Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Не ми е толку мачно што почина поранешен кошаркар, колку што ми е мачно што почина семеен човек и добар татко. Во денешниов врвен спорт, спортистите не се веќе ни пример ни модел за младите. Ретки се луѓето како Коби кои се инспирација и позитивен пример. Голема загуба е прерана смрт на ваков човек, а тоа што и ќерка му отишла го прави сето ова претешко. Нека почиваат во мир и тие, и останатите 7 патници (колку што разбрав, уште едно семејство било во хеликоптерот).

Скролање надолу по твитер денес е доволно да те фрли во депресија. Во морето од проштални пораки, нервираат замаранти со твитови од типот: а знаете ли колку луѓе умреа денес во рандом држава... Да, почитувани замаранти, многу луѓе умираат, и сечиј живот е подеднакво важен. Но постојат луѓе кои биле инспирација на милиони, луѓе за кои сме навивале или сме ги слушале или читале... смртта на таквите луѓе предизвикува чувства, кај оние кои не се лишени од емпатија. И не се никако исклучени двете работи, може да жалиш и за рандом спортист и за илјадниците жртви на нечиј режим или бомбардирање или глад... има простор за сочувство за сите, ако си човек. Само не ми кажувајте дека се будите секое утро тажни поради страдањата на луѓе за кои не сте слушнале, туку ги користите во вакви прилики на колективна тага за да покажете дека вие сте над другите. Дека сте над медиумската пропаганда, дека тоа вас не ве допира. Дека сте просветлени. Само во вакви денови жалите за илјадниците страдалници по светов. Какво лицемерие.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Кажано е се, само да надополнам дека поентата на битисувањето не е само славата, туку да оставиш legacy, нешто по кое што ќе те паметат. Коби беше еден од тие што оставија свој белег во работата и секогаш е жално кога си одат такви луѓе, без разлика дали сме ги познавале или не. Нека му е лесна земјата.
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
ДК Доста за Кобе сега малку за мене,настинат сум и сега чекам да однастинам и така.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
ДК

Одамна немам начкртано нешо по формуов...ако некој заслужи да се вратам тука и да напишам нешто, тоа е дефинитивно Коби
Уште не ми се верува, една легенда чија слика ми беше аватар тука долги години, човекот поради кој не знам колку пати неспан идев на школо, поради кој ги пречекував моите за на работа наутро, човекот поради кој една цела генерација избвикува Коби секогаш фрла нешто. Уште се сеќавам како копиљ од 8-9 години како трчам дома после прва смена да видам дали на ТВ има снимка од утакмицата ноќеска и да ги гледам Коби и Шек како млатат се пред нив.
Човечко битие какво сите ние останати можеме само да се стремиме да бидеме, покажа дека не мора секогаш да си најсилен за да си најдобар во тоа што го работиш се додека имаш желба да учиш и да се надоградуваш.
Мал милион луѓе по светов ги инспирираше да продолжат напред во склоп на тој Mamba Mentality.
Човекот успеа да собере Оскар две години откако се пензионираше, којзнае што се го чекаше понатаму и кои други височини ќе ги достигнеше да не беше животов таква кучка каква што е.

Почивај во мир Коби, остани најдобар каде и да си сега.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Трагично скроз, но мене целава фама ми има перверзност и доза на злоупотреба на трагичната смрт на една кошаркарска икона и легенда.

До вчера 90% од северџаните викаа “абе да, НБА ќе гледам у ниедно време у 3 саат сабајле”, “уште гледаш НБА бе? -хехе, немаш живот баце”.
90% до вчера мислеа дека се вика М-БА, а денес сите тие биле тотално инспирирани од Коби.

Друга ствар која што се многу злоупотребува у медиумиве - кому му е гајле што има Lil Pump' или некој таков серко да каже за Мамба бог да го прости?
Си бараат експонирање у јавност знаејќи дека веста будно се следи. Така е секаде, од северџанија до Калифорнија, само што овде не е суптилно.

Убеден сум дека креативните(?) директори на нетфликс уште денес седнале на conference meeting и кројат планови да прават документарка за него у 2020та. демек од преголем респект, а уствари си имаат комерцијални цели у позадина.

Корпорациите (па и екстремно популарните личности кои сами по себе се корпорации) и те како сакаат да не убедат дека има "хуманост" во нив преку вакви настани, и стварно е језиво што има суптилна интенција за искористување на оваков трагичен настан.

А може само и јас ја приметувам, не знам.

Сето тоа барем мене ми остава некој впечаток на перверзност и шизофреност околу настанов, која ја прави трагичната смрт уште поморбидна и језива.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Драга Кајгана,

заборајв како ми е името тука и случајно најдов член со моето име шо го користам на други форуми. На момент се збунав и манав поглед во ќошот да се потсетам дека не сум јас. :giggle:
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Вакви моменти треба да се причина за човек да се запраша дали и што воопшто може да направи во животот.
Многу луѓе си наоѓаат изговори за се' и сешто - ете едноставно такви сме луѓето воопшто по природа. Тежок е испитот - не можам да го положам или ... не можам тоа и тоа да научам, не можам да направам нешто што го сакам одамна или да успеам во одредено поле во животот (без разлика дали се работи за кариера, личен живот или било што друго макар и најбанално да е).

