Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Штетно било кафето,штетни биле цигарите.Е богами не се штетни колку два четврта бурек секое сабајле.
Дупло американо без шеќер и било која кисела вода у комбинација со 5-6 цигари е права ствар уместо бурек.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.323
Драга,
за заштита од Корона и останати бактерии избегнувај ракување или било каков поздрав со допир.
Строго римско поздравување.
Што не ќе измислат ова Германциве ;)
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.815
Поени од реакции
17.401
Драга,

Секоја година во училиштата има вируси, грипови. Децата после физичко и ужина на одмор немаат со што да измијат раце, арно ама на филипче и останатите мораше да им се деси Корона вирусот за да се погрижат за хигиената во училиштата и да набават материјали за дезинфекција. А кога ке пројде ке се заборави на хигиената и ке биде пак се исто...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.430
Поени од реакции
114.043
Од рубриката дно го издвојуваме следното:

Му давам на еден 45 годишен човек да пополни апликација за ажурирање податоци во систем, во банка, и во меѓувреме му помагам со пополнување. И сеа нели очекувам тие основните работи сам да си ги пополни, име, презиме, матичен бла бла, а да му помогнам за помалце познатите полиња. Арно ама братов запна кај матичниот... Ај ок му реков од лична да го види, го напиша некако, па име и презиме успеа без да гледа од лична, али дојдовме кај полето адреса. Се подзамислува човеков, хмм која да ја пишам, викам па вашата адреса на живеење, каде живеете? Ми одговори: "Во Марино".

Тоа е се што треба да знаете за нашиот народ.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
ДиКеј, пред некој саат ни беше соопштено на состанок на работа дека си имаме официјално потврден случај на Корона кај еден колега , ќе те информирам со плус некое инфо во темата кога ќе се соземам важи ? :semolam:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Јас во вторникот навечер, завршувајќи со работа, следуваат два слободни дена:
-Ќе го исчистам станот, ќе зготвам нешто за јадење, ќе отидам да пазарам, ќе перам алишта, ќе прошетам до некој околен град.

Јас во четврток попладне, изминувајќи и вториот слободен ден:
Станот не е пипнат, фрижидерот зјае празен, ќесиња од донери и лименки пива околу мене, алиштата неисперени, лежам 2 дена у кревет како партиски бот у државна фотеља.

Случајно на профилот на инста на една локална дискотека најдов една бугарка, а уште побитна работа е тоа што у сабота работам до 8 а у недела почнувам од 5 попладне.
Значи ако се оди по планот викендот ќе го поминам со Галина, ќе се одспијам до еден и конечно сум слободен да го гледам Вардар.
Мојата среќа нема крај.
 
Ф

Флеш

Гостин
Гледајќи го видеово,имаш млади Македонци кои живеат во Грција во услови каде што не може да се изјаснат официјално етникум,да го учат јазикот мајчин,под притисок од моќен пропаганден систен државен од Грција ... Имаат многу блиски роднини кои може да ги одречат заради губење работа итн .... Покрај тоа сето ,тука се на собирот и пеат во сред Грција ....

А од нашава страна,имаш млади Македонци на собири имаш фрчење Дијаманта око врата,бугарски пасоши,која партија да мастурбираат и даље .... Поентата е на видеово,овие деца живеат у земја кои се негирани,а нашиве се продај-мајка .... Боли искрено да се гледа ...

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
Драга,

Не сум имал OFF ден од минатиот вторник. Со душа го чекав денов, викав: ќе се изнаспијам, ќе спијам до 100 саат. И пак станав во 6. Ко некој вампир. И не можев да спијам. Шта речи...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom