Секое ново утро, секоја нова зора, општествово ми се гледа се помизерно и помизерно, размислувањата на луѓето се премногу расипани, ставовите на луѓето и нивната свест го прават животот тука толку мизерен и затоа секој има потреба да бега надвор, од што му се гади какви се луѓе се земени за стандард, му се гади помислата на општеството во кое треба да се прилагодиш и да се вклопиш ако треба да опстојуваш, за да не си секако типот “остај го тој, втф е“. Нема врска ни развиеност, ниту плати, ниту плажи и знаменитости за шетање, устата погана е таа што го тера просечното Македонче да бега.
Го слушам еден како хејта луѓе Македонци што живееле во Чаир и биле блиски со Албанци, со муабетот “им го пуши на ш..“. А јас знам дека тој ко мал живеел во Чаир, пред неговите да се преселат. И сега пази, тој хејта луѓе што останале да живеат таму и не избегале како п.. туку се прилагодиле на животот и наливот на косовари после војната, а он што се преселил и избегал никому ништо, па со кој образ човече. Дали можеби треба да се иселуваме масовно секаде каде што тие се населвуаат, или можеби треба секој ден после излагање од зграда да попиеме некој бокс и рекет ако не се прилагодиме на животот таму. Ама секако, тие муабети не го засегаат него, од комфорна зона далеку од сите срања може да си хејтаме, не ставајќи се во кожа на другиот, само колку да се започне интересна тема за муабет, а македонче ако не се напали на хејт муабет нема на што друго, сигурно не го интересира дали астероид ќе ја погоди земјата во наредните неколку дена.
Нема врска, поединец е да речеме, океј. Сакам јас да отворам time.mk да прочитам нешто, да видам се напишало ли за некоја сообраќајка што се објавил статус на фб, дали се живи луѓето, слика да видиш од кола да не е некој близок што знам дека во близина на сообраќајката живее. Ама не, прва вест мора да е како нашиот премиер возел точак од Долно Дупени до Свирипичино со коментари на објавата ПАЗИ “навистина браво за нашиот премиер, кој само со една кола придружба патуваше“ абе кој ви е курот бе луѓе, зарем толку сте мизерни, абе ало не ме интересира дали ве вработил дали ви дал капче или само ве шетал по митинзи со бесплатниот превоз, ама дајте бе луѓе свест малку, ќе открие некој лек за болест утре 5 луѓе ќе ја испратат веста, ама битно мора да има илјадници честитки за тоа што возел до Дупени со една кола само придружба и си платил патарина како нормален човек (да и ова беше пишано “браво си плати патарина како нормален човек“). Од веста што ја барав ни трага ни глас, ама видов како 80 портали објавиле за тоа како со една кола придружба возел моторот, никој не сака да биде различен, нема портал да каже “дај бе кој кур е со овие, не сакам кликови да билдам на драпешки објави“, никој нема да прескокне...
Следниот ден исто, нашиот премиер патувал во лет со економската класа, а не со приватен авион и полудува клиторисот на македончето “бравоооооо никој друг премиер во историјата не летал вака, се гледа дека правите многу за народот“... Се пребацуваш на фб, гледаш како некој поранешен член во една од двете партии му проработела свеста, и ја кажува вистината дека се е фарса и дека на крајот пак народот како колектив страда, а и црвените и сините ќе се со полни џебови и ќе наздравуваат на маса заедно, ама тука оп секако има коментари “доста се обидуваш да ги двоиш гласовите на нашата партија, свесен ли си дека со ова тие ќе победат блабла“. Осуда ако си поразличен, осуда ако не си, осуда ако не се мешаш од типот “државата се распаѓа а тебе не ти е гајле“, осуда ако се мешаш. Сите муабети се еден тотален булшит бидејќи во меѓувреме дур си кажуваме кој е во право, а кој не е и колку патарини платил премиерот, нашиот брод си тоне, народот е пак несреќен и сиромашен. Гасиш лаптоп излагаш само еден ден надвор и доволно ти е да сфатиш што е реалноста и дека реалноста не е ништо од тоа што има на портали или вести... На црвено пак летаат коли, кучиња мртви отруени повторно лежат на раб на тротоари, пак слушаш луѓе кои прават планови како да заработат за нешто (значи толку сме мизерни што работиме за сите пари да ги дадеме одеднаш за нешто ко одмор и после повторно да немаме, немаме време ни за заштеда ни за пари на страна за формирање семејство, се живее од денес за утре), гледаш луѓе што се договарат да се соберат ефтино вино на клупи или ракија во кафана да пијат бегајќи од сите проблеми бар на миг, навидум само очи, а толкава безнадежност зад нив, навидум само солзи а толку пропаднати планови, желби и соништа позади нив. Сите мали канти искршени или исечени на дното, ѓубрето се расфрла во тревата, пријавуваш но не сакаат да чујат да стават нови или да ги заварат, ставаш ќеси, ќесите не ги чисти никој. И еве сакам јас да бидам промена, која промена јас треба сега да бидам во светот?? Само да не се лажеме дека никој не се обидел, се обиделе многу да променат ама сите идеи за позитивна промена биле осудени/игнорирани. Е секаде во светот го има Македончето да, и воопшто да не те ценат таму, пак се чувстуваш повеќе ценет од тука, и не е тешко да се одговори зошто.