Од друга страна ќе видиш некоја ваква људина и истиот ќе замини од овој свет на безвреме, оставајќи пример дека МОЖИ ако сакаш само треба да знаеш по која цена.
Тој, ете можеби уште некои ретки спортисти како него (кога веќе зборуваме за спорт), дишеле кошарка 24/7, постигнале работи во кариерата и спортот и воопшто во животот бидејќи никогаш и по никоја цена не се откажале - туку кога сите се откажуваа тие одеа понатаму и повеќе.

Тоа е разликата од мајндсетот дали нешто можеме или не, прашањето е едноставно дали доволно го сакаме нештото и дали сме спремни да се откажиме/жртвуваме се' останато за да стигнеме до таа наша цел.

Одличен пример како треба да функцинираме во принцип сите. Вечна му слава.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Секоја смрт а трагична. Тоа шо некој бил познат по нешто не го праве по битен. Ја незнам зашо сите правете филмови као ви е жал. Жал ви е уствари шо само нема да гледате еден забавен и интересен лик за вас. Ве заболе вас у суштина за ликот и за сите остали ликови кои секојдневно ги гледате како умираат околу вас, а се правете дека не ги ни приметувате...
Дир Кеј. На мене ми е жал кога ке прочитам дека некој кај нас умрел оти не собрале доволно пари за операција у странство (а баш таквите кои со мал прст можат да помогнат ич ножен палец не ги чеша).
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Еве поминаа повеќе од 24 часа откога разбрав за смртта на Коби и уште се чувствувам ко лајно. Пробав да најдам одговор на прашањето, зошто толку ме погоди неговата смрт?
Не ми беше сфатливо, како тоа смртта на некој лик кој не ми е ниту роднина, ниту вистински другар, толку може да ме натажи и оптерети, што на секоја една минута се присетувам и си го поставувам ебеното прашање зошто?
Тргнав од некоја теза, дека можеби несвесно сме го доживувале како бог во својот спорт во буквална смисла, како нешто надвременско, авангардно кое ја издигна кошарката на еден повисок левел, па така за миг сме заборавиле дека истиот не е бесмртен. И сега ова со крајот на една физичка егзистенција ни се удира од глава како нешто нереално, нешто кое одбиваме да го прифатиме.
Потоа размислував дека тоа е можеби така затоа што истиот беше идол на нашата генерација, нешто како што беше Џордан во 90-ти за една друга постара генерација. Чак како мал паметам кога фрлавме на еден кош направен од обрач (тркалезното рѓосано железо од едно буре) заковано на дрвена табла, со едно другарче дојдовме речиси до тепачка бидејќи јас сакав да бидам Коби, но и тој сакаше па така одбиваше да биде Шекил, исто како што во фудбал сакав да бидам Дел Пиеро, a тој требаше да биде Инзаги. И сфатив дека можеби емотивната поврзаност со Лејкерс, со сите тие тепачки со Реџи Милер, надигрувања со Ајверсон, финалињата со Бостон е нешто што додава на мојата потресеност за Коби.
Потоа за првпат ми текна да го отворам неговиот инстаграм профил. На последната објава гледам честитката и прегратката со Леброн, потоа некои инспиративни фрази, и останатите слики речиси сите со фамилијата, или нешто од кошаркарските терени. Која скромност и приземност си реков човече. На толку милиони заработка, немаш слики со јахти, ресторани, спрдачење со пијачки, коли, ферариња, туку максимално приземен живот исполнет со љубов, фамилија, другарство. Која големина од човек.
Потоа размислував за неговата харизма, неговата истрајност, начинот на кој се носеше со повредите, филозофија да влијае на тимот, да преземе одговорност во клучни моменти, способноста да мотивира, начинот на кој го правеше сето тоа, дури ми текна и на задирањето со Лука Дончиќ пред извесен период непосредно од публика....
И не најдов одговор.
Успат скролам и гледам некои видеа, фино монтирани моменти кои се обидуваат да ја дефинираат суштина и значење на неговото постоење. И сите по нецела минута, буквално сите ги исклучував. Инстантно во грлово додека гледав ми се раѓаше грутка и ми идеа солзи, а 28 годишно магаре малку незгодно е да плачи пред домашните, додека истите седат и гледаат во телевизорот.
Знам само дека ќе не' навалат секојдневните обврски и проблеми, 'ќе продолжиме со животот и оваа размисла за една неправедна прерана смрт ќе го изгуби својот интензитет, но исто така знам дека во некое идно време кога некогаш ќе им раскажувам на моите внуци за тоа кој беше Коби Брајант пак ќе ги стегам солзите, само овојпат како старо, збрчкано магаре. Се надевам дека нема да имам Алцхајмер.

Почивај во миг легендо...
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
„When life gives you lemons, overuse them to make a lot of lemonade, drink half of it, throw the other half and vomit the half you've drunk" ми е генералното мото периодов.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.898
Кајги...
Чудно како најдобрите лекции во животот не ги учиме од книгите туку од проблемите со кои се соочуваме.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
веќе не се чудам на начинот на размислување на тие околу мене, тоа е голем напредок. Не ми одеше во глава како можат да имаат различни ставови и мислења за едноставни ситуации. Починала легенда на спортот, многу нормално да имаш чувство на растревоженост, узор на илјадници (какви што има се помалку) и пак нормално спротивставени коментари. Народот уствари има метафизички склоп и секоја тема ја разгледува на ново, за мене многу длабоко ниво...
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Коби,Шумахер,Дражен,Тоше се само едени од многуте примери дека колку и да си богат или слевен или си сиромашен и небитен на крај нема бегање од судбината.Тешко сварливо ама вистинито!:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom