Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.939
Мирољубивиот ислам, хм....


Кога во држава како Франција ако кажеш нешто против исламска религија треба да заборавиш на светот надвор затоа што некој идиот со усвитен мозок ти се заканува дека ќе те отепа или силува, можам да замислам до кој левел може да стигнеш во нашава вукојебина.

Тибам светот глуп, дури скокаат во одбрана на религија како млади мајмуни, никогаш нема да биде ништо од планетава!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.567
ДК,

Завчера вечер, идејќи од работа, на Рекорд во 22 се качи една женичка, така, накај 50, 60 години. Ми падна во очи веднаш зашто влезе на средна врата, без да ја куцне картата, си седна и отпосле му ја даде картата на еден чичко што застана до нејзе, да појде да ѝ ја куцне. Само што тргна автобусот, почна да се распрашува по патниците дали автобусот одел накај Волково, каде е игралиштето Бранители, кај да се симнела... И некаде на пола пат виде една спортска сала, и иако сите ѝ кажуваа да седи, дека рано е, има уште време до Волково, срипа ко попарена, исплашена дека го испуштила игралиштето Бранители. Кога цел автобус и кажа дека не е тоа игралиштето, се премести, и седна пред мене. Ја викнав и и кажав да не се грижи, на станицата кај што ќе се симнам јас да се симне и она, и ќе и покажам после каде е игралиштето.

Стигнавме до станицата, се симнавме двајцата, и ја одведов до уличката, и реков да оди нагоре по угорницата, на некои 300 метри од тука, ќе го види игралиштето, осветлено. Почна да паничи да не имало кучиња, да не ја изеделе. И викам - не, нема нагоре сигурно, да не се плаши, ја оставив на почетокот од уличката и влегов во продавница.

По 10-тина минути излегувам од продавничката, и ја гледам женичкава, на истото место кај што ја оставив, се вртка, се тртка, де нагоре, де надолу. Ајде, викам, греота е, ќе појдам, ќе ја одведам (иако игралиштето е на сосема спротивната страна од мојата куќа). И одиме нагоре. Ја прашав каде точно треба да оди, ми рече дека имало некоја куќа кај што Харе Кришна правеле некои обреди. ОК, викам, ајде, што има врска, секој си има сопствени убедувања, ќе ја одведам до горе, па ќе се вратам. По само 2 минути, пак ја почна темата за кучињата. Застана. Вика: јас ќе се вратам. Ама и викам: какво враќање, до тука сте дошле од Центар, сега ќе се враќате. Ми вика: па како ќе се симнам јас после надолу. Па викам: надолу лесно е, нагоре е потешко да се искачиме (пошто кажа дека е астматичар и не може да брза многу). Да, вика, ама ако ме нападнат кучињата? :facepalm: И велам: ама нема кучиња, еве, гледате, ни едно не сретнавме. Само што реков така, едно, врзано, во бокс,во куќа веднаш до улицата почна да лае. Женава почна: леле, леле, леле, не изеде! Ете, гледаш дека има кучиња, јас се враќам. И си тргна назад. И викам: госпоѓо, вратете се, не се плашете, во бокс е, нема кучиња скитници навака. И ајде ја убедив пак некако, тргна. И патот е навистина стрмен, особено пред крајот, баш пред игралиштето има една голема угорница. Кога ја виде угорницата, пак застана и сакаше да се врати. Леле, си помислив, што мака ме снајде со женава. И викам, ајде, ќе одмориме малце, уште 5 чекори има и таму сме. И постојавме, одмори малку, и сама тргна. Се искачивме по угорницата до игралиштето, праша едно девојче каде е Харе Кришна, и кажа дека е во жолта куќа, а видов и јас на Google Maps каде е, ја одведов до почетокот на уличката од кај што се гледаше куќата, и ја оставив. Пак прокоментира нешто дека ќе ја нападнеле кучиња, а куќата, само 2 куќи потаму, немаше ни 30 чекори. Ама веќе ме измори психички и си викам: не ја водам до вратата, па што сака нека биде.

Си тргнав назад, со ептен mixed feelings. Ми беше и смешно за целата ситуација, и се лутев на себеси што по тоа ладно време (нели и снег имаше паднато претходната вечер) јас акав во спротивна страна, место да си одам дома, на топло, демек да направам добрина, а ни едно „фала“ не добив, и плус се изнервирав зошто понекогаш сум толку глупав и наивен. Ама сепак ми беше убаво на душа. Понекогаш не треба да ти кажат „фала“ за да знаеш дека си постапил исправно и да се почувствуваш убаво.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.086
Поени од реакции
1.542
draga kajgana nekoj mi pratil poraka da ziveat buckastite devojki bratouuu
da ne znae covek dali da place ili da se smee.
Автоматски споено мислење:

draga kajgana nekoj mi pratil poraka da ziveat buckastite devojki bratouuu
da ne znae covek dali da place ili da se smee.
nadopolneto so zvonenje na telefon u 12 saat
da se ubie covek znaci i taa normala so ja imashe se izgubi.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Бевме денес до Воденица 3 во Паланка малце да се прошетаме, да се олабавиме, да подишеме чист воздух и едноставно да избегаме од Скопјено никакво и загадено. Агендата беше прво до манастирот Св. Јоаким Осоговски, така едно пола саат до 40тина минути и после во Воденица. И така и сторивме и морам да кажам дека манастирот е преубав од секој можен аспект, природа околу него, начин на кој е направен, изглед, внатрешен изглед, дух на местото, онака буквално СЕ.

Нема везе, на страна тоа, појдовме и до Воденица, убаво каснавме и тргнавме накај 5 и пол накај дома, таман додека не смрзнало се живо па да биде очајно за возење. И додека ја палев колата чекав друштвово надвор да испуши по една цигара, и сеа доаѓа моментот кога требаше во рикверц да искочам, ок се дешава тоа без проблем и глеам во меѓувреме иде кола од горе, и викам ај десно ќе се тргнам да не стојам на пат. Застанувам десно на паркингот со 4 жмигавци, нормално цел коловоз слободен и чекам сеа да помине колата и да влезе друштвово во кола. Одеднаш слушам бесно свирење на колата, чиниш некој од фамилија му утепале на шоферот па се воспали до бескрај. И ја додека свртам глава колава иде пред мене, т.е. ме одминува и одеднаш подзастанува и од совозачко подава глава едно тенџере и вика на цел глас додека возачот продолжува да свири како удрен со свирката на воланот: МАТЕР ВИ ЕБАМ СКОПЈАНИ, УМРЕТЕЕЕЕЕ!!! :facepalm: :pos: Ја прво не сфатив што е фрката со типците, а после овој извик ме погледна и ми рече што сакаш бе? :pos: Се насмеав само жими се, не знаев како да изреагирам, али да искачам и да се тепам ни на крај памет не ми дојде. После си викам у себе добро бе па и арно направив, реално што ако искочев? Ќе се тепам со пијан, будала, кретен, дегенерик и што ќе постигнам? Ништо, или ќе го претепам или ќе ме претепа, трето нема.

Некад знам за глупости да извријам максимално и да ми дојде у себе да убијам некој (не дека ќе убијам ама така иде зборот), а некад глеј у какви ситуации знам да изреагирам како најсмирениот човек на светот. У едно сум цел живот сигурен, а тоа е дека не ја сфаќам поентата на тепањето. И ден денес не ми е јасно што е целта на тие што се тепаат, рогови ли им растат? Што ако земеш и ако повредиш некој, ако го унаказиш за цел живот? Егото ли поголемо ќе стане? Курето ќе порасне? Губете се сите да ви ебам тоа сељаците неизживеани, ако имате вишок енергија ете ви милион планини во државава, земете секирите и мотиките и почнете да лупате, амеби идиотски.

И така тоа ми беше муабетот, од навидум прекрасен ден и ден полн со убави моменти можеше хорор да испадне на крајот.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Судија педер Долби нема аеродром
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Ко ќе ми кажи некој дека ако нема проблеми во животов би било досадно,нерв ме фака и добивам желба да му го сменам личниот опис!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom