧкО мАсЛо CHINA NUMBAH WAN. Модератор не бриши ако пријават, 1ви Април е да го ебам :icon_lol:
 
Член од
25 август 2019
Мислења
265
Поени од реакции
501
Барем нешто добро у државава... Народна банка одлучи да одобри неповратни кредити од по 8777 денари за секој државјанин на Република Северна Македонија. Линк
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.790
Поени од реакции
21.336
Драа

Глеам преко прозор нели вее и пред зграду глеам едно мало детенце.Чисти ги шофершајбне на афта и од тј исти снег праи снешко.
Були були,тоа е були.

Душа мала!
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
185
Поени од реакции
840
Драга, на 1 април пред неколку години си седам во кафич, а на масата до мене седи еден пар. Дечково клекнува, вади прстен, и и вика на девојката
Ќе се омажиш ли за мене?
И она цела весела скока,вика даа
Дечково станува и и вика
Априлилилииии :pos:
Сигурно му раскинала следниот ден:pos:
Е тоа е најлошото априлилили:D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Драга,
денес се јавив на моја колешка на телефон да прашам каков е денот, а она туц, муц, ладно, снег и и и ? имала позитивен тест на корона :eek:
иииииии брзо ма ова она, дополнително ти си критична имаш лупус, ме фати паника :shok2: да вртам друг телефон, а таа почна на другава линија алоооооооо смири се мор, ништо не ми е, немам корона априли ли ли ли ! :brlav::kezec::Кезец:

...неам коментар :несвест:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom